Крај на драматичниот развод на холивудскиот заводник Кевин Костнер - Канал 5

Крај на драматичниот развод на холивудскиот заводник Кевин Костнер

Драмата околу разводот на мегапопуларниот холивудски актер Кевин Костнер заврши.

Крај на драматичниот развод на холивудскиот заводник Кевин Костнер

Легендарниот актер Кевин Костнер и екс сопругата Кристин Баумгартнер конечно решија се околу разводот и ставија крај на судската драма.

Според правните документи до кои дојде ТМЗ, Кевин и Кристин потпишале договор, кој го поднеле до судот. Бидејќи поминаа повеќе од 6 месеци откако Кристин поднесе барање за развод, а според правилата на државата Калифорнија - случајот е завршен.

Детали за нагодбата се уште не се достапни.

Двете страни бараа заедничко старателство над нивните три деца, а Кристин добиваше 63.000 долари месечно како издршка. Таа бараше неверојатни 248.000 долари месечно,без никаква реална причина. Една од ставките што таа ги навела на трошоците била 100.000 долари за естетска хирургија. Сепак, пред одлуката за издршка на детето, Кевин и понудил 75.000 долари месечно.

Кевин и Кристин лично го потпишаа документот со кој се потврдува спогодбата, заедно со нивните адвокати.

Во документот, исто така, се вели дека страните се откажуваат од типичните барања за заеднички часови за родителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?!

 Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич.

Видео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?!

Во еден момент сончање и уживање во природата, а во следниот – сцени како од филмови за катастрофи! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич и со бучава мина покрај изненадените луѓе.

Иако изгледа како мини-торнадо, станува збор за метеоролошки феномен познат под морничавото име – „песочен ѓавол“.

Овој феномен е исклучително редок во Европа, но сушите и екстремните топлотни бранови буквално ја менуваат климатската слика на континентот и ни носат пустински сцени! Што точно претставува „песочниот ѓавол“?

„Песочниот ѓавол“, или песочниот вител, претставува ротирачки столб од воздух што од земјата крева прашина, песок, сува трева и ситни остатоци.

Иако по форма наликува на торнадо, тој настанува на сосема поинаков начин и во сосема поинакви временски услови! Торнадото настанува од буноносни облаци и е поврзано со лошо време, грмежи и дожд, додека „песочниот ѓавол“ се појавува под сосема ведро небо, за време на жешки и сончеви денови без ветер!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти.

За дополнителна заштита и целосно намалување на бројноста на инсектите, акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината.

Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Браја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренција

Македонскиот атлетичар Браја Авиа синоќа на Светското првенство во атлетика за младинци до 20 години постави нов државен рекорд во скок во далечина.

Браја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренција

На шампионатот во Орегон младиот Авиа предводен од тренерот професор Ѓорги Вучков со скок од 7,04 метри што е негов личен рекорд го освои 24 место во конкуренција на 30 скокачи од целиот свет.

Македонската атлетика доби уште едно историско достигнување!

Со овој скок, Брајан го собори досегашниот младински национален рекорд од 7.05 метри, поставен од Славчо Мирчевски во 2010 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер