Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина - Канал 5

Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

Наредбата издадена од рускиот претседател Владимир Путин на 18 март за едномесечен прекин на нападите врз украинската енергетска инфраструктура „истече“, соопшти денеска Кремљ.

Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

- Месецот (на мораториумот) истече. Засега нема други инструкции од врховниот командант, претседателот (Владимир) Путин, рече портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во својот дневен брифинг за медиумите во Москва.

Со тоа руската страна става крај кревкиот мораториум, за кој Москва и Киев меѓусебно се обвинуваа дека го прекршуваат.

Москва, сепак, го поздрави делумниот прекин на огнот како „извесен напредок“ на патот кон решавање на конфликтот во Украина.

- Русија сака да го реши овој конфликт, да ги обезбеди своите интереси и останува отворена за дијалог, изјави Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин на 18 март објави дека и наредил на војската, по разговорите со неговиот американски колега Доналд Трамп, да ги прекине нападите врз украинската енергетска инфраструктура во период од 30 дена.

Неколку дена подоцна, САД објавија дека постигнале договор за ова прашање со Русија од една страна и Украина од друга страна.

Доналд Трамп, кој сака да заврши конфликтот што е можно поскоро, првично предложи безусловен и целосен прекин на огнот, кој беше прифатен во принцип од Киев, но одбиен од Москва./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копје

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди во чест на американската кантри пејачка и актерка Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела.

Трамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копје

Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе има. Почивај во мир, Доли. Светот те сака, напиша Трамп на социјалните мрежи. Легендарната американска пејачка, текстописец и икона на кантри музиката почина на 80-годишна возраст, а дел од медиумите објавија дека таа се борела со канцер. Партон освои 11 греми награди, меѓу кои и за животно дело. Со 160 милиони продедени албуми се сметаше за една од најуспепните кантри пејачки на сите времиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет

Стотици луѓе се водат за исчезнати, од кои околу 300 странски државјани и туристи, во ненадејните поплави кои го зафатија регионот на границата меѓу непал и тибет.

Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет

Непалските власти проценуваат дека загинале неколку десетици луѓе, а дека трагаат по речиси 400, повеќето странци. Министерот за надворешни работи на непал соопшти дека причина за поплавите бил земјотрес, кој предизвикал големи свлечишта и масивни лизагања на земјиштето. Би-Би-Си објави дека најголем дел од исчезнатите биле индиски државјани, но и 12-мина британски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУК

До 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.

Пет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУК

Од нив, се уште активни се пет пожари, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати.

Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале.

Пожар е активен и во реонот на селото Трново во општина Гостивар, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод. Таму гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Во општина Росоман активен е пожар кај селото Манастирец, каде се зафатени лозови и овошни насади.

Пожар има и кај селото Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума и ниска вегетација, како и над селото нежилово во општина Чашка, во месноста Сватови, каде се зафатени ниска вегетација и смреки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер