Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЗдравјеКовид-19: Во светот над 4,7 милиони мртви, очекуваниот животен век намален за 10 годиниПо повеќе од 20 месеци пандемија, во светот досега од Ковид-19 починаа повеќе од 4,7 милиони луѓе (4.788,874), додека над 200 милиони (232.931,655) се заразиле Активни се над 18,5 милиони случаи, од кои над 92.000 се однесуваат на пациенти кои се во тешка здравствена состојба. Од последици на Ковид-19 досега починаа околу 2,04 отсто од сите регистрирани случаи. Од почетокот на јули почна сериозно да се зголемува бројот на нови случаи, што се припишува на позаразната делта варијанта. На овој сој се должи е намалувањето на бројот на оздравени од инфекцијата, кој само до пред еден месец изнесуваше околу 92 отсто. Во последната седмица се забележува мало забавување на пандемијата, што според дел од експертите, може да се објасни со тоа дека пандемијата го достигнала платото. Сепак тие додеваат дека не може да се предвиди до кога ќе трае овој тренд со оглед на појавата на нови варијанти на вирусот. САД и натаму се лидер во светот според бројот на заразени. Таму досега се регистрирани 43.840,163 случаи, при што има над 38.000 нови случаи. Во таа земја од последиците на овој вирус починаа над 707 илјади луѓе. САД се лидер и кога станува збор за активни случаи, со над 9,8 милиони инфекции во моментов. Потоа следува Индија, каде се чини конечно е ставено под контрола ширењето на коронавирусот. Во земјата досега се регистрирани над 33,6 милиони случаи, од кои 32,9 милиони оздравеле, а 447.362 починале. На трето место е Бразил, каде ситуацијата со коронавирусот и натаму е многу тешка. До моментов во таа земја се регистрирани над 21,3 милиони случаи, од кои 594.652 починале. По овие три држави, но со огромна разлика меѓу нив кога станува збор за заразени лица се Велика Британија, Русија, Франција, Турција, Иран, Аргентина и Колумбија. Потоа следуваат Шпанија, Италија, Индонезија, Германија, Мексико, Полска, Јужна Африка, Украина, Филипини, Перу и Малезија. Што се однесува до смртноста на милион население, на прво место е Перу, а на второ е Босна и Херцеговина. Близу се и Северна Македонија, Унгарија, Црна Гора и Бугарија. На спротивниот пол се земјите од Западна Европа. Бидејќи вакцинацијата напредуваше брзо, бројот на жртви таму нагло се намали. Најдобар пример за ова е Британија, каде што има огромен пад на смртни случаи. Од почетокот на март, имаше само еден ден во кој беа пријавени повеќе од 200 смртни случаи. Нешто повеќе, во јануари беа регистрирани над 1.800 смртни случаи за едно деноноќие, што е повеќе од 10 пати од нивото забележано во последните месеци. Слична е ситуацијата и во Франција, Шпанија, Италија и Германија. Но, вакцинацијата не се одвива со иста брзина во светот, па најсиромашните земји се многу потешко погодени. Пандемијата на коронавирус ја влоши и онака мрачната економска перспектива за најсиромашните земји во светот и многумина веројатно ќе се борат со пандемиската криза со години, предупредија претставници на Обединетите нации. Светот почна да закрепнува од последиците од пандемијата, но закрепнувањето во „две брзини" може „да ги поништи многуте позитивни ефекти од макотрпно изградениот развој", предупреди Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД). Околу една милијарда луѓе во 46 „најмалку развиени земји" би можеле да заостанат уште повеќе зад побогатите соседи, предупредува УНКТАД во својот најнов извештај. Овие земји заедно генерираат 1,2 трилиони долари бруто домашен производ, приближно како Мексико или Индонезија, и сега се на крстопат, рече генералната секретарка на УНКТАД, Ребека Гринспан. – Ним им е потребна силна поддршка од меѓународната заедница за да го развијат производствениот капацитет и институционалната рамка што им е потребна за да се справат со традиционалните и новите предизвици, како што се кризата со Ковид-19 и климатските промени, објасни Гринспан. На повеќето може да им требаат неколку години за да го вратат нивото на БДП пред пандемијата во 2019 година, а најтешкиот удар би можел да почне да стигнува некаде кон средината на деценијата, предупреди УНКТАД. Експертите најавуваат дека сето ова ќе го намали очекуваниот животен век на човекот. Докторката по биолошки науки и професорка на Факултетот за системска биологија на Универзитетот Џорџ Мејсон, Анча Баранова изјави дека главното сценарио за развој на пандемијата со Ковид-19 е трајно намалување на очекуваниот животен век за најмалку 10 години. – Главното сценарио сега е ова: вакцините функционираат некако, вирусот исто така мутира. Сите чекаат. Човештвото полека се помирува со идејата дека очекуваниот животен век е намален за десет години. … Имаме нов природен непријател, посочи Баранова. Таа додаде дека е можно вирусот природно да ослабне со текот на времето. – Постои природна селекција кај секоја популација. И кај луѓето. По две или три генерации, во просек, луѓето подобро ќе се справат со коронавирусот, дури и без лекови. Структурата на вирусите што го погодуваат човештвото, исто така, може да се промени, можеби конечно грипот ќе се намали, наведе Баранова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook