Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
МакедонијаКривична за екс министерот Спасовски за станицата за технички преглед од Сарај, каде бил регистриран и автобусот од несреќата во БугаријаМВР поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за Злоупотреба на службена положба и овластување.Го сомничат дека во 2021 година три пол месеци во фиока го чувал решението за затворање на станицата за технички преглед Виа комерц“ во Сарај, иако според законот, требало да го потпише во рок од 15 дена, откако претходно стручна комисија утврдила низа нерегуларности во работата на станицата, во која во октомври 2021 на контрола поминал и автобусот на „Беса транс“ кој на 23 ноември учествуваше во трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 45 луѓе. Дури три дена по оваа несреќа, Спасовски го потпишал решението. -О.С. делото го сторил на начин што во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластување за технички преглед врз основа на предлог, доставен од надлежна организациска единица за граѓански работи. Истиот, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, не ја извршил својата службена должност согласно чл.65 ст.3 од Законот за возила и чл.5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила и за категории на возила за кои се издава овластување за технички преглед на возила, велат од МВР. Спасовски во целост ги отфрла наводите во пријавата но без да навлезе во детали за случајот. -Во целост ги отфрлам наводите во тн.пријава. Не ме изненадуваат методите, ништо ново, мвро-вмро се враќа на сцена, секогаш кога треба да се дефокусира јавноста од реалните скандали на власта. ВМРО-ДПМНЕ бега и сака да го отргне вниманието од важните теми, трагедијата во Кочани, мигрантите, криминалите и лошата економска состојба. Така да се е јасно, ова е класичен обид за политички прогон, за дефокусирање на темата од мигрантите и скандалите на власта. Само имам лична дилема, дали повеќе им сметаат моите резултати кога бев министер, или пак проблем е мојата посветеност во борбата за вистината како опозиционер, изјави Спасовски. Инаку, за овој случај уште тогаш ОЈО ГОК отвори предистрага, а одговорност од него барташе и Антикорупциската комисија.. Тој на прес-конференција на 9 мај, 2022 година, прашан зошто чекал три и пол месеци да го потпише решението за затворање на станицата не одговори не одговори конкретно, туку утврдувањето на одговорноста го остави на институциите и обвинителството. -Мојот одговор е дека моментално има истрага што се води и ќе ги даде резултатите, изјави тогаш Спасовски. Сега, од ОЈО ГОКК велат дека тогаш бил отворен предмет по допрен глас заради истражување на околностите според кои непостапувањето на министерот перидонело за несреќата со Беса Транс. Но, по спроведена предистражна постапка предметот бил затворен уште пред година и пол бидејќи немало елементи за кривично дело што се гони по службена должност.Тагови: мвр Спасовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинцииПет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите деновиНов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделникОткако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5. Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter