Кристијано Роналдо договара голем трансфер за Јувентус - Канал 5

Кристијано Роналдо договара голем трансфер за Јувентус

Јувентус почна да работи на трансферот на Марсело, кој сака да го донесе од Реал Мадрид, пишува денес мадридска Марка, инаку сигурен извор кога се во прашање гласините за Реал.

Кристијано Роналдо договара голем трансфер за Јувентус

Марсело веќе некое време се поврзува со Јувентус, а откако Кристијано Роналдо го напушти клубот пред две години, тој почна посериозно да пишува дека Бразилецот може да му се придружи.

Сега Марка пишува дека ова е веројатно затоа што на Јувентус му недостасуваше топ опција на левото крило, а во Реал,на таа позиција се наметна Ферланд Менди, млад Французин, кој пристигна од Лион за 50 милиони евра.

Марсело зачекори во 32-та година и ова е веројатно неговата последна шанса да направи голем трансфер во врвен клуб каде би можел да биде првиот играч на тимот, па Јувентус се чини како идеален избор.

И покрај тоа што не е прв тимски шампион на Реал, Марсело сепак е играч кој има играно за Реал 500 пати и има освоено четири титули во Лигата на шампионите.

Марка додава дека претставниците на Јувентус веќе имале средба со Марсело пред фудбалскиот свет да биде запрен од пандемијата на коронавирусот, а исто така наведуваат дека Роналдо се договорил со Марсело да дојде во Торино.

Исто така, Шпанците велат дека Зинедин Зидан нема да го спречи и ќе го остави да замине без оглед на неговиот договор со кој е обврзан на уште две години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американските сили целосно го напуштаат Ирак по повеќе од две децении

Американските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата,.

Американските сили целосно го напуштаат Ирак по повеќе од две децении

Американските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата, каде што загинаа 4.500 американци за повеќе од две децении војна.

Ирачките безбедносни експерти велат дека повлекувањето, договорено во 2024 од претседателот Џо Бајден, би можело да им даде на Иран и на неговите моќни сојузници одврзани раце и истовремено да им дозволи на другите непријатели на САД да се вратат, вклучително и Исламска држава.

Командант на исламскиот отпор во Ирак, група вооружени фракции поддржани од Иран, го опиша повлекувањето на САД како „историска победа за ирачките исламски групи на отпор и чесните ирачани и катастрофален пораз за американскиот проект“.

Иако заминувањето на американските сили е широко поддржано од Ирачаните, оние кои се загрижени за силата на проиранските групи стравуваат дека повлекувањето е прерано.

Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 за да го соборат диктаторот Садам Хусеин, а потоа ја окупираа земјата и воспоставија влада, пред да се повлечат на крајот на 2011. Тие се вратија за помалку од три години за да им помогнат на ирачките сили да ја победат сунитската милитантна група исламска држава во голема војна од 2014 до 2017 година..Во последниве години, Ирак беше единствената земја што одржуваше блиски политички и воени сојузи и со САД и со Иран, кои понекогаш ја користеа ирачката територија како посредничко бојно поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

MG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на Скопје

На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.

MG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на Скопје

Синоќа, 28 септември 2026, MG Collective официјално ги отвори вратите на своето ново премиум tattoo& piercing студио на Panorama Square, со што започнува ново поглавје за брендот кој повеќе од една деценија е дел од креативната сцена на Скопје.

На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.

Основан во Скопје во 2013 година, MG Collective низ годините го изгради својот препознатлив идентитет околу тетовирањето како форма на уметност и личен израз. Новиот простор ја продолжува оваа филозофија, но во пософистицирана и современа средина, со посебен фокус на дизајнот, атмосферата и градењето заедница околу tattoo културата.

MG Collective × Bratot Apparel

Како дел од ова ново поглавје, во новиот простор свое место добива и Bratot Apparel — македонски streetwear бренд со кој MG Collective споделува слична визија за креативноста, индивидуалноста и современата култура.

MG Collective и Bratot Apparel креираа заеднички изложбен и продажен простор во рамки на MG студиото, создавајќи место каде што tattoo art, мода и street култура се среќаваат во една заедничка визуелна приказна. Покрај изложбениот простор, веднаш до MG Collective, Bratot Apparel отвори и свој нов деловен простор.

Panorama Square, ул. Славејко Арсов 37, Скопје е новата адреса каде можете да ги најдете капите на Bratot, вклучувајќи ги моделите креирани во соработка со Горан Миќиќ и Михаил Корубин, како и дел од сопствените креации на брендот. Новитет во понудата се и маиците — природен концептуален продолжеток на mood-овите и визуелниот свет препознатлив кај капите.

Отворањето на новото студио го означува почетокот на следното поглавје за MG Collective и за Bratot Apparel, со нов простор, нови соработки и уште повеќе креативни проекти и приказни што следуваат.

Проверете повеќе на www.mgtattoostudio.com и www.bratot.coм

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија

Ние испорачуваме најголем број од реформите, светот се менува и ние треба да ја градиме ншата позиција, за да имаме ефект во преговорите со Бугарија  добро е да има претставници од Европската унија.

Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија  добро е е да има претставници од Европската унија

Ние испорачуваме најголем број од реформите, светот се менува и ние треба да ја градиме ншата позиција, за да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија, ова утринава го изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски прашан за посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Фон Дер Лајен, како што соопшти нејзиниот кабинет, ќе има средби со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер