Ковачки: Во „Платформа 1198“ предвидуваме целосна реконструкција на патот Пехчево – Делчево

Изградба на капела, нов пат до село Панчарево.

На митингот во Пехчево пред присутните зборуваше Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во третата изборна единица при што посочи на важноста на изградба на клиничката болница во Штип, посочувајќи дека таа треба да биде регионална клиничка болна која што ќе опслужува граѓаните од источниот дел на Македонија и која ќе овозможи граѓаните да се лекуваат таму, место по здравствени услуги да патуваат до Скопје.

Ковачки зборуваше и земјоделието, во која прилика истакна дека, влада на СДСМ и ДУИ од Македонија земјоделска држава, направија земја која увезува земјоделски производи како што се на пример, доматите и краставиците, кои во последно време се увезуваат од Косово.

Тој, исто така, се осврна и на иселувањето, не само на младите туку и на цели семејства, кои од Македонија си заминуваат освен поради економски причини, туку и поради нефункционирањето на системот. Ако порано, додаде Ковачки, македонските граѓани се иселуваа само поради што во Македонија не можеа економски да опстанат, сега имаме ситуации каде што се иселуваат и добро ситуирани граѓани.

За да му се стави крај на сето ова, Ковачки повика да се излезе масовно на избори, прво на 24 април да се забележи огромна победа, а потоа и на 8 мај големата победа да биде верификувана и Македонија повторно да биде вратена во рацете на граѓаните.

Ковачки се осврна и на проектите за овој регион кои се вклучени во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, „Платформа 1198“ при што ги наброја следните инфраструктурни проекти:

- Предвидуваме целосна реконструкција на патот од Делчево до Пехчево;

- Предвидуваме целосна реконструкција на влезот на Пехчево од Делчево;

- Предвидуваме изградба на нов пат до село Панчарево;

- Ќе го завршиме патот Умлена – Робово – Чифлик;

- За граѓаните на Пехчево ќе изградиме градска капела;

- Нашата влада планира да делегира два милиони евра во четири годишен мандат само за општина Пехчево“, наброја Ковачки, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има проект за целосна децентрализација на општините, со цел граѓаните да живеат подобро и подостоинствено.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер