Кривична против тројца полицајци од ПС Кочани за пожарот во дискотеката Пулс - Канал 5

Кривична против тројца полицајци од ПС Кочани за пожарот во дискотеката Пулс

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Кривична против тројца полицајци од ПС Кочани за пожарот во дискотеката Пулс

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против К.Б., Г.Л. и А.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот К.Б., во време на извршување на кривичното дело на работно место помлад инспектор-водич на безбедносен реон во Полициската станица Кочани на 07.10.2023 и второпријавениот Г.Л., во време на извршување на кривичното дело на работно место инспектор за прифат-сменоводител во Полициската станица Кочани на 25.11.2023, по спроведена акциска контрола во кабаре „Пулс“ Кочани за констатиран прекршок по член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, изготвиле записник за сторен прекршок и прекршочен платен налог на неактивно правно лице ДПТУ Класик ДМ ДОО Кочани и на одговорно лице Д.Ј., иако знаеле дека на 15.02.2023 во Централниот регистар правното лице е регистрирано како Друштво за производство, трговија, услуги и угостителство ДПТУУ ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани, подружница кабаре „Пулс“ со одговорно лице М.С., со што овозможиле имотна корист за правното лице ДПТУУ ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани и одговорното лице Митко Стојанов.

Третопријавениот А.Т., во време на извршување на кривичното дело на работно место командир на Полициската станица Кочани, во два наврати на 01.02.2024 и на 07.02.2024 одобрил и потпишал барање за поведување прекршочна постапка за констатиран прекршок по член 21 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против неактивен правен субјект ДПТУ Класик ДМ ДООЕЛ Кочани и одговорно лице Д.Ј. и ги доставил до Основен суд Кочани – Одделение за прекршоци, претходно констатирани од првопријавениот на 07.10.2023 и од второпријавениот на 25.11.2023, иако знаел дека на 15.02.2023 во Централниот регистар правното лице е регистрирано како Друштво за производство, трговија, услуги и угостителство ДПТУУ ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани - подружница кабаре „Пулс“ со одговорно лице М.С., соопштуваат од МВР.

Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Јавниот превоз во Скопје утре ќе сообраќа по неделен возен ред поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“ - Денот на сесловенските просветители.

Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред

ЈСП Скопје соопшти дека за време на викендот, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.

Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.с

УКИМ е потсетник на долга историја на генерации професори и студенти

УКИМ е потсетник на долга историја на генерации професори и студенти, да работиме да се вброи на листата на најдобрите.

УКИМ е потсетник на долга историја на генерации професори и студенти

Овој ден не е само одбележување на една бројка или на патронат. Тој е потсетник на една долга и вредна историја, на генерации професори, студенти и научници кои го трасираа патот на знаењето, напредокот и општествениот развој во нашата држава и пошироко. Од само неколку факултети во 1949 година, денес УКИМ брои 23 факултети, пет научни институти, бројни центри и над 200.000 дипломирани студенти, илјадници магистри и доктори на науки. Да работиме оваа висока установа да се вброи на листата на најдобрите, беше потенцирано денеска на одбележување на 76 години од постоење и патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска потенцираше дека успесите на студентите на меѓународен план се потврда дека УКИМ гради млади луѓе кои се подготвени за предизвиците на новото време. Како што рече, целта е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и натаму да јакне и да се вброи на листата од 1.000 најдобри светски универзитети.

-Горди сме на сите ваши постигнувања, а ваши успеси на меѓународен план се потврда дека УКИМ гради млади луѓе кои се подготвени за предизвиците на новото време. Целта на сите нас е овој Универзитет и натаму да се јакне и да се вброи на листата на илјада најдобри светски универзитети. Тоа им го должиме на патроните на Универзитетот и основоположниците на словенската писменост, како и на сите нивни ученици Климент и Наум кои во 9-тиот век ја основаа Охридската книжевна школа, првиот словенски и најстариот европски Универзитет, рече Јаневска во своетото обраќање на настанот.

Како што посочи министерката, на Владата и Министерството за образование и наука, висок приоритет им е подобрување на квалитетот на високото образование. Затоа, напомена, минатата година формирале Национално координативно тело за реформи во високото образование и научно-истражувачката дејност, кое веќе работи на подготовка на нов Закон за високо образование.

Таа информираше дека оваа година буџетот за образование е најголем досега, при што нагласи дека за наука се издвоени 680 милиони денари што е речиси двојно повеќе од минатогодишните 380 милиони денари и веќе се објавени три повици за распределба на средства за реализација на иновативни научно – истражувачки проекти.

Ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова во своето обраќање по повод обележување на патрониот празник, потенцираше дека во текот на овие 76 години, УКИМ израсна во најголема, најстара и највлијателна високообразовна и научна институција во земјава.

Зборувајќи за Светите Кирил и Методиј, Ангелова истакна дека нивната мисија претставува темел на европската културна историја, но и директна инспирација за мисијата на УКИМ.

Таа ги истакна новитетите на УКИМ кои, како што рече, се во согласност со нивната визија за отворен, инклузивен, флексибилен и европски ориентиран Универзитет, кој не го заборава својот идентитет, но смело гледа кон иднината.

-Го зајакнавме системот за обезбедување квалитет, со воведување на стандардизирани процедури и алатки за вреднување на наставата и истражувањата, отворивме Центар за отворена наука, кој им овозможува на нашите истражувачи подобар пристап до податоци, литература и меѓународна соработка , многу поинтенизвно се вклучивме во европската програма Horiznot Europe, преку која добивме и управуваме со проекти со значајно финансирање, започнавме дигитална трансформација на процесите - од упис на студенти, преку административно управување, до онлајн платформа за учење и во партнерство со Алијансата ACROSS EU отпочнавме неколку Хоризонт и други проекти, кои ни обезбедуваат интернационализација на наставата и мобилност на студентите и кадарот, наведе Ангелова.

Таа потенцираше дека во следниот период ќе бидат посветени на зголемување на практичната компонента, поддршката за младите истражувачи, ревизија на наставните програми и еколошката и социјала одржливост.

На свеченоста беа наградени најдобрите студенти за учебната 2023/2024 на УКИМ при што проректорката на УКИМ Соња Топузовска, им порача дека академското знаење кое го стекнале на УКИМ претставува основа на сите нивни клучни компетенции, но, како што рече таа, денес тоа не е доволно.

-Рамнотежата меѓу академското знаење, практичното know-how и меките вештини стануваат основа за вашите таргетирани компетенции и за вашиот кариерен напредок. Мисијата на Универзитетот е да обезбеди не само врвно образование и исклучителни знаења туку и највисоки компетенции и да ги подготви своите студенти за нивниот иден кариерен пат, за нивниот влез во работните средини каде ќе треба да го применат своето знаење кое го стекнуваат на факултетите, потенцираше Топузовска во своето обраќање.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание, Александар Николовски, им порача на студентите, кои заслужно на нивниот успех добија златник со ликот на светите Кирил и Методиј, дека нивниот главен фокус треба да биде на благодарноста и одговорноста.

-Во време кога брзаме кон следниот успех, често забораваме да го прославиме овој што сме го постигнале. Бидете благодарни на себе, на вашиот труд, на оние што беа покрај вас – семејството, пријателите, професорите. Но благодарноста не е доволна сама по себе. Затоа, понесете и одговорност. Одговорност да го споделувате знаењето, да помогнете таму каде што можете, да бидете светло за следните генерации. Заедницата се гради со мали чекори, но секој од нив почнува од поединецот, порача Николовски.

На свеченоста беа наградени Харитина Сакова од Машинскиот факултет, Стефан Кофиловски и Ана Марија Наумовска од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Душица Брачиќ од Природно-математичкиот факултет, Јана Видановска и Рената Павлеска од Факултетот за електротехника и информациски технологии, Димитар Пешевски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Марко Величковски од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Никола Ристевски од Филозофскиот факултет и Давид Стојаноски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Исто така, наградата ја добија и Ања Даниловска и Софија Станческа од Економскиот факултет, Анастасија Петличковска од Медицинскиот факултет, Мими Дучева од Факултетот за музичка уметност, Ведран Чешарек од Факултетот за драмски уметности, Фросина Димоска од Фармацевтскиот факултет, Ивана Крстаноска од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, Никола Тренов од Факултетот за ликовни уметности, Беса Исмаили од Градежниот факултет, Стефан Лакордов од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Васка Зарковска од Технолошко-металуршкиот факултет, Сара Ацковска од Факултетот за земјоделски науки и храна, Кристијан Ристовски од Архитектонскиот факултет, Анастазија Јеринчева од Стоматолошкиот факултет, Ненад Димковски од Факултетот за ветеринарна медицина, Мила Чолакоска од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер и Надица Кремшовска од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.

На свеченоста ректорката Ангелова ги врачи и наградите „26 јули“ на студентите Никола Ристевски од Филозофски факултет, Ана Марија Наумовска од Правен факултет „Јустинијан Први“, Ања Даниловска и Софија Станческа од Економски факултет, Нина Насеска од Филолошки факултет „Блаже Конески“, Марта Митева од Архитектонски факултет и Талија Ѓорѓиева од Факултет за драмски уметности.

Имено, јубилејот и патронатот, УКИМ ги одбележува со тридневна прикладна програма, богата со уметнички изведби, а во рамки на истата, ќе биде доделена и титулата почесен професор (professorhonoris causa) на професор д-р Питер Марк од Рурскиот универзитет во Бохум, Германија.

Пред почетокот на настанот, високи делегации на државниот врв и делегација на УКИМ, предводени од ректорката Ангелова, положија цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј.

Манасиевски: Дали Филипче е изземен од случајот Онкологија?

Дали Филипче е изземен од случајот Онкологија, каде што се остварила добивка преку измама во висина од 2,2 милијарди денари?

Манасиевски: Дали Филипче е изземен од случајот Онкологија?

Нов ден, старо нов скандал, а сето ова додека Филипче бил министер за здравство.

Во периодот од 2018-2022, кога Венко Филипче бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра.

Вчерашната одлука на ОЈО, за завршување на истрагата за случајот Онкологија, каде што се поднесени кривични пријави на две лица, поранешни директори во Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, а ќе се водат истраги и против лекари кои биле вмешани во случајот, додека омилениот обвинител на СДС и ДУИ, Гаврил Бубевски, не покренува истрага против Филипче, иако Филипче самиот директно или индиректно, има дозволено системски башибозук и непочитување на шеесетина законски одредби.

Според членот 295 од Законот за здравствена заштита, каде што се вели, цитирам „Надзор над законитоста на работата на здравствените установи врши Министерството за здравство“, што значи дека Филипче бил директно одговорен за истото.

Одиме понатаму, го прашуваме Филипче, а обвинителството треба да истражи, а не да затвора случаи, дали Филипче знаел дека не се дава онколошка терапија и дека одреден дел се крадел и според информации кои се во јавност, продавани дури на црниот пазар во Косово? Дали Филипче имал преглед дека немало следливост на онколошката терапија или бил соучесник во истите?

Исто така, Филипче да одговори за долгот на Онкологија од 12 милиони евра? И да не заборавиме, дали сето ова што се случуваше на Онкологија, беше само за компаниите блиски до Филипче, да продаваат лекови и терапии, по екстремно високи цени за граѓаните кои треба да примат онколошка терапија?

Огромни пари се исцедени од Буџетот на државата, токму во периодите на власт на Филипче. Филипче мора да одговара за секој еден случај, којшто е поврзан со него. Доста е криење по партиски штабови и состаноци со неколкумина потрчковци кои седат до него и го снимаат, само за да не излезе во јавност и да ги избегне нашите прашања.

Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност.

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер