Кралицата Елизабета бесна: Се побунија чистачките и перачките - Канал 5

Кралицата Елизабета бесна: Се побунија чистачките и перачките

Кралицата Елизабета Втора, наводно, е бесна откако личниот персонал се побунил против планот да остане во т.н. корона-балон во Сандрингем, пишува Дејли Меил.

Кралицата Елизабета бесна: Се побунија чистачките и перачките

Корона-балон во Велика Британија е група на луѓе кои често се заедно на работа или од други причини и за кои треба да се ограничи дружењето надвор од овие групи со цел да се спречи ширењето на инфекцијата.

Така било побарано од тим од околу 20 вработени, што ќе бидат одделени од семејството за празниците, за да останат на нејзиниот имот во Норфолк, и да можат да се грижат за неа, принцот Филип и другите членови на кралското семејство за време на Божиќ.

Но, се верува дека групата - која вклучува чистачи, перачи и вратари - се побунила затоа што не сакаат да се изолираат од своите најблиски дури четири недели. Од персоналот било побарано да останат на имотот еден месец за да можат да останат во „ковид-балон“ за да ја заштитат 94-годишната кралица.

Нивниот бунт значи дека кралицата може да биде принудена да го помине Божиќ во замокот Виндзор за прв пат по 33 години.

Официјалните лица на палатата се во процес на создавање на специјален „балон“ помеѓу Сандрингем и Виндзор, така што кралицата може да патува помеѓу овие локации со истиот тим на асистенти.

- Кралицата е бесна. Персоналот рече дека им е доста од сè. Ова е апсолутно невидено, изјавил добро информиран извор.

- Секој сака да и остане верен на кралицата, но смета дека е претерано барањето да се изолираат од семејството за Божиќ. Со тимот се дискутира за оперативни прашања, но рано е да се шпекулира за Божиќен аранжман, додаде изворот.

Кралицата обично ги поминува своите зимски одмори во Сандрингем, каде патува по Божиќната забава за членовите на поширокото семејство во Бакингемската палата во декември. До неодамна, таа беше во замокот Балморал во Шкотска со нејзиниот 99-годишен сопруг Филип, но на 14 септември отпатува за Сандрингем.

Двојката одлучила да го прекине престојот во Шкотска три недели порано за да помине некое мирно време заедно во интимната околина на фармата во Сандрингем, каде што Филип сега живее сам во ,,скромна ’куќа со пет спални соби.

Во меѓувреме службените лица од палатата создаваат „балон“ помеѓу Сандрингем и Виндзор за кралицата Елизабета и принцот Филип да можат да патуваат меѓу своите резиденции за да се видат. Откако се повлече од поголемиот дел од своите должности, принцот го поминува поголемиот дел од своето време на фармата, бидејќи претпочита мир и тишина, далеку од формалностите на кралскиот живот.

Кралскиот портпарол изјавил дека кралицата има намера да ги намали активностите во Бакингемската палата пред Божиќ. Но, таа би можела да биде принудена да донесе тешка одлука за тоа кого да покани како гости за Божиќ, доколку сегашната забрана за собирање повеќе од шест лица остане во сила до декември.

Упатените велат дека кралското семејство имало намера повторно да ја активира Бакингемската палата штом ќе биде дозволено со прописите за коровавирус.

Замокот Балморал повторно ќе се отвори за јавноста на 3 октомври за обиколки. Принцот Ендру исто така бил виден како го напушта имотот претходно овој месец, откако таму поминал една недела на одмор со неговите родители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра.

Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството.

Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови.

Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа.

Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол

Парфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток.

„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт Мол

Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на „BOÜDOIR – The House of Fragrance“, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во Ист Гејт Мол во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда.

По своето присуство во Битола, „BOÜDOIR“ ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови.

Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како „Atelier Des Ors“, „Profumum Roma“, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, „BOÜDOIR“ го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи.

Со отворањето во „East Gate Mall“, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото.

Бидејќи понекогаш највпечатливиот потпис не се гледа – туку се чувствува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер