Кожувчанка доби признание за најдобар македонски бренд - Канал 5

Кожувчанка доби признание за најдобар македонски бренд

Естрадниот магазин Бекстејџ, на компанијата Кожувчанка и додели признание за најдобар македонски бренд.

Кожувчанка доби признание за најдобар македонски бренд

„Голема чест и задоволство е што токму во годината кога славиме 30 години, ја добиваме оваа награда.

Искрена благодарност до естрадниот магазин Бекстејџ за признанието и честитки за нивниот јубилеј - 18 години успешна, медиумска приказна.

Благодариме на сите вас, нашите потрошувачи - за вашата доверба, лојалност и поддршка сите овие години. Вие сте нашата инспирација да бидеме секогаш подобри!“, објавија од компанијата на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот Мустафа Даути се наоѓало веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

По апсењето на дело на помошник-директорот на Царинската управа, под сомнение дека примил 17.500 евра поткуп, во јавноста се појави нова информација која бара итен одговор од полицијата.

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот Мустафа Даути се наоѓало веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

Дали е точно дека во моментот на апсењето, веднаш зад возилото на уапсениот се наоѓало возилото на заменик-директорот на Царинската управа, Мустафа Даути?

Доколку е така, бараме МВР јавно да појасни:

* Кој се наоѓал во тоа возило?

* Зошто возилото на заменик-директорот на Царинската управа се наоѓало на местото и во моментот на апсењето?

* Дали Мустафа Даути или лицата кои се наоѓале во неговото возило биле испрашувани?

* Дали се истражува дали случајот со 17.500 евра е поврзан и со други лица во хиерархијата на Царинската управа?

Кога службено лице е фатено на дело при примање поткуп поврзан со тендер, истрагата не смее да заврши само кај лицето кое ги примило парите. Мора да се расчисти целиот синџир: кој го организирал, кој знаел и кој стоел зад него.

МВР и Обвинителството имаат обврска да ѝ дадат на јавноста јасни и целосни одговори, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со попладневни врнежи од дожд и засилен ветер

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. 

Утре сончево време со попладневни врнежи од дожд и засилен ветер

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

14 Попова Шапка, 18 Крушево, 22 Маврови Анови, 24 Берово, Претор, Охрид, Прилеп, 25 Крива Паланка, 26 Битола, Виница, Тетово, 27 Штип, 28 Скопје Петровец, Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Велес, 29 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и топло со мала до умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски во посета на Делчево: Дигитални решенија за поефикасни општини и поквалитетни услуги за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска престојуваше во работна посета на Делчево, каде што присуствуваше и се обрати на седницата на Советот за развој на Источниот плански регион.

Андоновски во посета на Делчево: Дигитални решенија за поефикасни општини и поквалитетни услуги за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска престојуваше во работна посета на Делчево, каде што присуствуваше и се обрати на седницата на Советот за развој на Источниот плански регион, пред градоначалниците и претставниците на општините од регионот.

На седницата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и локалните самоуправи, како и за приклучување на општините кон платформата за интероперабилност и Документ менаџмент системот – ДМС.

Платформата за интероперабилност овозможува безбедна размена на податоци меѓу институциите, додека ДМС обезбедува електронско управување и целосна следливост на документите и предметите. Нивната примена значи побрзи постапки, помалку хартија и чекање, поголема транспарентност и поквалитетни услуги.

„Податоците треба да се движат, а не граѓаните. Дигиталната трансформација мора да биде присутна во секоја општина, бидејќи нејзината вистинска вредност се гледа преку побрзи, поедноставни и подостапни услуги“, порача Андоновски.

Во рамки на посетата, министерот Андоновски, заедно со градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, го посети и новиот Туристички културен информатор.

Современиот простор е опремен со поддршка од Министерството за дигитална трансформација и ќе придонесе за подобро претставување на културните, природните и локалните потенцијали на Делчево и Пијанец.

За време на посетата беше истакнато и значењето на Центарот за услуги – ЕТУ, кој веќе функционира во Делчево. Големата искористеност на услугите потврдува дека Центарот е од особено значење за жителите, овозможувајќи им полесен пристап до услугите на јавната администрација.

„Делчево забрзано се развива преку проекти што носат конкретни придобивки и нови можности за граѓаните. Министерството продолжува да ги поддржува локалните иницијативи и современите решенија што го подобруваат квалитетот на услугите“, истакна министерот Андоновски.

Кабинет на Министер

Стефан Андоновски,

Министер за дигитална трансформација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер