Кривопаланечките пингпонгари по седум години повторно во првата лига - Канал 5

Кривопаланечките пингпонгари по седум години повторно во првата лига

 По победата над екипата на пингпонгарски клуб „Студент” од Скопје, кривопаланечките пингпонгари обезбедија учество во Првата македонска пинг-понг лига за следната натпреварувачка сезона.

Кривопаланечките пингпонгари по седум години повторно во првата лига

– Екипата на пингпонгарскиот клуб „Крива Паланка 2007" оваа сезона 2018/19, се активираше по пауза од седум години, каде во источниот регион завршивме на првата позиција.Во бараж мечот против ППК „Студент" со четири наспрема два остваривме значајна победа и успеавме да оствариме пласман во првата пинг-понг лига за следната сезона, информира Мартин Стаменковски, претседател на клубот и активен играч во тимот.

Сезонава, 2018/19, за ППК “Крива Паланка 2007” настапуваа: Мартин Стаменковски, играч и тренер на тимот, Андреја Станојковски, Мики Петровски, Симе Стефановски, Игор Јовановски, Игор Костадиновски.

– Клубот го формирав заедно со група ентузијасти во 2007 година.Кристијан Станојковски, повеќекратен државен првак е дете на нашиот клуб,а нашиот клуб има дадено повеќе репрезентативци: Мики Петровски, Филип Костадиновски, Стефан Младеновски. Како стручен кадар тренери и селектори на репрезентацијата од нашиот клуб потекнуват, Јованче Станојковски и Мартин Стаменковски. По големиот успех во сезоната 2010/11, кога станавме шампиони во супер лигата, веќе следната сезона поради финансиски проблеми престанавме со активно учество во лигата, за да сезоната која измина се активираме повторно преку учество во втората лига, а веќе се пласиравме и во првата лига, информира Стаменковски.

За претстојната сезона од клубот најавија и неколку засилувања, како и почеток на младинска школа, која, како што истакнаа, не отпочнала досега поради немање просторни услови, сала за тренинг на располагање.

Стаменковски им се заблагодари се на сите чинители, помагачи и активни учесници во остварувањето на овој успех.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ставен е под контрола пожарот во близина на Барселона- уапсен е пироманот

Шумски пожар во местото Тијана, во близина на Барселона, е ставен под контрола, а полицијата уапси маж за кој се сомнева дека е вмешан во неговото предизвикување, објавија денеска шпанските власти.

Ставен е под контрола пожарот во близина на Барселона- уапсен е пироманот

Регионалната служба за цивилна заштита го укина полицискиот час за жителите на Тијана, Сант Фост де Кампсентељес, Марторелс и Санта Марија де Марторелс, кој беше воведен во текот на денот поради пожарот, но препорача граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата на надлежните служби, објави RTVE.

Пожарникарите соопштија дека околу 30 копнени екипи и еден авион сè уште се вклучени во гаснењето на пожарот, додека постепено намалување на бројот на вклучени сили се очекува во текот на вечерта.

Каталонската полиција (Mosos d'Esquadra) уапси маж за наводна вмешаност во предизвикување шумски пожар во Тијана, кој се проширил во околните градови и загрозил околу 16.000 луѓе.

Пожарот избувнал околу 10:45 часот наутро во областа на депонија помеѓу Тијана и Монгат, и се проширил на околу 38 хектари земјиште. Чадот беше видлив од Барселона.

Не се пријавени повредени за време на интервенцијата и не е предизвикана никаква штета на станбени згради, соопшти противпожарната служба.

Регионалниот пат Б-500 помеѓу Бадалона и Молет дел Валес исто така беше привремено затворен поради пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Зелено'ртските Острови се сензацијата на Светското првенство!

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Островјаните испишаа историја за својата земја и фудбал, и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот откако голманот Возиња и неговиот тим ремизираа со Саудиска Арабија (0:0). Овој резултат го воодушеви и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ, кој се најде во улога на стручен консултант на ова првенство, го коментираше овој резултат од своја перспектива.

- Мал остров, големи соништа. Тоа се случува кога сонувате големи соништа. Но, морам да му оддам признание на Тиери, бидејќи тој го кажа тоа уште пред почетокот на турнирот. Внимавајте на Зелено'ртските Острови. Дали ова е турнир за африкански репрезентации? Сè уште не сме дознале. - рече Ибрахимовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Венко Филипче повторно покажа дека кога треба да избере помеѓу македонската или антимакедонската политика, тој секогаш ја избира антимакедонската.

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Филипче не најде за потребно да упати ниту најмала критика кон официјална Софија, иако Бугарија направи дипломатски преседан со објавување документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство.

За човек кој секојдневно зборува за европски вредности, денес нема ниту збор за прекршувањето на основните дипломатски правила. Кога треба да се критикуваат бугарските власти, Филипче исчезнува од јавноста.

Тоа е истиот Филипче кој никогаш не реагира кога од страна на Бугарија се негираат македонскиот идентитет, јазик и историја. Истиот Филипче кој секогаш наоѓа оправдување за бугарските позиции, но никогаш аргумент во одбрана на македонските интереси.

Со ваквото однесување Филипче испраќа порака дека е подготвен да премолчи се што доаѓа од Софија, па дури и да имплементира нивни срамни барања, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер