Кристина Агилера позира топлес во Париз (ФОТО) - Канал 5

Кристина Агилера позира топлес во Париз (ФОТО)

Поп ѕвездата Кристина Агилера, која неодамна го прослави својот 45-ти роденден, ги запали социјалните мрежи со топлес фотографии додека беше во Париз.

Кристина Агилера позира топлес во Париз (ФОТО)

Со серија фотографии, пејачката предизвика лавина од коментари, позирајќи само со прекрасна дијамантска огрлица од луксузната куќа Chopard. Импресивната огрлица е украсена со повеќе од 50 карати дијаманти, а стилот е од Крис Хоран.

Во прилог на објавата на Инстаграм, Кристина кратко напиша: „Северна светлина, париски ноќи“. Реакциите, како и обично, беа мешани - додека некои сметаа дека ги поместува границите на добриот вкус, обожавателите ја пофалија нејзината самодоверба и слобода, тврдејќи дека изгледа „подобро од кога било“.

Патот до прифаќање на телото

Но, оваа самодоверба не дојде преку ноќ. На почетокот на нејзината кариера, Кристина беше исклучително слаба, но подоцна се откажа од строгите диети. Дури и пред нејзиниот 40-ти роденден, таа рече дека конечно го прифаќа своето тело какво што е.

„Веќе немам деца. Често се соочував со моите стравови и бев критична кон себе. Но, никогаш не престанав да барам нови начини да се движам напред, да се стремам кон нешто подобро“, рече таа во тоа време.

Отворена за естетските третмани

Агилера неодамна стана заштитно лице на Xeomin, бренд кој нуди инјекции со ботокс, а во интервју за списанието Allure, отворено зборуваше за употребата на естетски третмани. Таа објасни како се одлучила за Xeomin затоа што изгледа природно дури и по неговата употреба.

„Мислам дека на сите ни треба малку помош. Зошто да не?“, рече таа. Таа нагласи колку е важно за неа да може да изразува емоции додека пее. „Кога пеам, емоцијата мора да дојде до израз и не можам да имам вкочането лице додека сум на сцената. Затоа го сметав Xeomin за најбезбеден избор“, додаде пејачката.

Едноставна рутина и семеен живот

Покрај третманот, таа го припишува и својот младешки изглед на фактот дека никогаш не се претерало изложувала на сонце. Призна дека нејзината рутина за нега не е комплицирана. „Не сум тип на личност која има 50 чекори во својата рутина за нега на лицето. Јас сум мајка и немам време за тоа, и во секој случај би сакала да го поминувам слободното време играјќи си со децата или во кревет играјќи Nintendo Switch“, рече Кристина.

Пејачката е мајка на две деца: синот Макс, кого го има со поранешниот сопруг Џордан Братман, и ќерката Самер Рејн со свршеникот Метју Ратлер. За време на нејзината кариера, таа продала повеќе од 75 милиони албуми низ целиот свет, а во 2013 година списанието „Тајм“ ја вклучи на листата на 100 највлијателни луѓе во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и понатаму остануваат приоритет. 

ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

Покрај можностите за вработување и самовработување преку Оперативниот план, реконструкција на студентски домови, младински додатоци и решавање на дигиталната нееднаквост, овој пат ВМРО-ДПМНЕ со нови можности за студентите.

Во соработка меѓу повеќе институции, Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии, се подготвува студентска картичка со 20% попуст преку апликацијата М-услуги, која студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година.

Паралелно, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка.

Паралелно со оваа иницијатива, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка, со цел проширување на можностите за младите и унапредување на дигиталните услуги наменети за нив.

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки продолжува да создава можности и подобри услови за студентите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забрана за движење на товарни возила на неколку превои, патиштата се расчистуваат

Снегот на повисоките места донесе забрани за движење на тешки товарни возила на четири патни правци во Македонија. 

Забрана за движење на товарни возила на неколку превои, патиштата се расчистуваат

Според утринскиот извештај на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) од 7:45 часот на 29 ноември, ограничувања има на Маврово – Дебар, преку Стража, на патот кон граничниот премин Деве Баир и преку превојот Ѓавато.

Утрово е укината забраната за камиони преку превојот Буково на патот Ресен – Охрид, а сообраќајот е нормализиран и на патот од Делчево до истоимениот граничен премин со Бугарија.

Според дневните информации на АМСМ, забрана за движење на тешки товарни возила е воведена на следните правци:

Крак Маврово – Дебар, од 18:00 часот на 28 ноември;

превој Стража, на патот Гостивар – Кичево, од 18:00 часот на 28 ноември;

Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, од 22:15 часот на 28 ноември;

Битола – Ресен преку Ѓавато, од 00:20 часот на 29 ноември.

Ограничувањата се однесуваат на тешките товарни возила. АМСМ ги повикува сите возачи да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Укината забраната преку Буково

На патот Ресен – Охрид, преку планинскиот превој Буково, забраната за тешки товарни возила била укината во 7:30 часот. Според АМСМ, оттогаш делницата е проодна за сите видови возила.

Претходно, во 7:00 часот, сообраќајот за сите возила бил пуштен и на магистралниот пат Делчево – граничен премин Делчево, каде што се одвива нормално.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег се бележи на повисоките места, додека во пониските предели врнежите се со послаб интензитет.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека патните правци се расчистуваат од снег со расположливата механизација. Проодноста, сепак, не значи дека сите правци се отворени за секој вид возило, бидејќи на наведените делници важат ограничувања за камиони.

Внимателно низ клисурите и задолжителна зимска опрема

АМСМ препорачува внимателно возење и поради можност од одрони, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември е во сила и обврската за поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Таа важи до 15 март 2027 година.

АМСМ потсетува и дека патот Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица од 17 ноември е сезонски затворен за сите видови возила. Ова е посебен патен правец од делницата Ресен – Охрид преку Буково.

Според утринските информации, сообраќајот надвор од градските средини е со умерен интензитет, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Пред поаѓање, возачите можат да ја проверат состојбата на патиштата на страницата на АМСМ или да се јават на 02/15 555, бидејќи ограничувањата може да се променат во зависност од временските услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Не чекаме да нѐ ,,изненади”, делуваме пред да падне првиот снег!

Не чекаме да нѐ ,,изненади”, делуваме пред да падне првиот снег!

Ѓорѓиевски: Не чекаме да нѐ ,,изненади”, делуваме пред да падне првиот снег!

Уште од доцните попладневни часови, по најавите за снег, екипите на зимската служба на Град Скопје превентивно дејствуваат на скопските сообраќајници.

Посебно внимание посветуваме на повисоките места, особено на Водно, каде што веќе падна првиот снег.

Додека снегот создава проблеми во регионот, ние остануваме на терен цела ноќ за скопјани и утре рано да тргнат по безбедни и проодни улици.

За наше Скопје!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер