Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЗабаваТеа Таировиќ била ограбена од најблискиот соработник- му била кума на свадбата Пејачката Теа Таировиќ наводно била ограбена од нејзиниот кум Александар, кој работел како кореограф во нејзината компанија и бил задолжен за плаќање на танчерите.Аца наводно ја „зафркнал“ пејачката барајќи од неа одредена сума пари за да ги плати танчерите, но тој им дал многу помалку, а остатокот од парите го ставил во свои џебови, објави Телеграф. - Теа Таировиќ слепо му верувала на Аца. Таа многу го сакала и ова откритие ѝ било навистина тешко. Таа му била кума на неговата свадба. Еј кума! Тогаш разбирате колку го сакала и почитувала. Тој, откако почнал да работи со неа, ја краде од првиот момент, односно со години. Тогаш танчерите чинеле помалку отколку денес, па не сакам сега да ја кажам точната сума, но ангажманот на танчер по видео тогаш бил околу 150 евра, а Аца им дал на танчерите 50, можеби 60 евра. - Ако земеме предвид колку танчери се појавуваат со Теа на сцената или во видеото, веќе можеме да видиме колку пари украл. Замислете како е сега кога танчерите наплаќаат од 300 до 500 евра. Аца им платил по 100, 150 евра на секој, а остатокот го украл. Верувајќи во својот соработник и кум, Теа Таировиќ воопшто не обрнувала внимание на плаќањата, до неодамна - вели извор за Курир кој е добро запознаен со ситуацијата и продолжува: - Знаете дека таа подготвува албум, а во меѓувреме прави и концерти. Постојано е со танчерите и е во бизнис. Во еден момент слушнала дека кружат приказни дека малку им плаќала на танчерите. Ова целосно ја збунило бидејќи е свесна дека можеби им дала на танчерите повеќе пари од нејзините колеги, токму затоа што знае колку е тешка работата, а слушнала и приказна дека не им плаќала доволно. Во разговор со еден од танчерите, таа дознала какви суми добиваат и била шокирана. Замислете си ако таа, која толку внимава на секој настап, концерт и песна што ја прави, доживее таков срам и се зборува за неа на овој начин, а тоа да не е нејзина вина. Кога се освести, го повика и му кажа дека соработката е прекината во тој момент и дека нема шанси нејзината одлука некогаш да се промени.Тагови: Теа Таировиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook