Крис Браун доби дозвола да се врати во САД, по апсењето поради брутален напад во Лондон (ВИДЕО) - Канал 5

Крис Браун доби дозвола да се врати во САД, по апсењето поради брутален напад во Лондон (ВИДЕО)

На американскиот рапер Крис Браун му е дозволено да се врати во Соединетите Американски Држави откако беше уапсен во Велика Британија во мај оваа година под обвинение за напад врз маж во ноќен клуб.

Крис Браун доби дозвола да се врати во САД, по апсењето поради брутален напад во Лондон (ВИДЕО)

36-годишниот рапер беше уапсен во хотел во Манчестер под сомнение за нанесување тешки телесни повреди, пишува Unilad.

Тврдења за брутален напад

Браун е обвинет за физички напад врз музичкиот продуцент Абрахам Диау во лондонскиот клуб Tape во февруари 2023 година. Според обвинението, пејачот наводно го удрил Диау неколку пати по главата со шише. Снимките од безбедносните камери наводно го покажуваат пејачот на Kiss Kiss како се нафрла врз жртвата, го удира и го клоца додека лежел на подот. Поради повредите здобиени во наводно неиспровоцираниот напад, Диау поднесе граѓанска тужба од 16 милиони долари против Браун.

YouTube video

Изменети услови за кауција

Судијата Тони Баумгартнер вчера ги измени условите за кауција на пејачот, дозволувајќи му да се врати во САД. Браун и неговиот сообвинет, 39-годишниот рапер Омололу Акинлолу, се изјаснија за невини по обвиненијата за нанесување полесни и тешки телесни повреди. Р&Б пејачот, исто така, негираше дека поседувал оружје - во овој случај шише алкохол - на јавно место во Лондон.

Иако му било дозволено да се врати дома, обвинителката Хајди Стоунклиф нагласи дека условите за кауција на Браун остануваат „многу строги“ и „бројни“ и дека промените биле договорени во „невообичаени околности“. „Оние кои подоцна би сакале да известуваат за тоа не треба да сметаат дека на овие обвинети едноставно им било дозволено да се вратат во САД без пречки“, рече таа.

Судијката Баумгартнер, исто така, упати остри зборови до обвинетите, истакнувајќи дека тие можат да се вратат во САД, но под строго дефинирани услови, кои вклучуваат задолжително појавување на суд на 28 јануари. „Ќе бидете обврзани да се вратите во Велика Британија кога ќе бидете замолени да го сторите тоа и да се предадете на кауција во согласност со вашите обврски понатаму“, рече тој. Тој додаде дека судењето, закажано за октомври следната година, ќе се одржи дури и ако двајцата не се појават на суд.

Строги правила и продолжување на турнејата

Иако деталите за новите услови не се објавени, Браун можеше да ја продолжи својата меѓународна турнеја според претходните правила за кауција. Во последните неколку месеци, тој мораше да престојува на адреса позната на судот, му беше забрането да влегува во ноќни клубови и од каков било контакт со Диау. Покрај тоа, не му беше дозволено да аплицира за меѓународни патни документи и мораше да плати депозит за безбедност од 5 милиони долари. Обвинетите зборуваа на суд само за да го потврдат својот идентитет и да наведат дека ги разбираат новите услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.

МНРиТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“

Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.

Никол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“

Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог.

Брак на 22 години

Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа.

За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“.

Кариера и љубов

Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа.

Деценија брак и развод

Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“.

„Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време.

Нов живот и поглед назад

Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз.

„Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега

Од Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.

Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега

Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега.

Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови.

„ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и Цветанка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер