Кози во Раштак растат со „Пинк флојд", „Зи-зи топ" и „Лед цепелин" - Канал 5

Кози во Раштак растат со „Пинк флојд", „Зи-зи топ" и „Лед цепелин"

 Кози и „Бластерс", „Џон Вејн", „Пинк флојд", „Зи-зи топ", „Лед цепелин". Навидум „нестварна" комбинација. 

Кози во Раштак растат со „Пинк флојд", „Зи-зи топ" и „Лед цепелин"

Мислиш, стрип-фрагмент од „Автостоперскиот водич низ галаксијата" на Даглас Адамс. Но, не само што постои туку и функционира. Веќе осум години. Во скопски Раштак.

До пред некое време со долга коса и „рокерка", денес со сламено шеширче (од кое ѕиркаат кратки локни) и гранче во устата, Давид Неделковски секое утро си потсвирнува додека ги тера козичките по падините на Скопска Црна Гора.

Си муабети со Хана, Црнка, Бранка, На Бранка мајка ѝ, Зорка, Кефсер, Бела, Милка, Беломеше, Велика, Вики, Марјана, Бело чело, ги гали Големата близначка и Малата близначка, Златица, Олга, Дебелгаз, Бамби, Другарчето, Јована, им подвикнува на Мери, Росана, Шарам-барам, Ноџето, На Ноџето сестра ѝ, Хајди, Цицка 1, Цицка 2, Љуба, Петра, Кара… Притоа, внимателно го следат најмалиот јарец Козјак и двата прча Џип и Дизел.

Откако овој несуден басист и археолог, љубител на природата, на слободата, на животните и уметноста, сфатил дека не се пронаоѓа во град, со своите родители заминал од Скопје и се преселил во куќата на баба му и дедо му во село Раштак.

– Студирав археологија, се обидував да направам и бенд. Пробав и да работам. На неколку места. Бев келнер, шанкер, маркетинг-менаџер. Но… сфатив дека не сум човек за во канцеларија, дека не сакам да играм по ничии правила, дека сакам да имам мои песни, не да свирам туѓи. Во меѓувреме, дома „зовриваше" идејата да се селиме во Раштак. Пред да одлучиме тоа да биде „за стално", татко ми долго размислуваше на што да се ориентираме за да ја ставиме земјата во функција и да бидеме покрај баба ми и дедо ми. Во опција беа крави, овци, пчели. На крај се одлучивме за одгледување кози зашто имаат најдолг период на лактација и практично, секој ден има продукција, раскажува Давид.

Сè веројатно, вели, било сплет на околности.

Денот му почнува со кафе. Не брза многу да ги „спотне" козичките. Прво на „раат" го тера утринскиот ритуал, речиси еден час, па дури потоа се фаќа за работа. Ама, со многу љубов.

– Во овој период од годината можеме да си дозволиме да забушаваме и да спиеме подолго зашто козите веќе не даваат толку млеко, што не е случај напролет. Факт е дека сè уште си ги негуваме градските навики, да спиеме до подоцна, да испиеме прво кафе „натенане"… Најчесто стануваме околу шест, го „влечкаме" кафето до седум, се качуваме горе на фармата и почнува денот. Им велиме „добро утро" на козите, секоја си доаѓа на свое место, сами се редат, објаснува Давид.

Тој не прецизира колку млеко даваат козите иако просекот, вели, е околу 2,5 литри дневно. Пасењето е на отворено, што значи влијаат многу надворешни фактори.

– Ако одгледувањето е шталско, со што се избегнуваат и на некој начин контролираат некои од климатските услови, може да се зборува за одредена количина, за некој стандард. Но вака, не. Се случува козата да ја касне пчела или оса по вимето, па да не јаде два дена или ако грми обично има помалку млеко, нагласува Давид и додава дека планот е количините да се зголемат.

Градот сè помалку му недостига. Се соочувал со тешки периоди во неколку наврати за овие осум години, а за да ги надмине „кризите", ставал во ранец три – четири литри вода и трчал нагоре во планина, колку што го држел здивот.

– Не згрешив. Дури сум и многу среќен што одлучив да бидам партизан, додава низ насмевка.

„Пази кози" е натписот што ќе ве пречека ако одлучите да избегате од скопскиот асфалт и да ја посетите фармата „Кози млеко планина". Семејството Неделковски за добредојде ќе ви понуди домашни мекици со козји јогурт.

Потоа ќе видите како ги хранат козите, накусо ќе ви ја раскажат приказната и ако сакате, со Давид ќе заминете да ги пасете. Ќе се изнауживате во боите и мирисите на Скопска Црна Гора, ќе трчате и ќе се галите со козичките.

Потоа, кога ќе се вратите во куќата на Неделковски, ќе имате можност и да си купите некое од домашните козји сирења – младо непастеризирано крем-сирење, сушено и биено.

Од оваа година меѓу производите се вбројува и кашкавалот.

– Хигиената тука е број еден. Објектот го правевме сами. Јас и татко ми. Сè уште не е сè завршено, ниту сме задоволни од тоа како изгледа во моментов, но клучна ни е функционалноста, напоменува Давид.

На еден од ѕидовите на јаслите виси звучникот од каде што постојано се слуша музика на култните, но и на алтернативните светски рок-бендови. Некогаш „рокнат до даска", некогаш пуштен „на тивко", божем „свири" некое дело од Сати или Дебиси.

„Кози млеко планина" денес брои 72 грла.

Во саботата, 14 септември, кога отидовме кај Давид, всушност беше првиот Отворен ден што го организираше фармата. Вриеше пресреќни дечиња од основното училиште „Песталоци" и други, „возрасни" гости. Сите беа еднакво возбудени.

Децата донесоа и цртежи, кои веднаш беа закачени по ѕидовите на јаслите.

Давид им го долови начинот на одгледување кози. Сите внимателно го слушаа и прашуваа. Се „пикаа" во јаслите, ги закачаа козите. Тие, пак, беа збунети зашто не се научени на толкав метеж. Но, не им требаше повеќе од половина час да се припитомат, да почнат да одат покрај нас, да нè душкаат и да ни грицнат понекој ракав или ногавица.

Повеќе од три часа се движевме низ планината. Се дружевме со козите, собиравме сливи, дренки, шипки.

Денот беше преубав, а искуството треба да се доживее. Веројатно ќе го повториме уште многу пати./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“.

Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите.

Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал.

Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер