Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот, државата и организацијата е темел на опстојувањето - Канал 5

Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот, државата и организацијата е темел на опстојувањето

Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот, државата и организацијата е темел на опстојувањето, а Македонија мора да остане отпорна на надворешни влијанија.

Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот, државата и организацијата е темел на опстојувањето

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, беше дел од трибината која се одржа денес, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан Гоце Делчев, на темата „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“.

,,Гоце Делчев е постојано непрекината инспирација за творење, за говорење. Гоце е симболот на македонскиот иделизам, Гоце е симболот и светецот на македонскиот романтизам. Личност која живеела со универзалните човекови врдности, којшто се борел за слобода, се борел за човечки правдини, се борел за одговорност, се борел за чесност. Ги вреднувал трудољубивите, човек којшто не правел разлика по вера и по народност. И токму таквите вредности се основа и за едно политичко дејствување и денеска“, истакна Ковачки.

Тој вели дека во ВМРО-ДПМНЕ, сегашната генарација на политичари се труди да ги следи универзалните човечки вредности за кои се залагал Гоце Делчев: ,,Живееме со, живееме за тие вредности“.

Ковачки посочи дека од историјата треба да се гледа како континуитет меѓу минатото, сегашноста и иднината. Според него, оној кој има моќ да ја обликува сегашноста, може да ја обликува и интерпретацијата на историјата, а со тоа ја насочува и иднината.

,,Оваа наша сегашност е нападната, беше нападната и ќе биде напаѓана. И тоа многу добро го знаеме тоа како Македонци, посебно како ВМРО-ДПМНЕ. Тој што ја контролира сегашноста, тој може да го контролира и минатото, односно да пишува, да допишува, да брише, да додава да одзема. А тој што го контролира минатото, ја контролира и иднатата“, рече Ковачки и додаде:

,,Токму затоа е нападот на денешнава генерација политичари, и токму затоа се случуваат овие, па дури и предавства од одредени македонски структури, кои што заедно во соработка со наадворешни структури го разредуваат македонското ткиво и прават штета на сопствената држава“.

Ковачки истакна дека она кое може да се извлече од учењето на Гоце Делчев, е дека треба да се внимава на чистотата на македонското револуционерно дело.

,,Македонското револуционерно дело, во тоа време, а денеска македонската политика треба да остане имуна на надворешни влијанија. Ние секогаш треба да си ги гледаме сопствените интереси, како што тоа било и за време на организијата во тоа време, меѓутоа и денеска. И така треба да биде и во иднина“.

Според него, нешто што е многу значајно е поентата што ја кажува великанот Гоце Делчев за организацијата и нејзината врска со народот, и како што вели тој, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го докажа во минатите изборни циклуси.

,,Врската помеѓу организацијата и народот е силата на организацијата. Тука ние како генерација политичари го додаваме тројството. Ја дадаваме и Македонија односно организацијата, народот и Македонија. И тоа е темелот и причината за нашето постоење меѓутоа тоа е и последица на наш-ето постоење и на нашето опстојување. Доколку тој темел се подрие нема да и се пишува добро на Македонија“, кажа Ковачки и дополни:

,,И токму оттука, ја влечеме последната поента на која што не учи Гоце Делчев, а тоа е да направиме револуција на умот и на душата. Говорејќи за душата тука мислам на достоинството, а говорејќи за умот, тука мислам на чесноста, на прикривање односно на цeлосно спуштање помеѓу народните маси, слевање со народните маси, нивно осознавање, да се видат проблемите со коишто се соочуваат граѓаните, непокажување елитизам, чесност, одговорност, транспарентност и градење на институции кои што ќе бидат достојни за една модерна македонска држава“, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер