ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат
МакедонијаКривични пријави за 43 лица поврзани со измами со „брзи кредити“, меѓу нив и вработен во ФЗОМ Фалсификувале потписи и лични карти и со нив земале брзи кредити на туѓо име. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против вкупно 43 лица за измама со брзи кредити, преку компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци. Меѓу осомничените е и службено лице од Фондот за здравствено осигурување(ФЗОМ). За него и за уште три лица е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа, Злоупотреба на лични податоци и Компјутерска измама, додека останатите се опфатени во постапката со поединечни дејствија на помагање и соизвршителство во секој од случаите поединечно. Дел од осомничените лажирале податоци за вработување на невработени лица, прикажувајќи ги како вработени и кредитоспособни, па врз основа на тие податоци од кредитните друштва извлекувале пари кои потоа биле ненаплатливи. Во тоа им помагал и осомничениот во ФЗОМ. Преку лажни податоци, осомничените во ист ден подигале и по неколку кредити од различни друштва, со што незаконски се стекнале со околу 50 илјади евра. -Дел од осомничените спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на граѓаните користеле туѓи лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства,- ЈОРМ. Јавниот обвинителство бара мерка притвор за тројца од осомничените опфатени со истрагата, додека еден веќе се наоѓа во притвор за друго кривично дело. Тагови: Основното јавно обвинителство Скопје ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваатСудството повторно покажа дека служи како штит за политичките моќници од СДС и ДУИ.Судиите на Венко Филипче и Али Ахмети повторно одработија за спас и одбрана на нивните наредбодавци. Само после неколку месеци откако обвинителот Ислам Абази го затвори случајот за набавката на модуларните болници со што Филипче го спаси од одговорност, сега и судијата Африм Фидани ги ослободи поранешните директори на тетовска болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, за трагедијата во која животот го загубија 14 наши сограѓани. Ова отвора сериозни прашања за функционирањето на правосудниот систем и за еднаквоста пред законите, штета има, жртви има, а виновни нема. Како е можно за пожар во кој загинаа 14 луѓе виновен да биде кабелот и да нема соодветна кривична одговорност за најодговорните лица од тој период, како што се тогашните директори на болницата и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче? Како е можно да не се испита одговорноста на сите надлежни лица во синџирот на одлучување и управување, Филипче како најодговорен воопшто да не биде повикан на разговор, а од друга страна да се ослободуваат и Бесими и Етеми. Дали во Македонија правдата зависи од партиската блискост и политичките врски, а блиските до Филипче и Ахмети имаат привилегија да бидат над законот? За 14-те загубени животи правда и одговорност мора да има, Македонија не смее да биде држава во која политичките врски се посилни од правдата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИлијана Јотова победи на претседателските избори во БугаријаСпоред излезните анкети Илијана Јотова ќе биде прва жена на претседателската функција во Бугарија, по вчерашниот втор круг на изборите. Илијана Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Валчев победија на претседателските избори во Бугарија со 57,58 отсто од гласовите. Според обработени 99,95 проценти од записниците, за Јотова и Валчев гласале повеќе од 1 милиони избирачи. По објавувањето на резултатите, Јотова им се заблагодари на граѓаните за поддршката. Таа порача дека ќе се залага за соработка и изнаоѓање решенија.јотова оцени дека нејзината кампања била позитивна и без говор на омраза. Валчев најави посебно внимание за младите и нивната иднина. Тој рече дека ќе работи на создавање услови младите да останат во Бугарија, а раселените да се вратат. Премиерот Румен Радев им ја честиташе победата и порача дека граѓаните гласале за мир и стабилност.Тагови: Илијана Јотова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18
МакедонијаМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од ВладатаНа вториот круг од вонредните избори за градоначалник во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанче Радичевски. Во штабот на дуи во Брвеница синоќа се славеше. Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбујк напиша: „Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови. Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа. Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18