Кралот Чарлс хоспитализиран, ги откажал сите ангажмани - Канал 5

Кралот Чарлс хоспитализиран, ги откажал сите ангажмани

Британскиот крал Чарлс бил принуден да ги откаже сите најавени ангажмани во Бирмингем откако денеска бил повторно примен во болница на лекување од рак. 

Кралот Чарлс хоспитализиран, ги откажал сите ангажмани

72 годишниот Чарлс беше пуштен од болница оваа вечер и се врати во својата резиденција, Кларенс Хаус.

Според извори блиски до кралското семејство, патувањето во болница било „кратко“ и поврзано со неговата редовна програма за лекување, а палатата инсистира дека „нема драма“.

Неговото височество веќе една година се лекува од непознат облик на рак и неговата состојба е стабилна – изјавил извор од палатата.

И покрај битката со болеста, кралот Чарлс III продолжил со јавните ангажмани, но по совет на лекарите било одлучено да се даде приоритет на неговото закрепнување.

– Откажувањето на веридбата е превентивна мерка за заштита на здравјето на кралот и овозможување непречено закрепнување – додаде изворот.

Перински: Седумнаесет општини воопшто не аплицирале на вториот јавен повик за поддршка

Перински: Седумнаесет општини воопшто не аплицирале на вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти .

Перински: Седумнаесет општини воопшто не аплицирале на вториот јавен повик за поддршка

Вкупно 450 апликативни формулари од 63 општини заклучно со вчера се доставени до архивата на Министерството за локална самоуправа за вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти.

Како што информира министерот за локална самоуправа, Златко Перински на прес-конференција во Владата, 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до максимум предвидената сума, а 17 општини воопшто немаат поднесено апликативни формулари.

Перински појасни дека воопшто не аплицирале општините Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Липково, Пробиштип, Валандово, Росоман, Боговиње, Врапчиште, Маврово Ростуше, Теарце, Дебар, Струга, Битола, Крушево и Долнени.

-Апелираме до сите локални самоуправи да ја искористат оваа можност и да го запазат законскиот предвиден рок за пријавување кој истекува на 30 април годинава, рече Перински.

Нагласи дека исходот од првиот повик јасно потврдува дека намерите на Владата за помош на општините не се само теорија, туку и практичен механизам за промените кои се случуваат на терен.

-Во вториот јавен повик беа предвидени и ставени на располагање до 15 милијарди денари за капитални и инфраструктурни проекти. Се покажа од првиот повик дека најголем интерес има за подобрување на патната инфраструктура, бидејќи од 288 проекти дури 225 се за подобрување на патната инфраструктура и се реализираат преку Министерството за транспорт. Согласно информациите кои ги имаме и во вториот јавен повик во најголем дел фокусот на локалните самоуправи е во делот на подобрување на патната инфраструктура, рече Перински во одговор на новинарско прашање.

Од досега пристигнатите 450 апликации на вториот јавен повик, прецизира, повеќе од 330 се за подобрување на патната инфраструктура.

-Има и проекти кои се за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во делот на животната средина, изградба на училишта, градинки спортски сали,..., рече Перински.

Роковите за изведба на проектите од првиот јавен повик, како што кажа, ги одредуваат локалните самоуправи.

-Од првиот јавен повик 251 проект е со склучен договор, 140 се веќе воведени во работа, 30 се целосно завршени, 33 се во постапка на тендерирање и само за четири воопшто не е започната постапка, истакна Перински и појасни дека кај дел од овие четири проекти била почната постапка која се поништила заради одредени фактори и сега повторно треба да се обнови.

Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот

 Камион „застава" без регистерски ознаки, кој превезувал огревно дрво излетал од патот и удрил во паркиран автомобил, при обид да избега од полицијата, три лица избегале од местото, соопшти денеска СВР Охрид.

Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот

Според информацијата, ноќеска еден час по полноќ, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при ОВР Струга, на локален пат во атарот на струшкото село Мислешево, затекнале товарно моторно возило „застава“ без регистарски ознаки, кое превезувало огревно дрво.

- Откако ги забележал, возачот ја зголемил брзината и тргнал со возилото кон полициските службеници, кои се обиделе да го сопрат по што, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во паркиран автомобил „форд сиера“ со струшки регистарски ознаки. Возачот и уште две лица од возилото го напуштиле местото, по што возилото и огревното дрво се предадени на Шумската полиција, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОВР Струга презема мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ретаљо: Уапсено 21 лице во голема акција против нарко-картелите во Марсеј

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бруно Ретаљo, соопшти дека рано утринава е спроведена голема полициска акција во која се уапсени 21 лице, осомничени дека припаѓаат на организиран нарко-картел кој дејствува во Марсеј.

Ретаљо: Уапсено 21 лице во голема акција против нарко-картелите во Марсеј

Операцијата беше спроведена многу рано утринава и доведе до 21 апсење поврзани со нарко - картел, пишува Ле Фигаро.

„Очекуваме ова да овозможи разбивање на значајна мрежа во Марсеј“, рече Ретаљо на прес-конференција за време на посетата на градот.

Операцијата се фокусираше на мрежа во населбата Ла Кастелан, лоцирана во северните делови на Марсеј, позната како жариште на трговија со дрога и симбол на борбата против организираниот криминал во вториот по големина град во Франција, јавувааат француските медиуми.

Министерот нагласи дека „речиси сите цели“ на акцијата се идентификувани и приведени.

Во операцијата учествуваа 170 истражители, вклучително и елитните единици РАИД и специјализирани интервентни бригади, како и меѓународната агенција Европол.

„Стануваа збор за виссокорангираани членови на мрежата“, рече Ретаљо, изразувајќи надеж дека акцијата му нанела „смртоносен или барем многу сериозен удар“ на криминалниот синџир.

Иако минатата година беше спроведена голема операција, трговијата со дрога во Ла Кастелана не е целосно запрена.

притисни ентер