Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра
2Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра
Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
1Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
МакедонијаКривична пријава против скопјанка за злоупотреба на лични податоци и измама при добивање кредитЕдиницата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(54) од Скопје.Таа е осомничена за сторени кривични дела „измама при добивање на кредит или друга погодност” по член 249 и „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик. – На 04.11.2022 во финансиско друштва во Скопје, пријавената поднела документи за добивање кредит и притоа употребила лична карта на друго лице и се потпишала на апликацијата за кредит во име на другото лице на кое гласела личната карта, соопштија денеска од МВР. Притоа, појаснуваат од МВР, вработеното лице во финансиското друштво се посомневала во идентификацијата на пријавената и повикала полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, кои по преземените мерки и активности и документирање на настанот изготвиле кривична пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 векВо 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти.Оваа Влада води политика за иднината. Во изминатата седмица, бевме сведоци на реализација на крупни капитални проекти - нова когенеративна централа - изградба на најголемиот ветерен парк - реконструиран аеродром Св. Апостол Павле И тоа не се само градби, тоа се инвестиции во иднината, во нови работни места, во енергетска сигурност, во поврзаност и во конкурентна економија. Градежништвото вeќе 18-ти месец расте по ред и тоа е јасен доказ дека капиталните проекти ја движат државата напред. Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЕторе Месина се враќа во НБАЛегендарниот европски кошаркарски тренер Еторе Месина се враќа во НБА.Еторе Месина ќе се врати во НБА во нова улога – ќе биде еден од советниците на Квин Снајдер во Атланта. Минатата сезона трофејниот тренер си замина од „Армани“ – или беше отпуштен, зависно од тоа како се гледа на работите. Оттогаш тој ја задржа улогата на советник, но го напушти Милано. Сепак, нема долго да биде без работа бидејќи заминува за Атланта. Според информациите на италијанскиот весник „Ла Република“, искусниот стручњак се враќа во Америка, каде што ќе ја извршува улогата на советник на тренерот Квин Снајдер во тимот на Атланта. Всушност, станува збор за своевидно „враќање на улогите“, бидејќи токму Снајдер беше помошник на Месина во тимот на ЦСКА Москва. Месина ќе мора да извршува две работи истовремено, бидејќи веќе има договор со „Скај Спорт“ за ангажман како стручен консултант. Останува да се види како точно ќе се одвива тоа, бидејќи тешко е веројатно дека тој е подготвен често да патува на релацијата Америка – Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евраПо основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, Владата води сметка да го заштити стандардот на граѓаните.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку би била реалната цена нафтата, доколку Владата не ја донесе одлуката за намалување на данокот на додадена вредност, изјави: „Доколку не се донесеше оваа одлука и претходните одлуки за намалување на акцизата, еве на пример цената на дизел горивото ќе беше за отприлика 11-11,5 денари поскапа по литар, од ова што е денеска. Со други зборови, имајќи го предвид зголемениот конзум на бензинските станици во државата, посебно оние што гравитираат во северниот, западниот и јужниот дел од земјата, поради притисокот на граѓаните што доаѓаат од Грција, Албанија и Србија, стигнавме до повеќе од 2 милиони литри гориво коешто се точи на македонските бензински станици. Имајќи предвид дека отприлика седумдесетина проценти е дизел гориво, тогаш доаѓаме до некаде околу милион и четиристотини, милион и петстотини илјади литри. Што значи дека само по основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра. Или ако се земе предвид отприлика две недели и доколку се земе предвид веќе намалената царина, односно акциза за безоловниот 95 и 98 октански, тогаш доаѓаме до бројка помеѓу 4,2 и 4,5 милиони евра, тоа е директна заштеда којашто ја имаат македонските граѓани. А индиректната заштеда се проектира во ниската ставка на инфлација. Ние веќе два месеци, јули и август во пикот на најголемата светска енергетска криза што ја памети човештвото, имаме би рекол една од најниските ставки на инфлација, многу подолу од Европската Унија. Во регионот сме меѓу најниските, само нашиот северен сосед Србија има за некоја 0,3-0,2 проценти пониска ставка на инфлација. И она коешто исто така сакам да го напоменам е дека во моментот имаме најниска цена на дизел горивото и на безоловниот 95 и 98 октански бензин и ако се спореди со цената којашто ја имаат нашите соседи, па и во Европа, тогаш разликата е помеѓу 20 и 50%. Тоа значи дека оваа Влада води сметка во рамките на своите можности и повеќе од што може за да го заштити стандардот на граѓаните.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook