Крај на ерата! Од хит до пад: „крокс“ веќе не се во мода - Канал 5

Крај на ерата! Од хит до пад: „крокс“ веќе не се во мода

Акциите на компанијата „Крокс“, позната по удобните папучи и сандали „крокс“, паднаа дури за 29,2 проценти во еден ден, откако фирмата предупреди на послаба продажба како последица на американските царини, намалената потрошувачка, но и промените во

Крај на ерата! Од хит до пад: „крокс“ веќе не се во мода

Во вториот квартал, „Крокс“ забележа загуба пред оданочување од 448,6 милиони долари, додека една година претходно имал профит од 296,4 милиони долари. Приходите, сепак, пораснаа за 3,4 проценти на годишно ниво, достигнувајќи 1,1 милијарда долари.

Компанијата предвидува дека нејзините приходи во тековниот квартал ќе паднат за 9 до 11 проценти на годишно ниво, што непријатно ги изненади аналитичарите кои очекуваа благ раст, пренесува „Гардијан“.

Главниот извршен директор Ендрју Рис наведува дека американските потрошувачи станале „многу претпазливи“ и се’ помалку купуваат, загрижени поради актуелните и идните поскапувања.

„Крокс“ исто така предупреди дека новите американски царини ќе го намалат неговиот приход за околу 40 милиони долари во втората половина од 2025 година, а се очекува годишниот трошок за царини да изнесува околу 90 милиони долари.

Компанијата на новата ситуација одговори со мерки за штедење, намалување на залихите и повлекување на промотивните акции за да ја заштити профитабилноста. Покрај наведените фактори, изгледа дека „кроксите“ едноставно излегуваат од мода, пишува „Танјуг“.

За време на пандемијата од коронавирус, оваа „грдa обувка“ стана хит поради удобноста, па ја носеа и некои познати личности. Во последно време, сепак, во мода се враќаат спортските и атлетските патики – тренд кој веројатно ќе продолжи поради претстојното Светско првенство во фудбал 2026 и Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година, пренесува Биз портал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоци

Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.

Засилени сообраќајни контроли за лесни електрични возила и мотоцикли - констатирани 185 прекршоци

Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

Во рамки на засилените контроли, констатирани се 152 прекршоци кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, при што најголем дел, односно 120 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем.

При контролата на лесните електрични возила констатирани се 33 прекршоци најголем број поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти.

Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 45, потоа СВР Тетово – 26, СВР Велес и СВР Струмица по 25, СВР Охрид – 20, СВР Штип – 13, СВР Скопје – 12, СВР Куманово – 10 и девет од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.

Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид.

Поднесени се и пет кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси

„Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода.“

СДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси

Ова го рече премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги одлуките на Врховниот суд за Ласкарци и Јакимовски.

Како еден премиер да брка и да затвора?

Како еден премиер да гони?

Ова е уште еден јасен доказ дека обвинителството работи по налог на Мицкоски.

Тој повеќе ниту се крие.

Тоа го кажува јавно – на телевизија, во Собранието, каде сака.

Премиерот не е обвинител.

Премиерот не е судија.

Премиерот не е полициски инспектор.

Но Мицкоски јавно признава дека „тие“ бркаат и затвораат, а „другите“ (повторно тие) пуштаат.

Тоа значи само едно:

Обвинителството, судовите, АНБ и полицијата се под негова контрола.

Правдата е селективна.

Институциите се инструмент на политичка волја.

Кога сакаат – гонат.

Кога сакаат – се оградуваат.

Кога сакаат – пуштаат, затвораат.

Ова е владеење на една организирана криминална група што ги зароби институциите и јавно се фали со тоа.

СДСМ бара итно враќање на независноста на обвинителството и судството.

Премиерот не смее да гони и да апси.

Законот мора да важи еднакво за сите – не според наредба од владината фотелја.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Психолошка креативна работилница во ООУ „Војдан Чернодрински“

Во ООУ „Војдан Чернодрински“, се реализираше психолошка креативна работилница на тема „Мојот внатрешен чувар“, наменета за учениците од II-б одделение. 

Психолошка креативна работилница во ООУ „Војдан Чернодрински“

Целта на работилницата беше учениците да го препознаат стравот како природен заштитен сигнал на телото, да ги забележуваат телесните реакции при вознемиреност, како и да усвојат едноставни техники за смирување и начини за барање поддршка.

Преку приказната за ежето Боцко, активноста „Семафор за сигурност“ и практични вежби, учениците учеа дека храброста не значи отсуство на страв, туку способност да се препознае стравот, да се реагира соодветно и да се донесе правилна и безбедна одлука. Во рамки на работилницата, учениците изработија цртежи под наслов „Мојата картичка за храброст“, преку кои ги претставија знаците на вознемиреност, начините кои им помагаат да се смират, како и личностите од кои би побарале помош кога им е потребна. Работилницата ја реализираше училишниот психолог Наталија Наумовска Велковска, со цел преку креативни и интерактивни активности учениците да стекнат корисни знаења и вештини за препознавање и справување со сопствените емоции.

Преку реализација на вакви активности, ООУ „Војдан Чернодрински“ придонесува кон развивање на емоционалната писменост, самодовербата, чувството на сигурност и социјално-емоционалните вештини кај учениците.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер