МакедонијаКривична пријава против двајца поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ ДОО КавадарциОд Управата денеска соопштија дека според собраните докази, првопријавениот Г.К. како управител на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци, во периодот од 21.01.2019 до 05.05.2023 година, и второпријавениот А.Ц. во својство на управител.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Кавадарци поднесе кривична пријава против Г.К. и А.Ц., поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела Намерно предизвикување на стечај (член 254 став 1 од Кривичниот законик (КЗ)) и Оштетување или повластување на доверители (член 257 став 3 во врска со став 1 од КЗ). Пријавените предизвикале штета од скоро 1,67 милијарди денари, од кои речиси 99 милиони денари штета за Буџетот на Република Македонија. Од Управата денеска соопштија дека според собраните докази, првопријавениот Г.К. како управител на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци, во периодот од 21.01.2019 до 05.05.2023 година, и второпријавениот А.Ц. во својство на управител, во периодот од 21.01.2019 до 14.10.2022 година, на 02.12.2021 година склучиле договори со компанијата „Арров Металс Енд Трејдинг АГ“ – Швајцарија, со кои го довеле друштвото во исклучително неповолна положба. Договорите предвидувале обврска „Еуроникел Индустри“ да ја купува никеловата руда по берзанска цена, а да го продава готовиот производ – фероникел, по цена најмалку 30 проценти пониска од берзанската, со што, стои во соопштението, практично целокупната добивка се пренесувала кон странската компанија. Дополнително, информира Управата за финансиска полиција, пријавените без преземање мерки за наплата на побарувањата, му овозможиле на „Арров Металс Енд Трејдинг АГ“ да се презадолжи, при што до крајот на 2022 година долгот достигнал 1.962.633.269,46 денари. Поради тоа, „Еуроникел Индустри“ бил доведен во неликвидна состојба и била отворена стечајна постапка. Свесното пропуштање да се заштити имотот на компанијата дополнително му овозможило на странскиот партнер засметување на пенали во вредност од 1.255.832.929,00 денари. Со ваквите дејствија, според наодите на Управата за финансиска полиција, пријавените намерно предизвикале стечај на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци и предизвикале вкупна штета од 1.669.019.482,00 денари, од кои 98.981.806,00 денари штета за Буџетот на Република Македонија, се вели во информацијата од Управата за финансиска полиција.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизАрнолд Шварценегер наскоро полни 80 години, па сепак не запира- најави нов филм Иако се приближува кон својот 80-ти роденден, легендарниот Арнолд Шварценегер не покажува намера да забави, а камоли да се повлече од светот на филмот.Откако неодамна се врати за две сезони од акционата серија на Нетфликс, ФУБАР, во која глуми заедно со ѕвездата од „Топ Ган: Маверик“, Моника Барбаро, Шварценегер веќе подготвува нов проект. Иако публиката со децении дебатира за неговата најпозната улога, многумина ќе се согласат дека станува збор за научно-фантастичниот класик од 1984 година, филмот што ја лансираше една од најуспешните акциони франшизи на сите времиња. Нов криминален трилер за „Прајм Видео“ Шварценегер ќе ги здружи силите со Лиам Хемсворт во новиот криминален трилер „Келис“, за кој правата ги обезбеди „Амазон МГМ“. Филмот нема да има кино-дистрибуција, туку ќе биде објавен на стриминг услугата „Прајм Видео“. Заплетот следи еден посрамен њујоршки полицаец чија сопруга е киднапирана од терористи. За да ја спаси, тој е принуден да побара помош од своето семејство. Режисер е Бред Пејтон, познат по соработката со Двејн Џонсон на филмовите „Rampage“ и „San Andreas“ и по научно-фантастичниот филм „Atlas“, кој го режираше за Netflix минатата година. Премиерата се очекува најрано следната година Доаѓањето на филмот „The Kellys“ се очекува најрано кон крајот на следната година, иако не е исклучено премиерата да биде поместена за 2028 година. Во меѓувреме, Шварценегер продолжува да работи на нови проекти, потврдувајќи дека нема планови да ја напушти филмската индустрија.Тагови: Арнолд Шварценегер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура
Во наелектризирана атмосфера, во Собранието почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..

Долгонајавуваниот законот за правична и соодветна застапеност влезе во собраниска процедура – со часови трае расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците за законот кој треба да го замени балансерот. Предлагачот, пратеникот и вицепремиер Беким Сали, во Собранието порача дека со овој закон се прави историски чекор кон унапредување на рамковниот договор и дека правичната застапеност во институциите ќе се уредува законски, наспроти со Балансерот, кој го оцени само како дигитална алатка.

„Сакам да истакнам дека овој закон ја ужива поддршката на Советот на Европа, бидејќи за него е дадено позитивно мислење од Венецијанската комисија, а препораките содржани во нејзиното мислење кои беа насочени кон подобрување на текстот се вградени во одредбите на овој закон. Законот го штити правото на слободно самозијаснување но го спречува неговото злоупотребување и доколку има таков обид, кандидатите ќе бидат одбиени со забрана да се пријават повторно за вработување за три месеци.“

Сепак, албанските партии од власта и опозицијата со спротивставени гледишта на овој закон. Според опозицискиот блок, кои жестоко се противат на ова решение, се нарушува рамковниот договор и уставниот поредок, и најавија дека ќе направат се што е во нивна моќ истиот да не се донесе. Од ВРЕДИ пак порачаа дека опозициските партии манипулираат со чувствата на албанските граѓани и дека законското решение ќе доведе до попрофесионални вработувања во институциите.

На матичната комисија и претходеше жолчна расправа во Комисијата за политички систем, каде власта и опозицијата се судрија околу тоа дали да се носи со мал или голем бадентер - со 11 гласа за и двајца против, надвладеа ставот, тој да се донесе со мал бадентер, што значи мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници.

„Посакувам денешниот ден да не биде официјално почетокот на уништувањето на унитарниот систем на државата, бидејќи овој систем е можеби дојдено време и да се смени, бидејќи евидентно многу грешите ако не сметате за наивни.“

„Зошто се плашите, јас не знам од каде ви е оваа паника или тенденцијата ваша е да создате на секоја седница, на секоја комисија да имате шоу, драми и театар.“

„Вие донесувате закон кој ни го продавате како да живеете во Скандинавија.“

Пред да дојде на гласање на пленарна седница, законот ќе оди на јавна расправа.

<iframe allowfullscreen="" frameborder="0" height="315" src= Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоГрад падна во Пехчево и Берово, до крајот на денот променливо облачно со повремени врнежи и грмежиДо крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во о С) 14 Попова Шапка, 16 Крушево, 17 Лазарополе, Маврови Анови, 21 Претор, 22 Охрид, Берово, Крива Паланка, 23 Битола, 24 Прилеп, Виница, 25 Тетово, Скопје- Зајчев Рид, 26 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Струмица, 27 Кавадарци, 28 Велес. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 9 ЧАСА (во l/m 2 ) 4 Лазарополе, Виница, 3 Берово, 2 Гевгелија, Стурмица, Кавадарци, Штип, 1 Битола, Прилеп, Претор. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената. ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Во Пелагонија и југоисточните региони процесите беа поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и силен ветер. Во крајниот исток (Пехчево и Берово) имаше појава на град. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во текот на ноќта ќе биде променливо облачно време со услови за краткотрајни слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме, соопштуваат од УХМР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter