Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЖивотКралицата Елизабета Втора: Ковид-19 многу ме исцрпи 95-годишната кралица, која беше позитивна на коронавирус во февруари, разговарала за своето искуство во видео повик со персоналот во болницата во источен Лондон.Зборувајќи со поранешниот пациент со Ковид, Асеф Хусеин, кралицата рече за вирусот: „Мило ми е што стануваш подобар...Го остава човек многу уморен и исцрпен, нели? Оваа ужасна пандемија. Тоа не е убаво“. Братот и таткото на Хусеин починале од болеста, објави новинската агенција PA Media. Тој бил третиот член од неговото семејство кој бил хоспитализиран со Ковид-19, откако се разболеле во декември 2020 година. Раскажувајќи го своето искуство, тој и рекол на кралицата: „Се сеќавам дека се разбудив едно утро и ми беше навистина, навистина тешко да дишам. " Тој додаде дека се чувствувал „како да нема кислород во собата“, па дури и ја извадил главата низ прозорецот, „само се обидував да дишам , се обидував да добијам дополнителен кислород“. Хусеин поминал седум недели на респиратор во болницата и сè уште се опоравува. За време на нејзината виртуелна посета, кралицата слушнала и како болничкиот персонал реагирал на огромниот прилив на пациенти со Ковид. Зборувајќи со градежниот тим кој ја изградил единицата „Кралицата Елизабета“ со 155 кревети на 14-тиот и 15-тиот кат во болницата за пет недели, наместо вообичаените пет месеци, таа рекла: „Многу е интересно, нели, кога има некои многу витална работа, како сите работат заедно? Прекрасно, нели? Кралицата,која ја слави својата 70-та година на тронот, имала голем број здравствени проблеми во последните месеци. На една црковна служба во октомври, таа употребила бастун во јавност за прв пат од 2003 година. Подоцна истиот месец, таа направила пауза од кралските ангажмани откако помина една ноќ во болница во централна Лондон, каде што лекарите направија „прелиминарни тестови“ и ја советуваа да одмори неколку дена. Бакингемската палата уште во февруари објави дека 95-годишниот суверен страдала од „благи симптоми слични на настинка“ како резултат на инфекцијата со Ковид-19, но ќе продолжи со лесни должности во Виндзор. Палатата претходно потврди дека и монархот и нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, ги примиле првите дози на вакцината против Ковид-19 во јануари 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПоследното писмо на Меган Маркл до татко ѝ, обвинет за педофилија- знаела што се случува Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца.Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца што му биле упатени, нагласувајќи дека одлуката да одбие контакт со своите деца ја донела за да ги заштити, пренесува британскиот весник The Sun, повикувајќи се на извори. Според весникот, Меган го испратила писмото до нејзиниот татко во декември 2025 година, додека тој бил на болничко лекување на Филипините, по ампутација на ногата поради компликации предизвикани од згрутчување на крвта. Во писмото, како што се наведува, таа вели дека нема да му дозволи да се сретне со нејзините деца и дека повеќе нема да биде во контакт со него. Весникот наведува дека во писмото Меган упатила сериозни обвинувања против нејзиниот татко, вклучително и наводи за неговото наводно непримерно однесување кон малолетниците и дека била свесна дека случајот се разгледува. Томас Маркл моментално е под истрага поради сомнеж дека поседува материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца, што тој го негираше, пишува Сан. Според весникот, спорниот материјал наводно бил пронајден во неговиот дом на Филипините, во неколку кутии. Неговиот син Томас Маркл Јуниор, полубрат на војвотката од Сасекс, изјави дека дошол до материјалот и дека случајот го пријавил во надлежните институции во Соединетите Американски Држави. Сан известува дека на 10 јули, Томас Џуниор го пријавил случајот во Федералното истражно биро (ФБИ), Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца и полицијата во државата Пенсилванија, каде што порано живеел неговиот татко. Томас Маркл постариот ги отфрли обвинувањата во изјавата што ја даде за Дејли Меил во петокот. Меган Маркл проговори за случајот во изјава за магазинот People во која изјави дека е длабоко потресена од информациите кои се појавија и дека нејзините мисли се со сите деца кои можеби биле повредени. Таа исто така изјави дека во 2018 година, писмо со вознемирувачки наводи против нејзиниот татко било испратено до лондонската Метрополитен полиција и службата задолжена за заштита на членовите на кралското семејство и другите заштитени лица. Меган и нејзиниот сопруг, принцот Хари, имаат две деца, седумгодишниот син Арчи и петгодишната ќерка Лилибет. Томас Маркл не присуствуваше на нивната венчавка во мај 2018 година, кога беше придружувана по патеката од кралот Чарлс III. Според магазинот People, Меган за писмото со обвинувања дознала по венчавката, а потоа, како што наведува извор запознаен со случајот, и било советувано да не зборува за тоа јавно за да не се загрози евентуалната истрага. Изворот додаде дека таа е загрижена и за правните последици од јавното изнесување непотврдени тврдења.Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроника15- годишно дете од тетовско било застрелано во стомакот- во полиција сами се пријавиле татко и син На 24.10.2026 во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15 - годишен малолетник од с.Боговиње, тетовско. Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле С.М.(42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с.Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка. Според изјавата на С.М., настанот се случил околу 13:45 часот во с.Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 12 лица се повредени во пукотница во Флорида Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида.Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида, соопшти локалната полициска станица и универзитетот. Полицијата соопшти дека 11 од 12-те повредени лица имале прострелни рани, објави Ројтерс. „Во овој момент, најмалку три од жртвите од пукотницата се во критична состојба, додека девет се во стабилна состојба“, соопшти полициската станица во Талахаси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter