КОВИД-19 го одложи 5-тото „Ретро кар-шоу" во Делчево - Канал 5

КОВИД-19 го одложи 5-тото „Ретро кар-шоу" во Делчево

Кога ќе се спомене зборот олдтајмер во Делчево прво што ќе му падне на памет на секој делчевец е Лоренцо Трајановски, претседател на здружението на клубот „Кралеви на патиштата" (King's of the roads), кој е пасиониран вљубеник во ретро автомобилите.

КОВИД-19 го одложи 5-тото „Ретро кар-шоу" во Делчево

Во услови кога деновиве владее корона-пандемијата, Трајановски, покрај својата редовна работа како пожарникар, времето во карантин го поминува реставрирајќи дел од автомобилите во својот возен парк. Меѓу нив и автомобил од класата на фолксваген, моделот К70, кој во Македонија, како што ни раскажа Трајановски, го поседуваат само четворица пасионирани вљубеници во олдтајмерите.

– Се работи за многу ретка кола, која не се гледа често на овие простори, бидејки е редок модел на олдтајмер. Моделот е произведен во 1974 година и за нејзини години мислам дека е перфектно одржана. За ова возило не сум имал многу проблеми околу одржувањето, затоа што немало потреба за тоа. Како вљубеник во старите автомобили можам да кажам дека во Делчево конкретно најстариот датира од 1966 година. Тоа е форд таунус, автомобил што го поседува делчевецот Емил Илиевски, и москвич што е сопственост на нашите сограѓани Васко и Ангелчо Ристовски, објаснува Трајановски.

Бројот на возила што ги поседува делчевскиот вљубеник во олдтајмерите во моментот изнесува 17 стари автомобили. Неговата идеја е да стигне до бројката од 20 автомобили и потоа да направи мал ретро кар-музеј.

– Сакам да направам еден ретро музеј на стари автомобили, како оној на колегата Дионис Пашлаков од Неготино. За нашиот град ќе значи едно убаво место, кое туристите и граѓаните од регионот ќе можат да го посетат. Тоа се сите планови што мислам дека со текот на времето ќе ги остварам. Дваесет олдтајмери за почеток мислам дека ќе бидат доволни да почне да работи музејот успешно, додава Трајановски.

Делчевскиот вљубеник во олдтајмерите за реставрациите на моделите што ги поседува вели дека секогаш се потребни повеќе финансии за нивно одржување. Сепак, на крајот, како што дополни, секогаш е задоволен кога ќе го види крајниот резултат од направеното.

– Еден од тие автомобили со кои сум задоволен од тоа како излезе реставрацијата е фолксваген буба. За нејзина реставрација одвоив околу 60 илјади денари, но морам да признаам дека вредеше, бидејќи може да погледнете на фотографиите има прекрасен изглед и е многу ретка и стара кола. Автомобилот датира од 1967 година и за нејзини 53 години е навистина нешто прекрасно. Со таа реставрација ѝ го продолживме векот најмалку уште за 20 години. Сега сум во план да реставрирам еден трабант, автомобил што впрочем како и сите други што ги поседувам е редок модел, додава Трајановски.

Како резултат на пасионираноста кон олдтајмерите Трајановски пред неколку години го формираше здружението „Кралеви на патиштата", кое, како што додава, полека но сигурно собира искуства и од година на година не само што организира, туку и учествува на голем број вакви манифестации на Балканот и низ Европа.

– Што се однесува до самото здружение, како дел од соработката со здруженијата од Бугарија, ние од оваа година и официјално влеговме во нивниот календар на настани. Доколку се среди ситуацијата со корона-кризата годинава здружението „Кралеви на патиштата" има покана за учество на „Балкан бус-митинг" во Ниш, Србија. Се работи за настан на кој учествуваат сопственици на комбиња фолксваген Т-3, нешто што од минатата година на неколкуте члена на здружението им стана дополнителна пасија, додава Трајановски.

За што подобра организација за учеството на овој настан од неодамна Трајановски започна со преадаптација на неговото лично возило фолксваген Т-3, модел што освен него го поседуваат уште неколку членови на здружението.

– Како што кажавме по враќањето на животот во нормала планираме првпат како претставници од Македонија да учествуваме на 10-от „Балкан бус-митинг", кој летово ќе се одржи во Ниш, Србија. Учеството на настанот ќе го искористиме да им предложиме на организаторите, доколку за следната година не се закажани местото и терминот за одржување, наредната година да биде во Делчево. Ние таму ќе учествуваме три-четворица членови на здружението, еден од нив е и сопственикот на автосервисот во Делчево, кој ни го отстапува за решавање какви било проблеми со возилата. Таквите возила се прекрасни затоа што можат да се претворат во вистински кампер. Имаме некои нејаснотии затоа што внатре во возилата треба да се инсталира, струја, да се стави вода за што се консултираме со колеги од Грција, Србија и од Бугарија. По западните земји тоа многу се цени, на тие комбиња внатрешно им се сече капакот, а потоа се става специјален капак, со што просторот станува поголем и служи за спиење на повеќе луѓе. Долу имаат опремени спална за двајца, покрај неа има кујна и фрижидер, маса за јадење, така што во план сме да го преадаптираме комбето што го гледате на фотографиите во таков кампер, со што почесто ќе можеме да учествуваме на такви бус-митинзи, додава Трајановски.

За Трајановски, годинава најголем предизвик беше организацијата на 5-тата „Ретро кар-изложба", која требаше да се одржи на 11 април 2020 година, но поради КОВИД-19 се одложи.

– Се работи за ретро кар-изложба што ја почнавме пред неколку години со Емил Илиевски и три-четворица наши сограѓани. На почетокот стравувавме дека можеби нема да бидеме успешни, но меракот беше голем и затоа одлучивме да ја направиме првата олдтајмер-изложба. На неа дојдоа 38 автомобили и тоа за нас беше уште поголем елан за да прерасне во републичка изложба. Првата, како што кажав, беше локална, втората републичка, а потоа третата и четвртата прераснаа во прекрасни собири на балканските олјдтајмерџии. За жал, поради добро познатите околности, оваа 5-та изложба, која беше планирана за 11 април, се одложи, иако за настанот свое учество потврдија околу 80 возила. Договрено беше овде да дојдат колеги од Грција, Бугарија и од Србија, а како дел од преговорите имавме и потврда за учество и на колеги од Косово. Настанот од година на година е сè попопуларен. Пред две години имавме специјална телевизиска екипа од Софија, која направи емисија за нашето „Ретро кар-шоу" и судејќи според коментарите на јутјуб-мрежата, каде што може да се погледне емисијата, тие беа позитивни. Како што тогаш кажа водителот и луѓето беа импресионирани, бидејќи ги радуваше фактот што автомобилите се оригинални, не се дотерувани и шминкани и колите се такви какви што се во гаражите. Остана нивниот впечаток, а со тоа и позитивните коментари, дека оригиналниот изглед секогаш е најскап и најубав, додава Трајановски.

Лоренцо не отстапува од организацијата за овој настан, но како што вели, ќе се организира штом ќе се создадат поволни услови за тоа, за што јавноста ќе биде благовремено известена.

– Апелирам до сите наши колеги, да се чуваат од овој денешен предизвик со кој сите се соочуваме, а потоа слободно, кога ќе дојде време, повторно да се пријават кај нас. Ќе имаме награди за сите учесници, олдтајмерите ќе бидат поделени во неколку категории, ќе следуваат пехари за најдобрите и ветувам дека ќе има што да се види на собирот, додаде за крајот од разговорот Трајановски.

Делчевскиот вљубеник во олдтајмерите го оставивме во работна атмосфера покрај неговиот камион во Територијалната противпожарна единица во Делчево, кој според неговите карактеристики ги исполнува сите услови да учествува на следното 5-то „Ретро кар-шоу" во Делчево кога и да се одржи./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно.

Кариера

Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност.

Кариера

Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро.

Здравје и совет

Не може ништо да ве одмине.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција.

Кариера

Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи.

Кариера

Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи.

Здравје и совет

Не се измачувајте со ситни работи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност.

Кариера

Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола.

Здравје и совет

Работите ви одат се подобро и подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават.

Кариера

Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка.

Здравје и совет

Мали нервози и грижи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа.

Кариера

Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните терапии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата.

Кариера

Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно.

Здравје и совет

Денеска ќе ви биде полесно.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте.

Кариера

што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале.

Здравје и совет

Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни.

Кариера

Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи.

Кариера

Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе.

Здравје и совет

Настинка и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики.

Кариера

Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата.

Здравје и совет

Чувствителност на синусите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски

Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите

Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.

​Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите

Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата.

Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.

Немир, анксиозност и срцеви проблеми

Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење.

Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност.

Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе

Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите.

Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години.

Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата.

Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер