Ковачки: Во „Платформа 1198“ е предвидено реконструкција на патниот правец Берово – Струмица

Уредување на просторот кај Беровското езеро и низа други проекти кои ќе го подобрат животот на беровчани.

„Во изминативе неколку години во Македонија владее една структура која што е антимакедонска структура, која што воопшто не и мисли добро на Македонија и буквално работи на растурање на институциите, на газење на системот, на растурање на системот“, истакна Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 на митингот во Берово.

„И затоа се создава недоверба кај сите вас граѓани, и затоа се случуваат иселувања од овој крај. Овој крај е еден од најпогодените со масовните иселувања. Скоро да нема дом кој што нема некое чедо надвор испратено во туѓина. И тоа мора да се промени. Тоа мора да го промениме на 24-ти април и на осми мај“, заклучи тој.

Ковачки рече дека додека граѓаните потонаа во сиромаштија и беда, додека од власта го окрупнуваа богатството.

„Иселувањето во Република Македонија зема толкав замав, што може да ни се случи Македонија да остане без работници, да ни се случи да мора да увезуваме работници. Од тие причини мора да ги градиме младите да се развиваат дома. Мора да внимаваме на сите структури, мора да внимаваме образованието да ни се развива по европски терк, мора учениците да добијат книги навреме. А, не да ни остануваат три години без книги“, укажа Ковачки.

Тој посочи дека Македонија е прва на листата по корупција во Европа. Значи најкорумпирана држава во Европа е Македонија. Најмизерна држава во Европа Македонија е. И сето тоа е поради неспособната актуелна власт.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ ветуваме правда во Македонија, тоа што го ветуваа претходниците но не успееја да го донесат. Тие само донесоа амнестија на криминалот, а оној залутаниот во Вилата на Водно тоа го потпиша“, рече тој.

Тој додаде дека за да се воспостави ред во државата, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е вметнато дека ќе има целокупна ревизија на имотот на судиите и на обвинителите. Додека во делот на земјоделието во „Платформа 1198“ е предвидено 800 милиони евра за земјоделците, да има навреме и зголемени субвенции. Инфраструктурата во Македонија со програмата ќе се обнови бидејќи инфраструктурата е значајна за развојот на државата.

Ковачки порача дека за Берово ветува реконструкција на патниот правец Берово - Струмица, реконструкција и проширување со трета лента на патниот правец Берово - Виница, како и реконструкција на патниот правец Берово – Пехчево – Делчево – Македонска Каменица.

„Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на изградба на пристапниот пат до селските гробишта во село Русиново, изградба на локален пат до црквата Св. Марко во село Русиново, асфалтирање на локален пат Берово - Владимирово, како и средување на просторот околу Беровско езеро за развој на туризмот. И многу други проекти кои ќе значат подобар живот за сите Беровчани“, рече Ковачки.

Од митингот во Берово, Ковачки порача дека гласот на граѓаните е силата која ќе донесе промени. Доаѓаат нови подобри времиња.

Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека ја отфрлил идејата на шефот на француската држава Емануиел Макрон за „примирје“ со Русија за време на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Според Зеленски примирјето „ќе му користи на непријателот“.

- Да замислиме за момент дека има прекин на огнот. Прво, ние не му веруваме на (рускиот претседател Владимир) Путин. Второ, тој нема да ги повлече своите војници. Трето, кој гарантира дека Русија нема да ја искористи можноста да донесе трупи на нашата територија, посочи Зеленски.

Макрон се залага за примирје ширум светот за време на Летните олимписки игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз.

Зеленски во интервјуто за АФП наведе и дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.

- Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.

Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје. Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.

- Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина, истакна Зеленски.

Украинскиот претседател во интервјуто се осврна и на тоа со колкава воена опрема располага Украина. Тој истакна дека Украина бара од 120 до 130 авиони ловци Ф-16 за да може да го одбрани небото од 300 руски авиони.

- Ни треба толкав број на Ф-16 за да имаме рамнотежа на силите. Украина има само една четвртина од системите за противвоздушна одбрана што и се потребни и има потреба од 120 до 130 ловци Ф-16 за да се стави крај на доминацијата на Русија во воздухот, потенцира Зеленски. /МИА

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар. Поради надојдената вода евакуирани се жителите од неколку згради.

Според Германската метеоролошка служба во Сар вчера наврнале повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар за помалку од 24 часа.

Според досегашните информации, во силното невреме нема жртви, а при евакуацијата едно лице е повредено.

Голем број патишта во Сар сè уште се затворени, а ограничен е и железничкиот сообраќај.

Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц најави дека ќе ја посети поплавената област.

Поради обилните дождови зголемена е готовност и на надлежните служби и во Саксонија, Тирингија и Баварија./МИА

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

притисни ентер