Крава на дно на океанот: Направиле бизарен експеримент на 1.600 метри длабочина, кога во темнината им се појави монструм (ВИДЕО) - Канал 5

Крава на дно на океанот: Направиле бизарен експеримент на 1.600 метри длабочина, кога во темнината им се појави монструм (ВИДЕО)

Во обид да откријат како суштествата од длабоко морето реагираат на „големите извори на храна“, тим научници од Кина одлучи да спроведе многу необичен експеримент.

Крава на дно на океанот: Направиле бизарен експеримент на 1.600 метри длабочина, кога во темнината им се појави монструм (ВИДЕО)

Тие го спуштија телото на мртва крава на дното на Јужното Кинеско Море, поточно на 1.629 метри длабочина, југоисточно од островот Хаинан, заедно со камери.

„Тоа покажува стратегија за преживување“

Експериментот имаше за цел да придонесе за разбирање на процесот познат како „пад на китови“ - кога мртвите китови тонат на морското дно и стануваат долгорочен извор на храна за многу суштества.

Откако телото на кравата беше спуштено на морското дно, се појавија тихоокеанските ајкули што спијат (somniosus pacificus), вид што живее на длабочини поголеми од 1.000 метри.

Научниците беа изненадени од однесувањето на поголемите и помалите единки, или поточно од нивните тактики на хранење, објавува LadBible.

Ајкулите подолги од 2,7 метри жестоко ја нападнаа „мамката“, додека помалите ајкули претпазливо кружеа околу неа, како да чекаат на свој ред. Истражувачите претпоставуваат дека ова е хиерархиско однесување меѓу предаторите.

„Ова однесување укажува дека приоритетот во хранењето зависи од индивидуалната сила, дури и во услови на длабоко море. Тоа покажува стратегија за преживување за видовите кои не се хранат сами“, рече Хан Тиан од Центарот за морски истражувања во кинеската провинција Гуангдонг.

YouTube video

„Знаеме малку за нивните движења“

Корисниците на социјалните медиуми прво ја забележаа „бисерно белата насмевка“ на еден од морските предатори. Сцената ги потсети на анимираниот филм „Барајќи го Немо“, каде што главниот негативец е ајкула по име Брус.

Од друга страна, научниците беа изненадени од бројот на пацифички ајкули што спијат во овој регион.

„Иако тие се видени во северните пацифички води и претходно, нивното присуство во југозападниот дел на Јужнокинеското Море покажува дека знаеме малку за нивните движења“, рече Тиан.

Тој додаде дека однесувањето на ајкулите потенцијално укажува дека постои богат извор на храна во овој дел од Јужнокинеското Море.

„Ова прашање е подеднакво важно за разбирање на миграциите на животните и нивното однесување“, заклучи научникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер