Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
МакедонијаКовачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истотоВчера на површина излегоа сите лаги на СДС и на Бугарија. Сите тези дека само да влезат Бугари во Устав и влегуваме во ЕУ се покажаа како целосна невистина.Гласањето во ЕП за бришење на термините македонски јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија, покажа дека Бугарија нема намера да застане кај внесувањето на Бугарите во Уставот. Всушност, тоа е само изговор за се друго. Целта не била Бугари во Устав туку бришење на јазикот и удирање по идентитетот. Бугарија е разоткриена. Вчера пропаднаа и сите лаги на СДС, чии политики не донесоа до ова дереџе, и кои кога подававме рака за соработка и заедничка национална стратегија не прифатија, туку тераа по свое, продавајќи се што може. И сега, кога го избришаа Македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕП, СДС не чекаа ниту минута, и тргнаа да се ситат. Се е на виделина, веќе нема ништо сокриено. Политиките на Заев и Филипче на ,, еден народ, две држави" и ,,Делчев е Бугарин" сега го земаа својот данок. Жално е што тоа што ние го говоревме, а за жал се случи вчера, го знаеја и во СДС и свесно првин потпишаа штетен договор, а потоа и со сите сили сакаа да ја обезличат нацијата ставајќи ја во процес кој требаше да заврши со целосна негација на Македонскиот јазик и идентитет. ВМРО-ДПМНЕ во таа игра не влезе, и нема да влезе. Само противењето на ВМРО-ДПМНЕ од сам почеток уште кога СДС го потпишуваше договорот ја спаси државата од целосен срам и бришење на идентитетот. Воедно ќе остане запишано и за векови запаметено дека европскиот извештај со македонски идентитет и македонски јазик помина на АФЕТ, на Комитетот за надворешна политика при Европскиот парламент и пред да се донесе срамниот амандман, се најде на масата на сите европратеници коишто гласаа во рамките на Европскиот парламент. Почитувана македонска јавност, Вистинските цели на Бугарија од вчера се на чисто, тие сакаат бришење на Македонскиот јазик и идентитет, бришење на историјата и бришење на вистината. Трагично е што за своите шовинистички политики се обидуваат да ја користат ЕУ. Пораката од ВМРО-ДПМНЕ е јасна, ние нема да дозволиме ново предавство и нема да отстапиме од заветот на ВМРО. Прес-конференција на Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
БалканКонститутивна седница во Српското собрание - почнува смената на властаСо трескавични овации и со добро познатите слогани „Победа“ и „Пумпај“, стотици граѓани ја пречекаа новата власт во Српското собрание.140-те пратеници на Српската листа еден по еден како херои влегуваа во Законодавниот дом, каде што беше конституиран новиот состав на Парламентот. А внатре, судир на две Србии, и кадровски и идеолошки. Од една страна, претставниците на студентите, луѓе без речиси никакво политичко искуство, но со убедливо мнозинство и импресивно образование. Доктори на науки, професори, но и адвокати, културни работници спортисти. Од другата страна, прв пат во опозиција по 14 години доминантна власт, Вучиќ и неговата Српска напредна партија, која уверува дека многу брзо ќе ги врати работите назад. По верификувањето на мандатите, 250-те пратеници положија заклетва. Седницата ја водеше најстариот пратеник, Стојан Раденовиќ. -Се обврзувам дека должноста народен пратеник ќе ја вршам посветено, чесно, совесно и верно на Уставот. Ќе ги бранам човечките и малцински права и граѓанските слободи. , Додека пратениците положуваа заклетва, пораките од надвор беа дека нема да им простат ако скршнат од ветувањата Србија да ја направат демократска и ослободена од корупција. -Дојдовме да ги поздравиме нашите луѓе што народот ги избра и сите тие луѓе да бидат свесни дека ако не работат во интерес на граѓаните лесно ќе бидат заменети. -Успеавме, за ова се боревме. Погледнете ги овие среќни луѓе додека некои треба да влегуваат од задната врата. А, денот на токму на влезната врата почна тензично, кога пратеничката на Напредњаците, актерката Лидија Вукучевиќ беше полеана со јогурт. -Немам зборови. Прво почнаа да ме влечат одзади, потоа почнаа да ме кубат за коса, па ме полеаваасо јогурт. Тоа е недопустливо за било кој поединец. , изјави Лидија Вукичевиќ, пратеничка на Српска напредна партија -Вакво нешто никој никогаш не доживеал. Слободата ќе се врати во Србија многу брзо. , изјави Александар Вучиќ, поранешен претседател на Србија Констуитутивната седница која ја одбележаа две долги паузи, треба да се заокружи со избор на претседател и потпретседатели на Собранието. Акредитирани се околу 200 новинари, а седницата организирано се следи ширум зејава – во амфитеатрите, рестораните, кафулињата.. -Очекувам новото собрание да работи како што треба да работи собрание на една нормална демократска држава., вели жителка на Белград. -Прв пат доживеаме да не ја читаме историјата од книгите, туку сами да а пишувем и дека еден ден нашите деца и внуци ќе ја учат историјата што самите ја напишавме. , вели жителка на Белград. Од денеска течат и законските 90 дена за избор на нова влада. Српската листа засега не го открива името на идниот премиер. Во јавноста досега се споменуваа неколку имиња, меѓу кои и на носителот на листата, кардиологот Илија Срдановиќ и на екс гувернерот на Народна банка, Дејан Шошкиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во ГинисТој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвовите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Планинарот Сашко Кедев на 63 години и 14 дена го искачи последниот врв над осум илјади метри и е највозрасниот човек кој успеал да ги искачи и симне врвовите во зоната на смртта и сите највисоки врвови на седумтте континети, вака македонскиот каридолог е запишан во Гинисовата книга на рекорди. За професорот Кедев ова е затоврање на еден круг на патешествие и самиот денеска со велгувањето во Гинисовата книга на рекорди си го постаува прашањето „како е жив и излегол од одредени тешки предизвици“? Задодоволен што го има неговото име, но и тажен и празен што неговите водичи на сите патишта над осум илјади метри загинаа во лавина. Тој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвоите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Кога искачувате се фокусирани на моментот, не мислите на се друго. така е и што да правите во животот потрено е трпение и мир. Расположено раскажува дека кругот со над осум илјади метри е затворен, но сигурно ќе се врати во Непал. Во моментов е посветен во воведувањето на новините во кардиологијата и секако убаво кажаниот збор за здравјте и важноста. Заедно со неговиот тим и докторката Билјана Зафировска објавиле медицинско достигнување во признато списание. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЗдравјеСветски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбинаСо вакцина против ХПВ може да дојдеме до целосно искоренување на ракот на грлото на матката и ако сега просекот на заболени е околу 120 жени годишно, од кои половина ја губат битката, тоа за една деценија може да стане минато. Ова е пораката на светскиот денот на Ерадикација на карциномот на грло на матка што преку Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари се одбележува и кај нас. Проф. д-р Глигор Тофоски вели елиминација или 0 заболени не е научна фантастика туку е достижна цел, со вакцинација против ХПВ до 15-годишна возраст. Матичните лекари и докторите од вакциналните пунктови апелираат за редовни прегледи и вакцинација, која се препорачува и за момчиња бидејќи и нив ги штити од други типови на карцином. Вакцината до 19 години е бесплатна, над оваа возраст една доза чини 8.000 денари. Опфатот на задолжителната вакцина е далеку од идеален, а најмал број на деца се вакцинираат во Центар, Карпош и Аеродром. Болестите што можат да се превенираат не треба да дозволиме да бидат наша судбина велат од Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter