Кралицата Елизабета нема да се меша во шкотскиот референдум

Британската кралица Елизабета нема да се меша во шкотскиот референдум, затоа што монархот во Велика Британија е над политиката, соопшти Бакингамската палата во Лондон.

Реакцијата на службената резиденција на британскиот суверен доаѓа по неколкуте информации во лондонските медиуми за тоа дека кралицата Елизабета „била загрижена од можноста за независност на Шкотска“.

Соопштението на Бакингамската палата претставува реакција и на изјавата на шкотскиот прв министер и лидер на сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП) Алекс Салмонд за тоа дека „кралицата ќе биде горда“ да биде монарх и на „независна“ Шкотска.

Според Бакингамската палата, референдумот за независност на 18 септември е работа на луѓето од Шкотска, а портпаролот на палатата изјави дека „непартијноста и поставеноста над политиката (на монархот) е темелен принцип“ на британската демократија.

- Нејзиното височество, кралицата, се придржува на овој принцип во сите изминати години откако е на престолот, истакна портпаролот на Бакингамската палата.

Во јули годинава, кралицата во Единбург се сретна со лидерот на СНП. Тој сега откри дека бил примен во аудиенција кај кралицата Елизабета и пред две недели, но не соопшти ништо за тоа што се зборувало.

Ова е вторпат Бакингамската палата да соопштува дека кралицата нема да се вклучи во случувањата и дебатите околу претстојниот референдум во Шкотска.

Салмонд, пак, по подолго време повторно објави дека кралицата ќе биде суверен и на „независна Шкотска“.

Дел од лондонските медиуми соопштението на Бакингамската палата го проследија со потсетувањето дека кралицата Елизабета во своите 62 години откако е на престолот, сепак има направено исклучок и се вклучила во политиката.

Во 1977 година за време на одбележувањето на нејзнииот „сребрен јубилеј“ за 25-годишнината откако е британски монарх, таа во говорот пред пратениците и лордовите во Парламентот во Лондон има речено дека „не може да заборави оти е крунисна како кралица на Обединетото кралство на Велика Бритаиија и Северна Ирска“.

Англија и Шкотска се во унија веќе 307 години, колку што постои и Обединетото кралство./МИА


Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Фон дер Лајен: ЕУ смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.

„Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина“, рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

„Претседателот Си одигра важна улога во деескалацијата на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија“, додаде Фон дер Лајен.

Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи

Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 часот, а на полицијата ѝ дале на увид два пасоши на Руската Федерација, додека, според КП, немале визи за патување во Косово.

Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина.

Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 часот, а на полицијата ѝ дале на увид два пасоши на Руската Федерација, додека, според КП, немале визи за патување во Косово.

„На излез на граничниот премин Јариње се затекнати две лица со руски пасоши (едно машко и едно женско) кои немаа визи на Република Косово, а по проверката е утврдено дека лицата немале влез/излез во Република Косово. Според нив, истите дошле од Ниш, Србија, и завршиле на граничниот премин Јариње. Се претпоставува дека дошле по илегални патишта. По налог на обвинителот, двајцата осомничени се испратени во притвор“, се вели во соопштението.

Во врска со случајот против нив Основното обвинителство во Митровица поднело обвинителен акт со барање за депортација надвор од територијата на Косово.

„Основното обвинителство во Митровица за двете приведени лица поднесе обвинителен акт со барање за депортација надвор од територијата на Косово, поради сторено кривично дело ‘Неовластено преминување на гранични премини или гранична линија’“, изјави за медиумите портпаролот на Обвинителството во Митровица, Ваљон Претени.

На 30 септември 2022 година, Владата на Косово донесе одлука дека за сите руски државјани, вклучително и оние со дипломатски пасоши, кои сакаат да влезат, транзитираат или престојуваат во Косово, е потребна виза.

притисни ентер