Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната
2Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната
ЗдравјеКристина Дуранска од „dm Makedonija“: „Проектот „Никогаш повеќе сама“ навистина беше потребен и корисен во образовните институции“Утрово во утринската програма на телевизија Канал 5, во емисијата „Здраво Македонијо“, гостуваше Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во „dm drogerie markt“.Поводот за нејзиното гостување беше кампањата „Никогаш повеќе сама“, a тема е менструалното здравје. Заложбите на компанијата за менструална правда се повеќеслојни и започнале многу порано. Во текот на 2024 година, dm drogerie markt започна со долгорочно намалување на цените на хигиенските влошки и тампони од својата приватна марка „Jessa“, со што им овозможува на жените во Македонија да купуваат по поповолни цени. Целта на оваа акција е компанијата да застане рамо до рамо со секоја жена и да ја поддржи во борбата против менструалната сиромаштија. View this post on Instagram A post shared by Утринска на Канал 5 „Здраво Македонијо“ (@utrinska_zdravo_makedonijo) – „Никогаш повеќе сама“ е проект на dm drogerie markt кој започна во 2024 година, а со оваа општествено одговорна кампања дониравме повеќе од 200 диспанзери со хигиенски влошки, како и над 100.000 хигиенски влошки на сите државни факултети – изјави Дуранска за Канал 5. Кристина се надева дека преку оваа кампања успеала барем малку да им помогне на студентките, но и да ја нагласи важноста на менструалното здравје. – Како компанија, во последните две години dm има голем фокус на женското здравје. Често знам да кажам дека најголем дел од нашите вработени се жени, а и најголем дел од нашите купувачи се жени. Нашата одговорност е да се грижиме за нив, а затоа беше природно да се посветиме на темата менструално здравје – истакна таа. Темата за менструалното сиромаштво е актуелна во сите европски, но и балкански земји, а dm, како општествено одговорна компанија, одлучи токму оваа тема да биде во фокусот на нивната кампања за подигање на свеста за женското здравје. View this post on Instagram A post shared by Канал 5 Телевизија (@kanal5televizija) На прашањето како студентките ја прифатиле кампањата, Кристина даде позитивен одговор: – Добиени се многу позитивни коментари од студентките, од ректорите и од студентските сојузи. Сите се трудат околу оваа иницијатива. На факултетите влошките редовно се користат, но и се дополнуваат, што покажува дека овој проект навистина бил потребен и корисен во образовните институции – рече Дуранска. Главен лик на кампањата е Бести – новата виртуелна најдобра другарка на секоја студентка, која е тука да ѝ помогне во непредвидливи моменти. На прашањето што претставува Бести, Кристина објасни: – Тоа е виртуелен лик кој е дел од кампањата и ја симболизира најдобрата другарка на секоја девојка. Облечена е во виолетова боја, а на 28 мај – Светскиот ден за менструално здравје – целата улица Македонија беше обоена во виолетово. Бести им делеше хигиенски влошки на сите посетителки што дојдоа – откри Дуранска. Целиот видео-интервју можете да го погледнете на Јутјуб каналот на Канал 5. Тагови: ДМ Македонија женско здравје менструално здравје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВладата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степениВладата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес што ја погоди земјата.„Јас лично ќе бидам на чело на оваа национална криза и неуморно ќе патувам низ земјата за да ги преземам неопходните мерки“, напиша претседателот Абелардо Де Ла Есприеља на платформата Х. Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи вчера во општината Сан Хозе дел Палмар, околу 250 километри северно од главниот град Богота. Според првичните податоци на владата, загинале повеќе од 110 лица, а над 1.500 објекти моментално се ризични за живеење.Како итна мерка, владата испрати војска која ќе учествува во потрагата по преживеани под урнатините. Земјотресот ги погоди најсиромашните региони на земјата. Големи делови од регионот, исто така, се под контрола на вооружени групи. Десетици згради се урнати во западниот дел од Колумбија, земјотресот био почуствуван и во Еквадор и Венецуела. Се проценува дека бројките на загинати и повредени ќе растат.Тагови: земјотрес Колумбија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаПревозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зонатаЗдруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје.Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје, на која ќе разговараат за проблемот со кој се соочуваат во однос на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од 180 дена. На средбата, која по првпат се одржува во земјава, е најавено учество на раководствата на здруженијата на превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Превозниците веќе испратиле писмо до Европската унија со барање за директна средба со цел надминување на проблемот со кој се соочуваат. Тие го поставија 10 август 2026 година како рок до кој очекуваат од брисел да каже како ќе се реши статусот на професионалните возачи, но засега останаа без конкретен одговор. Министерот за транспор Николоски минатиот месец изјави дека проблемот со професионалните возачи земјава го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската унија, а не заедно со другите земји до Западен Балкан бидејќи, според него, ова прашање се злоупотребува од дел од нив за политички цели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаОд полноќ дизелот поевтин за 8 денари, бензинот за 4 денари за литарГолемо намалување на цените на дериватите.По неколкунеделен пораст од полноќ цената на дизелот падна за осум денари. Со новата одлука на Регулаторна и оваа недела се намалува цената на бензините, и тоа за 4 денари за литар. Новите намалени цени се пресметани со пониските акцизи.. Новата цена на Еуросупер -95 од ноќеска на полноќ изнесува 87 денари додека на Еуросупер -98 е 89 денари за литар. Дизелот од полноќ се продава по цена од 91,5 денари за литар Од владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter