Крај за „Hyundai Veloster“ - Канал 5

Крај за „Hyundai Veloster“

Корејската компанија во јули треба да го заврши производството на „Veloster“ во таа земја.

Крај за „Hyundai Veloster“

„Hyundai“ целосно го откажува моделот „Veloster“ по 11 години производство и само четири години од лансирањето на актуелната, втора генерација на ова купе. Заминувањето на „Veloster“ од сцената дојде откако веќе беше објавено овој месец дека производството на хечбекот „Ioniq“ исто така ќе биде завршено во јули.

„Hyundai“ моментално го произведува исклучиво спортскиот „Veloster N“, додека веќе се откажа од стандардната верзија. Моментално овој модел се произведува во еден од погоните на фабриката Улсан 1, каде се склопува и моделот „Kona“. Со доаѓањето на следната генерација на „Konа“, во 2023 година, укинувањето на „Veloster“ треба да ослободи повеќе простор за производство на поуспешниот кросовер.

Се очекува новата „Kona“ целосно да биде претставена во 2023 година, со оглед на тоа што сегашниот модел беше рестилизиран дури на крајот на 2020 година.

Што се однесува до „Veloster“, овој необичен автомобил беше претставен во 2011 година. Тоа беше купе чија лева и десна страна не беа целосно симетрични. Имено, автомобилот има 2 врати од десната страна, а само една од левата страна.

Иако се шпекулираше дека „Veloster“ ќе биде прекинат по првата генерација, новиот модел беше претставен во 2018 година, но очигледно нема да остане долго во продажба.

„Veloster N“ е придвижуван од 2.0 турбо бензински мотор кој произведува 275 коњски сили и 353 Nm максимален вртежен момент.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговори

Новиот 21 пакет санкции на ЕУ против Москва од Руската инвазија на Украина во 2022 година, вклучува одржување на сегашното ниво на горната граница на цената на руската нафта.

ЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговори

Преговорите за новите економски санкции воведени поради војната во Украина се одолговлекуваа откако неколку земји инсистираа на ублажување на поединечните елементи од пакетот.

На 22 јули беше објавено дека 27-те земји-членки на ЕУ донеле привремена одлука да го задржат горната граница на цената на руската нафта на 44 долари за барел во текот на една недела за да се спречи нејзиното автоматско зголемување.

Мерката има за цел да ги ограничи приходите на Москва од глобалниот извоз на сурова нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме

По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка со Владата и со Градот Скопје.

Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк:

https://shorturl.at/L3rcJ

Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата.

Кон барањето задолжително да се приложат и следниве документи:

Важешка лична карта или патна исправа (фотокопија);

Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист);

Фотографии од локацијата по претрпената штета;

Записник од МВР за настанатата штета;

Општина Аеродром ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паѓа довербата во владата на Радев

Само два месеца по преземањето на власта, бугарскиот премиер Румен Радев се соочува со првиот посериозен пад на довербата.

Паѓа довербата во владата на Радев

Новото истражување на „Маркет линкс“ покажува дека поддршката за него и за неговата влада се намалува додека расте бројот на граѓани кои сметаат дека кабинетот не ги исполнува високите очекувања.

Во мај Радев имал доверба од 56 проценти, а 22 проценти од испитаниците изразувале недоверба.

Во јули неговиот позитивен рејтинг се намалил на 50 проценти, додека негативниот се зголемил на 33 проценти.

Меѓу главните причини за падот се реакциите на предложениот буџет за 2026 година, недостигот од убедливи резултати во домашната политика и слабеењето на пораките за решителна борба против корупцијата и стариот модел на управување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер