3Петгодишно дете успеало да избега од куќата на ужасот: Живеело во фекалии, влечел кебе натопено во урина
РецептиКРАТОВСКИ МАНТИИРецепт на КАТЕРИНА АРСОВСКАПотребни состојки: 800 гр. брашно, 1 лажичка сол, 1лажичка шеќер, ¼ коцка квасец, 500 мл. минерална вода, 1 коцка маргарин, 250 мл. масло, 1л. јогурт или кисело млеко и 3-4 чешни лук. Постапка: Во сад со брашно се става: сол, шеќер и малку квасец. Со постепено додавање на минерална вода се замесува тесто. Откако добро ќе се измеси се остава да отстои 10-тина минути на собна температура. Потоа тестото се размесува и се остава да отстои уште 10-тина минути. Тестото се посипува со брашно и се расукува во поголема кора. Кората се премачкува со полурастопен маргарин во масло. Со нож се расекува во форма на сонце. „Краците“ се преклопуваат наизменично и се премачкуваат со полурастопен маргарин во масло. Добиеното повеќеслојно тесто се остава повторно да отстои 10-тина минути. Тестото повторно се расукува во поголема кора и се премачкува со полурастопен маргарин во масло. Кората се сече со нож на квадратчиња. Две квадратчиња со приближна големина се редат едно врз друго и се ставаат во плех. Се печат во загреана рерна 15 минути на 250 степни При крај на печењето се вадат од рерна и се додава јогурт или кесело млеко и истолчен лук со малку сол. Мантиите се враќаат во рерна да се допечат уште 5-10 минути.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИвица Боцевски и Абдулади Вејсели вечерва во „Само вистинаВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ивица Боцевски и Абдулади ВејселиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Мајките што го прават ова често несвесно ги оддалечуваат своите децаСтручните лица предупредуваат на навиките кои, иако потекнуваат од грижа и љубов, може полека да ја нарушат блискоста и довербата во односот на мајките и децата.Еден од најчестите проблеми во однесувањето на мајките е претераната контрола. Кога мајката постојано одлучува наместо детето, го проверува секој негов чекор и не остава простор за самостојност, детето почнува чувствува притисок и губи доверба. Наместо да го дели своето мислење, сè почесто го задржува за себе, а комуникацијата станува површна и формална. Сличен ефект има честата критика, дури и кога е добронамерна. Ако детето постојано слуша што прави погрешно, тоа може да развие чувство дека никогаш не е доволно добро. Со тек на време тоа доведува до повлекување, избегнување разговор, па детето сè поретко бара поддршка од мајката. Психолозите нагласуваат и дека споредбата со друго дете дополнително го влошува односот. Таа кај детето создава чувство на помала вредност и го оддалечува од родителот, бидејќи постојано чувствува како да не е доволно добро во очите на мајката. Проблемот се случува и кога детските емоции се намалуваат и игнорираат. Ако мајката не слуша или веднаш не нуди решенија, детето стекнува впечаток дека не е важно како се чувствува, па со тек на време престанува да ги дели своите внатрешни дилеми и да бара поддршка кога е потребно. Ни претераната заштита не е безопасна. Иако е природно да сакате детето да го поштедите од грешки, тоа без сопствено искуство не развива самостојност, одговорност и сигурност во себе, што подоцна може да ги отежне и неговите односи со другите. Стручните лица порачуваат дека односот не мора да биде совршен, но мора да биде искрен. Кога постои разговор, разбирање и спремност за промена, блискоста не се губи. Децата треба да се чувствуваат сакани и прифатени и кога грешат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Магазин Два знака дека партнерот е создаден за долгорочна врска, според еден психологСпоред психологот Марк Траверс, привлечноста не е доволна за стабилен и квалитетен однос. Тој издвојува два знака, кои според негово мислење, често покажуваат дека партнерот е спремен за сериозна и трајна врска.Ги дели вашите цели и вредности Траверс верува дека долгорочната компатибилност е многу повеќе од делењето заедничко хоби или интерес. „Долгорочноста на врската зависи од тоа дали партнерите се согласуваат околу големите прашања за животот“, вели тој за „Психологија денес“. Ова вклучува теми како што се децата, финансиите, кариерите, место на живеење и како сакаат да изградат заедничка иднина. Тој додава дека заедничките цели го олеснуваат донесувањето одлуки и постигнувањето компромиси бидејќи двајцата партнери се движат во иста насока. „Здрава долгорочна врска е можна само помеѓу партнери чии животни патеки се компатибилни“, истакнува Траверс. Прифаќање обиди за помирување по расправија Според психологот, ниедна врска не е без конфликт, но поважно од самите расправии е како партнерите ги решаваат. Тој го цитира истражувањето на Џон Готман, кој истакнува дека „прифаќањето на обидите за помирување“ е еден од најсилните показатели за долгорочна стабилност на врската. Ваквите обиди можат да бидат едноставни реченици како: „Жал ми е“, „Можеме ли да почнеме одново?“ или „Ајде да разговараме кога двајцата ќе бидеме помирни“. Траверс објаснува дека токму овие мали гестови се клучни за повторно градење на чувството на поврзаност по несогласувањето. „Во вистински здрава врска, смирувањето на работите е задолжителен дел од конфликтот“, напоменува тој и додава дека вреди да се обрне внимание на тоа дали вашиот партнер ги прифаќа таквите обиди или редовно ги отфрла.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook