Потребни состојки: неколку парчиња крап, 200-300 гр. ориз, 1 главица кромид, 1 морков, 2 лажици икра, 1 лажица црвен пипер, 200 мл. вода, 100 мл. бело вино, малку маслиново масло, сол, сув зачин и бибер по вкус.
Постапка:
Во тава со масло кратко се бланшираат парчињата крап.
Сечканиот кромид и морков се пропржуваат заедно со оризот и икрата.
Се додава една лажица црвен пипер и се зачинува со малку сол, сув зачин и бибер по вкус.
Откако ќе се пропржат состојките, добиената смеса се распределува низ целата тава.
Одозгора се ставаат парчињата крап и се полеваат со 200 мл. вода и 100 мл. бело вино.
Се пече во загреана рерна околу 50 минути на 150-200 степени.