КРАЛСКА ТАВА - Канал 5

КРАЛСКА ТАВА

Рецепт на: МАРИНА БОЖИНОВСКА

КРАЛСКА ТАВА

Потребни состојки : 3 парчиња пилешки стек, 3 парчиња свинско каре, 3 парчиња свински врат, 400 гр. пилешки гради, 400 гр. димен свински врат, 60 гр. рендан кашкавал, 1 тегла корнишони, 1 тегла сечкани печурки, 1 конзерва ананас, 4 резанки праска, 1 крајка леб, супа од печурки, малку масло, ½ маргарин, 2 чешни рендан лук, неколку маслинки и малку свеж магдонос.

Постапка:

Маринираните парчиња месо се печат на скара.

Во тава се топи маргаринот со малку масло.

За тоа време се сечка димениот свински врат и пилешките гради на тенки ленти.

Во тавата се ставаат печурките да се пропржат.

Во земјена тава се реди печениот свински врат на скара, потоа врз него пилешкиот стек и на крај врз нив се реди печеното каре.

Во тавата со печурки се додава рендан лук и се продолжува со пржењето.

Потоа се додава сечкан димен свински врат и пилешки гради и се продолжува со пржењето.

На крај се додаваат и сечканите корнишони.

За тоа време се приготвува декорацијата на 4 стапчиња.

На нив се боцкаат неколку парчиња од ананас и праски.

Откако ќе се пропржат состојките од тавата се додаваат во земјената тава со печеното месо.

Во тавчето се подготвува супа од печурки и се додава во земјената тава.

На средината се става крајка од леб и се боцкаат стапчињата со овошје,

На крај се реди рендан кашкавал и се декорира со малку свеж магдонос и неколку маслинки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер