Кремљ гради луксузен бункер во Москва за руската елита

Кремљ планира да изгради бункер под ВИП болница во Москва за да ја заштити руската елита од напади со украински беспилотни летала и ракети, пишува Телеграф.

Плановите за изградба на бункер за 800 лица со системи за ладење филтрирано со воздух беа откриени по нападот на украински беспилотно летало врз луксузното предградие на Москва.

Бункерот ќе има можност да го исчисти воздухот од „хемиско оружје за масовно уништување“. Исто така, во бункерот ќе може да се „спроведат медицински процедури во воени услови“, пишуваат медиумите за тендерската документација.

Додека Кремљ брзо ги објави плановите за бункер под ексклузивната Централна клиничка болница, некои московјани ги критикуваа функционерите дека не успеале да ги заштитат обичните луѓе. Се чини дека најмалку три беспилотни леталата ги избегнале системите за противвоздушна одбрана околу Москва во вторникот, а потоа се урнале во Рубиловка, луксузно станбено предградие во кое живеат многу руски богаташи.

Една од резиденциите на Владимир Путин се наоѓа во близина на Рубиловка, а аналитичарите велат дека можеби била цел на напад. Никој не е повреден, но штетата на „елитните“ станбени згради вознемири некои локални жители.

„Каде бегаме? Каде е бункерот?“ напиша една жена на социјалната мрежа Телеграм по првата експлозија што одекна низ главниот град на Русија. Спротивно на тоа, луѓето кои живеат во Киев веќе развија заеднички план за справување со напади со беспилотни летала и ракети. Тие ги исмеваа московјаните што конечно накратко го доживеаја она што тие мораа да го издржат во последните 15 месеци.

Москва има длабок систем на метро дизајниран од советски инженери за да издржи нуклеарен напад. Најдлабоката подземна станица е Парк Победа, која е 83 метри под земја, што е три пати поголемо од длабочината на просечната лондонска метро станица. Главоболка за многу московјани е фактот што метро станиците се ретко поставени.

Руските медиуми веќе објавија дека цените за изнајмување на станови во близина на метро станиците веќе се зголемени. Некои руски милионери почнаа да градат приватни засолништа за воздушни напади. Никита Малежик, основач на BunkerHouse, беше цитиран од руските медиуми во ноември како вели дека побарувачката за засолништа направени по нарачка скокнала за 430 отсто откако Владимир Путин ја нареди првата руска мобилизација по Втората светска војна.

На својата веб-страница, BunkerHouse наведува дека може да изгради приватно засолниште во Москва во рок од 21 ден од добивањето на нарачката. „Опремете го сопственото безбедно засолниште, на само 10 метри од вас. Веќе нема да се плашите да доцните и ќе имате време да земете сѐ што ви треба, мирно и без брзање“, стои во описот на фотографиите од засолништа опремени со вински визби, луксузни кујни и домашни кина, пишува британски Телеграф.

Казнета е градоначалничка во Хрватска, зашто службениот автомобил го користела за приватни цели

Комисијата за спречување судир на интереси денеска ја казни градоначалничката од ХДЗ на Мали Лошињ, Ана Кучиќ со парична казна од 1.000 евра поради злоупотреба на службен автомобил со користење за приватни цели.

Комисијата донесе одлука дека функционерката Кучиќ го прекршил членот 7в од Законот за спречување судир на интереси, изјави портпаролката на комисијата Миа Јуриниќ.

Станува збор за злоупотреба на посебните права за користење службени автомобили“, нагласи Јуриниќ.

Таа е казнета со илјада евра затоа што 24 часа го користела службениот автомобил, иако таквата употреба не е утврдена со прописите на градот Мали Лошињ или со некој друг акт.

Комисијата на денешната седница донела одлука и за предметот против директорот на КБЦ Загреб, Анто Ќорушиќ. Поради неусогласеност во имотната книшка, во врска со информации за ординацијата лекар специјалист на сопругата и нејзиниот ОПГ, добил опомена од Комисијата.

Комисијата ја предупредила и парламентарката Анта Пркачин (Клуб на пратеници на Татковинското движење) затоа што не доставила имотна книшка до Комисијата за 2021 година, објави Индекс .

Јаревски: Власта е очајна и во такви услови превзема очајни чекори

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој што истакна дека власта е очајна и во такви услови превзема очајни чекори.

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој што истакна дека власта е очајна и во такви услови превзема очајни чекори, и се обидува да направи штета но ВМРО-ДПМНЕ е обединета, кохезивна и нема да отстапи од своите принципи и начела.

„Она што е суштински важно и што би можело да има импакт врз тековните случувања во Македонија е една многу јасна порака. Не постои ниту случка, ниту причина ниту пак личност што може да го отргне Христијан Мицкоски и ова раководство на партијата од бранењето на националните интереси. Не постои ниту личност ниту причина што би можело да изврши влијание за промена на нашиот став односно да не дозволиме да се извршат уставните измени под вакви услови односно под бугарски диктат“, нагласи Јаревски.

Јаревски потенцираше дека власта е очајна и во такви услови превзема очајни чекори, и се обидува да направи штета но ВМРО-ДПМНЕ е обединета кохезивна и нема да отстапи од своите принципи и начела.

„Имаме држава која е затрупана во корупција, разградени институции, власт која нема легитимитет и кредибилитет, имаат рејтинг кој што е ист со рејтингот на правосудството. Имаме ситуација на безнадежност и на револт. Во такви услови имаме очајна влада и во такви моменти пристапуваат кон очајни чекори. Од друга страна имаме силна компактна кохезивна, полна со патриотски дух помеѓу себе пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ која што знае што застапува и која што нема намера да отстапи од своите ставови и принципи. Ние нема да отстапиме нема да дозволиме промена на уставот под бугарски диктат“, потенцираше Јаревски.

Пендаровски во Њујорк на средба со Јури Ким и Џим O'Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.

На средбата се разговараше за текот и за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на нашата држава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот. Соговорниците се согласија дека е потребно да се одржи фокусот на реформите, како и подготвеноста за водење на преговорите со Европската Унија.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија, при што претседателот Пендаровски се заблагодари на американската поддршка за членството на Македонија во ЕУ како стратешка определба на македонското општество, соопштуваат од кабинетот.

притисни ентер