МакедонијаКривична за стружанец, узурпирал дел од Охридското ЕзероСВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (51) од Струга поради постоење основи на соменение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.Како што информира МВР, во текот на 2024 и 2025 година во Струга, пријавениот, во својство на инвеститор, на државно земјиште прогласено за „Заштитено подрачје - Споменик на природата Охридско Езеро“ узурпирал дел од Охридското Езеро со цел да го заземе во владение, при што изградил потпорен ѕид од тврд материјал и без соодветно одобрение од надлежен орган. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоОблачно со повремени врнежи од дожд и температура до 12 степениСпоред УХМР времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 27. ноември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 27. ноември 2026 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Ристо Никовски и Александар Трајановски во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ристо Никовски и Александар ТрајановскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39