3Видео: Драма во Њујорк за време на прославата на Денот на независноста: Огнометот предизвика пожар на Бруклинскиот мост
Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
1Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
3Франција многу потешко од очекуваното го проби парагвајскиот бункер и се пласираше во четвртфиналето на СП2026
ЕвропаКрим без струја Украина нападна неколку електрични трафостаници во Крим преку ноќ, оставајќи го полуостровот анексиран од Русија без струја, според извештаите на каналите на социјалните медиуми. Транфостаниците Бахчисарај и Жимино беа цел на украинскиот ноќен напад, објави каналот Телеграм Ексиленова Плус. Проукраинскиот канал Кримски ветер претходно објави прекини на електричната енергија низ Крим како резултат на напади врз енергетската инфраструктура, пишува The Kyiv Independent. Украина редовно изведува напади врз воената инфраструктура длабоко во руската територија и во окупираните области, во обид да ја намали способноста на Москва да ја продолжи војната.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР : Прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште„Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година. Со него ќе се возобнови средното полициско образование во државава по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“. За упис во новото училиште, кое е именувано „7 Мај“ (Денот на македонската полиција), ќе може да конкурираат ученици со завршена втора година средно образование во кое било четиригодишно средно училиште во државава. Учениците што ќе се запишат ќе имаат настава по стручни и општообразовни предмети и ќе престојуваат во ученички дом (интернат) во склоп на Центарот за обука на МВР (Полициска академија) во Идризово, каде што за полицајци се школувани 24 генерации, од 1972 до 2000 година, во некогашното четиригодишно полициско училиште. Во согласност со јавниот повик, кога ќе матурираат МВР ќе им обезбеди работно место – полицаец. За да се запишат кандидатите треба да ги исполнат условите од конкурсот и да ја поминат селекцијата која ќе биде во три фази: проверка на моторички способности; писмено тестирање (општообразовен тест) и поединечен разговор (интервју) со кандидатот. Конкурсот е отворен од 3 јули и ќе трае 15 дена, до кога заинтересираните треба да ги достават потребните документи со пријавата, која е достапна за преземање во повикот на МВР. Општи услови кои кандидатот треба да ги исполни се:да е државјанин на Република Македонија, да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик, активно да го користи македонскиот јазик и да е здравствено и психофизички способен, што се потврдува со лекарско уверение издадено од лиценцирана установа. Во посебните услови е наведено дека општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование. Во посебните услови се и успешно поминати трите фази од селекцијата. Пријавата треба да ја поднесе родителот/старателот на кандидатот, заедно со потребните докази за исполнетост на општите услови. Како што е наведено во јавниот повик, пријавите се поднесуваат во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје (полициските станици Гази Баба, Бит-пазар или Карпош) и во секторите за внатрешни работи во Битола, Велес, Куманово; Тетово, Охрид, Струмица и Штип. Селекцијата на пријавените кандидати ќе ја прави комисија формирана од министерот за внатрешни работи. Сите три фази од селекцијата ќе се спроведат во Средното полициско училиште – Полициска академија и од секоја фаза кандидатот ќе има освоено бодови. Врз основа на вкупниот број освоени бодови од поединечните фази на селекција, Комисијата за прием и селекција на ученици ќе направи конечна ранг–листа на примени ученици, која ќе биде објавена на огласната табла на училиштето и на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи. Средното полициско училиште – Полициска академија е формирано со одлука на Владата и врз основа на Законот за средно полициско училиште, кој беше донесен во август минатата година поради недостигот од формализирано средно полициско образование. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00
БалканВидео-фото: Голем пожар кај Солун, наредена итна евакуација!Беснее голем пожар во близина на Солун, наредена итна евакуација! на терен војската и стотици пожарникари и доброволци!Голем пожар беснее во Ореокастро, во близина на Солун. Во зората започна воздушна операција – два авиона и два хеликоптера непрекинато го гаснат пожарот. Пожарот што избувна во саботата вечерта во областа Ореокастро, во близина на Солун, сè уште не е ставен под контрола, додека повеќе од 160 пожарникари, заедно со бројни доброволци, вложуваат напори да ја заштитат индустриската зона. Пожарот зафати фабрика за рециклирање и еден погон од текстилната индустрија, а според последните информации од теренот, состојбата во шумската област моментално е стабилна и таму повеќе нема активно ширење на пожарот. На терен се распоредени 52 противпожарни возила, пет пешадиски екипи, како и механизацијата на Периферијата Централна Македонија и Управата за вонредни ситуации. Во раните утрински часови беше започната воздушна операција - два авиона и два хеликоптери континуирано го гаснеа пожарот, а се очекува пристигнување на дополнителни воздушни сили. Поради сериозноста на ситуацијата, Генералштабот на грчката армија го активираше специјализираниот тим „Девкалион“ за помош при катастрофа. Беа извршени ноќни евакуации и беше испратен апел до граѓаните во текот на ноќта преку системот за итни случаи 112. Тие добија предупредувачки пораки за опасност од пожар. Жителите на Антуполи и Филотеа беа евакуирани во безбедни зони - локални спортски сали и стадиони. Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Драма во Њујорк за време на прославата на Денот на независноста: Огнометот предизвика пожар на Бруклинскиот мостДрама во Њујорк за време на прославата на Денот на независноста: Огнометот предизвика пожар на Бруклинскиот мост, пожарникарите веднаш интервенираа.Избувна пожар на мостот Бруклин во Њујорк за време на огнометот по повод Денот на независноста. Пламен и густ чад се издигаа над мостот пред пожарникарите да успеат да го изгаснат пожарот. Според достапните информации, нема повредени, пренесува АП. Во гаснењето на пожарот учествуваа две противпожарни возила, соопшти градската противпожарна служба. Пожарникарите го изгаснаа пожарот на мостот – кој беше затворен за сообраќај за време на прославата – нешто пред 22 часот. 🇺🇸 Americans celebrated Independence Day so hotly that even the Brooklyn Bridge caught fire The structure burst into flames in several places where fireworks were being launched to mark the 250th anniversary of US independence. Built in the 19th century, the Brooklyn Bridge is… pic.twitter.com/mb7mVhp68I — NEXTA (@nexta_tv) July 5, 2026 Портпаролот на противпожарната служба изјави дека ваквите пожари не се неочекувани, поради што публиката за време на огнометот се држи на безбедно растојание од местото каде што се активира пиротехниката. Прославата во Њујорк започна порано од планираното поради најавеното лошо време, што доведе до откажување и одложување на бројни настани долж источниот брег на САД.Тагови: Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter