Итен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема
1Итен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема
БалканКраделе облека од продавници во Атина и ја препродавале во Тирана – уапсени осум лицаОсум лица – членови на криминална организација кои краделе облека од продавници во Атина, со автобус ја праќале во Албанија и ја препродавале во Тирана.Осум лица – членови на криминална организација кои краделе облека од продавници во Атина, со автобус ја праќале во Албанија и ја препродавале во Тирана, се уапсени во паралелната полициска акција во областа Атика поширокиот регион на Атина и во Тирана, соопштија од грчката полиција. Меѓу уапсените на возраст од 33 до 63 години е и 54-годишната странска државјанка која била водач и координатор на криминалната организација и двајца членови од нејзиното семејство, а идентификувани со уште четири лица по кои се трага. Полицијата запленила голема количина украдена облека и 71.420 евра, а организацијата користела девет возила за извршување на кражбите, додека пак операцијата е спроведена со поддршка на албанските власти. Криминалната организација вклучувала две групи: една во Грција, задолжена за кражбите, при што 54-годишната била одговорна за испраќање на украдените производи, со помош на членовите од семејството, со автобуси до Тирана, каде нејзин роднина имал продавница за облека, со цел препродажба, додека другата група била во Албанија, задолжена за прием и продажба на украдените производи во продавница во Тирана, а често објавувале и реклами за продажба на облека на социјалните мрежи за да привлечат купувачи. Во однос на тоа како функционирала мрежата, од грчката полиција информираа дека членовите на организацијата се собирале во атинска населба каде го планирале секојдневниот „распоред“, потоа, со едно од деветте „оперативни“ возила, оделе во продавниците поставени како цел, најчесто без силни безбедносни системи, краделе големи количини облека, а украдените производи ги складирале во магацин во Атина, од каде што со автобуси ги испраќале до Тирана за препродажба. Членовите на групата биле опремени со специјална електронска алатка и силен магнет за производите со уреди за заштита од кражба, често извршувале повеќе кражби дневно, преземале мерки за да избегнат следење и редовно ги менувале изнајмените возила за да не остават траги. Полицијата во Атина расчистила 14 кражби, додека пак при истрага на албанските власти во продавницата за облека во Тирана каде се продавала украдената облека бил пронајден голем број украдена облека со етикети на грчки јазик и со цена во евра. Тагови: Албанија грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветИтен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, разговараше со полскиот министер за разузнавање, Томаш Симонијак, додека расте загриженоста за заканата што Русија ја претставува за НАТО.Симонијак рече дека имал „многу важен состанок“ со Ратклиф, по што ги споделил „најважните информации во врска со безбедноста на Полска“ со премиерот Доналд Туск, без да даде детали, објави „Индипендент“. „Полско-американскиот сојуз е силен и непоколеблив“, додаде тој во објава на платформата X. „Тесната соработка на нашите разузнавачки служби е еден од неговите темели“. Средбата доаѓа во време кога САД ги обновуваат дипломатските напори за завршување на војната во Украина, која ја вовлече Полска директно во конфликтот поради зголемената фреквенција на руски беспилотни летала и борбени авиони во воздушниот простор на источна Европа во последните две години. Како дел од напорите за постигнување мировен договор, Доналд Трамп одржа едночасовен телефонски разговор со Владимир Путин, за време на кој ја повтори својата желба за „брз крај на војната во Украина“, соопшти Кремљ. Во меѓувреме, украинскиот министер за одбрана изјави дека Украина е на добар пат да набави околу 1.000 противвоздушни ракети „Патриот“ од американско производство со помош на сојузниците и заем од Европската Унија.Тагови: Полска ЦИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаж фрла ѓубре во реката Радика (ВИДЕО)Каде се институциите, прашуваат на социјалнит емрежи, откако беше објавено видеото на маж како фрла ѓубре во реката Радика. На видеото се гледа маж, кој излегува од бело комбе и полека си фрла ѓубре во реката Радика, без никаков страв или грижа на совест. Радика, инаку се смета за една од нашите најчисти реки и е заштитена со закон. Закон, што не важи за поеднинци, кои ја сметаат за обично буниште. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
ФормулаАнтонели на оригинален начин ја прослави првата победа во Ф1 во Монца (ВИДЕО)Кими Антонели однесе голема победа на Големата награда на Италија во Монца. 20-годишниот Италијанец стигна до победата откако стартуваше на 19-то место, а подоцна го прослави својот успех пред домашната публика на многу италијански начин - јадејќи тестенини од победничкиот трофеј. Од 19-то место до победа Антонели ја започна трката на 19-то место по казната за промена на делови од погонската единица. Веќе во првите кругови почна да се пробива низ пласманот, а по раниот прекин на трката поради несреќата на Шарл Леклер, продолжи да напредува. Клучен момент се случи на средината од трката за време на виртуелното безбедносно возило. Антонели отиде во боксот по нови средно тврди гуми, додека неговиот колега Џорџ Расел остана на патеката со постари гуми. Антонели го стигна и го престигна четири круга до крајот и ја однесе победата. Расел заврши втор, а Макс Верстапен трет. @kimi.antonelli Not sure there’s a better place to enjoy some ragù 🍝 #f1 #formula1 #kimiantonelli #monzagp ♬ original sound - Andrea Kimi Antonelli Така Антонели стана првиот Италијанец по Лудовико Скарфиоти во 1966 година кој ја освоил домашната трка во Монца. „Како сон од кој не сакам да се разбудам“ Денот по трката, Антонели објави фотографии од прославата на Инстаграм и опиша колку му значеше победата пред домашната публика. „Тешко е да се опише вчера, се чувствувам како да сонувам со отворени очи. Она што го доживеав е нешто што никогаш нема да го заборавам. Подиумот во Монца е тешко да се опише со зборови, исто како топлината на сите фанови и тоа бескрајно море од луѓе“, напиша тој.Тагови: Антонели Монца Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11