ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ
ЕвропаКрвав напад во Германија: Сириец брутално претепал маж, кој носел значка со израелско знамеСириец претепал човек толку брутално што морал да биде хоспитализиран затоа што носел значка со израелско знаме.Јавното обвинителство отвори истрага и, според Билд, го третира случајот како обид за убиство. Како што дознава Билд, Сириецот стоел до жртвата на семафор во Хекберг, Баварија, во понеделник вечерта кога забележал значка со израелско знаме на облеката на Германец. Прво вербално го нападнал поради тоа, а потоа одеднаш го удрил во лицето. Човекот се обидел да избега, но напаѓачот го стигнал и го соборил на земја. Жртвата има скршен пршлен Сириецот наводно ја удрил и клоцал жртвата неколку пати во главата и горниот дел од телото. Според сведоците, тој застанал дури кога интервенирала полицијата. Според Билд, повредениот човек претрпел скршен пршлен и е на интензивна нега. View this post on Instagram A post shared by Deutsch-Israelische Gesellschaft Würzburg (@digwuerzburg) Германско-израелското друштво (ДИГ) Вирцбург во соопштението наведува дека тешко повредениот човек бил еден од неговите членови. Друштвото изрази целосна солидарност со него. Напаѓачот е уапсен. „Потребно е јасно спротивставување на антисемитизмот - на улиците, во политиката и насекаде каде што антиционизмот се претставува како легитимна форма на протест“, соопшти DIG во објава на Инстаграм. Собир против антисемитското насилство и во поддршка на жртвата е закажан за петок во 17 часот на Долниот пазарен плоштад во Вирцбург, Германија.Тагови: Германија Сириец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Битола: Чествување за војводата Александар ТурунџевБитола одбележа 121 година од погубувањето на Александар Турунџев македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.Во име на Општина Битола пред споменикот кај „Ат Пазар“ и на неговиот гроб во Светонеделските гробишта положи цвеќе и се поклони советникот Александар Јаневски. Се поклонија и оддадоа почит и граѓани, здруженија како и членови на коњаницата Костурска чета Битола. Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија. Ланската година со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под „Ат Пазар“ во Битола. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат со неодговорното политикантство и со критики кон проекти од стратешко значење за иднината на државата.Развојот на индустријата поврзана со дата центри е светски тренд и значаен дел од дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста. Наместо да го поддржи развојот и заштитата на дигиталната инфраструктура и развојот на индустријата која е иднината, Филипче и СДС повторно се поставуваат против интересите на граѓаните и државата. Македонија веќе има секундарен дата центар во Прилеп, кој има важна улога во обезбедувањето резервна инфраструктура и податоци. Тоа значи дека сега секоја институција сама наоѓа начин како да ги чува податоците и во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, тие се чуваат во секундарниот дата центар. Но, на државата ѝ е потребен и основен, примарен национален дата центар, преку кој ќе се обезбеди сигурно и централизирано чување на податоците на сите државни институции. Во делот на Реформската агенда со Европската Унија, Македонија има проект за изградба на националниот дата центар и за неговата реализација се предвидени европска финансиска и техничка поддршка, а обврска на државата е да го изгради овој основен дата центар, што ќе значи современа примарна инфраструктура за безбедно чување на податоците. Ова значи поголема заштита на податоците на граѓаните и институциите, поголема отпорност на сајбер-напади и посигурни државни системи. Токму заради ова СДС и Венко Филипче, како поранешен министер за здравство, треба да бидат првите кои ги поддржуваат ваквите проекти кои ја зголемуваат сајбер безбедноста, ги штитат податоците, а воедно значат и развој на една индустрија која чекори кон иднината. Така, сите паметиме, како за време власт на СДС, системот на Фондот за здравствено осигурување беше цел на сериозен сајбер-напад, по што граѓаните се соочија со проблеми при остварувањето на своите права, исплатата на породилно, рефундацијата на средства за лекови и други услуги. Денес, наместо да извлечат поука од сопствените пропусти, СДС и Филипче се противат на изградба на инфраструктура која треба да спречи вакви ситуации во иднина и ќе донесе развој на државата. Јасно е дека СДС продолжува да се спротивставува на проекти што носат европски стандарди, дигитализација, инвестиции и поголема безбедност за граѓаните. Македонија мора да оди напред, а примарен национален дата центар е инвестиција во дигиталната иднина, сајбер-безбедноста и заштитата на податоците на граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИсчезнати 15 планинари во поројни поплави во Гранд Кањон во САДОколу 15 планинари се водат како исчезнати по силните поројни поплави што во саботата погодија делови од Гранд Кањон во САД. Спасувачките екипи досега со хеликоптери евакуирале 62 лица, а според достапните информации нема повредени.Американската служба за национални паркови првично соопшти дека се трага по повеќе од 20 луѓе, но подоцна бројот на исчезнати беше намален на околу 15. Поројните води предизвикале голема материјална штета во делови од Кањонот, однеле мостови и принудиле властите да затворат повеќе пешачки патеки. Една од евакуираните планинарки изјави дека времето било убаво пред луѓето одеднаш да почнат да врескаат и да бегаат од надојдената вода. Планинарите биле упатени на повисоки и побезбедни места, каде што со часови чекале да бидат евакуирани со хеликоптери.Тагови: Гранд Кањон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter