Ковачевски: За платите на функционерите треба решение со фер вреднување на работата на секого

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, одговорајќи на новинарско прашање во врска со платите на функционерите, повтори дека „треба да се дојде до решение кое ќе направи фер вреднување на работата на секого“.

Кога ќе биде подготвено решението за платите од страна на Работната група, тогаш, рече, ќе може да се разговара за конкретно решение кое ќе треба да биде прифатено од пратениците и сите други избрани и именувани функционери.

Ковачевски не верува, како што напомена, во луѓе што работат без плата.

-Ви кажав дека има Работна група што работи и треба да ги има сите аспекти на располагање, бидејќи тука се работи за два закона по кои се регулираат платите на функционерите. Едниот е Законот за именувани и избрани функционери со кој се регулираат платите на претседателот на државата, претседателот на Собранието, на членовите на Владата, на сите градоначалници, на сите судии, обвинители,..., а другиот е Законот за пратеници во кој се регулирани платите на пратениците. Прво, треба да се дојде до решение кое ќе направи фер вреднување на работата на секого. Тоа е едната опција, а другата опција е да се оди во сосема спротивен правец и да се прави популистичко решение од какви што две популистички решенија двете паднаа на Уставен суд. Едното беше кога беа замрзнати платите на функционерите и кога секретарка во АЕК имаше поголема плата од пример министер за финансии или од претседател на држава или од претседател на Влада. Другото решение беше кога се отиде исто така во уште една крајност, а тоа е кога се кажа функционерите ќе земаат минимална плата, а Уставниот суд исто така го поништи, бидејќи во државата постои систем на плати што не може да биде дерогиран. Гледам различни изјави, видов и министерот Османи што кажа и јас се согласувам со министерот Османи, бидејќи луѓето работат за плата. Има некои што кажуваат дека би работеле без плата, јас во човек што работи без плата не верувам. Имам 25-годишно работно искуство и не верувам во луѓе што се подготвени да работат без плата, истакна Ковачевски.

Министерот Бектеши, пак, на прашањето дали се согласува да му биде намалена платата, одговори дека како член на Владата, ќе го почитува секое решение на Работната група, независно дали е за намалување или за замрзнување на платата.

-Секако дека платата е значителна за секој што работи, било да е во јавниот или приватниот сектор. За моите лични приходи тие се во анкетниот лист и веќе се објавени и сите ги знаат. Дали е важно или колку е важно да биде висината тоа секој одлучува посебно. Јас транспарентно сум го објавил мојот анкетен лист. Ако Работната група одлучи некакво решение во делот на намалување или замрзнување, од моја страна ќе биде целосно поддржана како член на Владата, нагласи Бектеши.

Ковачевски: Посетата на Фон дер Лајен на Скопје е во рамки на редовната комуникација со ЕК, никој не доаѓа некому да врши тортура

Посетата на шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најававена за крајот на месецот е во рамки на редовната комуникација помеѓу ЕК и нашата држава и никој не доаѓа некому да врши тортура, како што кажуваат од опозицијата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Еден од претседателите во опозицијата кажа дека очекувал некој тортура да му прави, гледате дека ниту некому му се случи тортура, ниту некому му се правеше притисок. Македонија нормално функционира, нормално се одвиваат демократските процеси и мислам дека така и ќе продолжи со тоа што ние треба да ги исполниме нашите обврски коишто се однесуваат на преговарачката рамка и да продолжиме со европските интеграции и до 2030 година да станеме земја членка на ЕУ, посочи премиерот Ковачевски на новинарско прашање по посетата на фабриката за производство на сувомеснати производи „Мис Глобус ДОО“ во Скопје.

Тој за посетата на Фон дер Лајен која ја најави вчера за крајот на месецов, рече дека се очекува да биде потврдена како и датумот на посетата.

-Штом ќе биде финализирана (подготовката за) посетата, тогаш таа ќе биде и најавена од страна Европската делегација и од страна на македонската Влада, рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски вчера во изјава за медиумите по посета нa компанијата „Вивакс“, ја најави посетата на претседателката на EK, Фон дер Лајен, на Македонија до крајот на месецов, и посочи дека и францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше во посета на Албанија по Самитот на Берлинскиот процес, исто така изразил желба да ја посети земјава.

Ангелов во Вашингтон на состанок на НАТО Комитетот за градење отпорност

Сојузниците се обврзаа да работат на идентификување и ублажување на стратешките пропусти и меѓусебни зависности. 

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, како висок национален претставник при НАТО Комитетот за градење отпорност, вчера и денеска во Вашингтон, учествува на НАТО состанок во организација на САД, каде високите национални претставници во делот на градење отпорност на земјите члеки на НАТО, ќе имаат простор за динамична размена на информации и дискусии засновани на однапред предвидени сценарија, соопшти ЦУК.

-Сојузниците се обврзаа да работат на идентификување и ублажување на стратешките пропусти и меѓусебни зависности. Ваквиот тип на дискусии, засновани на сценарија, може да го подигнат заедничкото разбирање и координација при заштита на критичната инфраструктура, ланецот на снабдување но и го гарантираат континуитетот на Владата и процесот на носење ефикасни и ефективни мерки во мир, криза или војна, се наведува во соопштението.

Во јули оваа години лидерите од земјите членки на НАТО ќе учествуваат на НАТО самит во Вашингтон на кој ќе се одбележи 75-годишнината од формирањето на најуспешниот и најтрајниот сојуз во историјата. Овој самит, како што е посочено во соопштението, ќе го постави курсот за континуирано прилагодување на НАТО додека заедно ја градиме и браниме нашата иднина.

Наставничка по математика останала бремена со ученик, додека чекала судење за односи со друг

Наставничката по математика Ребека Џојнс (30) од Велика Британија останала бремена со тинејџер додека чекала судење за наводна врска со друг ученик, соопшти судот.

Таа е обвинета дека го намамила 15-годишното момче на сексуален однос купувајќи му ремен Гучи од 345 фунти. Таа потоа го возела со нејзиното бело „ауди“ до нејзиниот стан во Салфорд Кејс каде што имале двапати секс.

Но, и покрај тоа што таа му рекла „би било подобро никој да не дознае“, тој испратил порака на Снепчет на пријател за да му каже дека „штотуку имал секс со г-ѓа Џојнс“. Обвинителите изјавија и дека момчето ја фотографирало наставничката за да му докаже на пријателот што му кажал.

Оваа вест одекна викендов, а веќе во понеделникот полицијата ја повикала Ребека во училиште во Манчестер, каде што била уапсена, било кажано на судењето.

Наставничката била пуштена од затвор со кауција и под услов да не контактира со ниту едно дете помладо од 18 години и била суспендирана од работното место.

Меѓутоа, додека таа го чекала судењето за секс со малолетник, било откриено дека била во долгогодишна врска со друго момче, изјави обвинителот Џо Алман.

Аферата со друго момче, за време на која тој тврдел дека имале секс околу 30 пати, била разоткриена откако таа му рекла дека чека негово дете, изјави Алман. Ова било „шок“ за ученикот бидејќи му рекла дека „не може да забремени“.

Таа и малолетникот (момчето А) првпат стапиле во врска во октомври 2021 година кога му држела дополнителни часови по математика при што го предизвикала да го погоди нејзиниот телефонски број. Момчето мислело дека се шегува кога првпат го поканила во својот стан после училиште. На снимките се гледа како момчето доаѓа во нејзиниот стан каде два пати имале секс.

Од друга страна, малолетникот (момчето Б) ѝ рекол на полицијата дека почнале да се бакнуваат кога имал само 15 години, но Џојнс тврди дека сексуалната активност се случила дури откако наполнил 16 години и кога била отпуштена како учителка. Во следните месеци тие имале односи „повеќе пати на различни места“ во околу 30 наврати, рече тој. Тој рече дека не користеле заштита.

Поднесена кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица”

По цела една година е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица“ кој избувна на 11 мај лани, објави техничкиот министер за внатрешни Тошковски.

„По изготвувањето на анализи во одделот за форензички испитувања на подигнатите траги од лице место - отпушоци од цигари и запалка од страна на полициски службеници извршен е разговор со повеќе лица при што е утврден сторителот на кривично дело “предизвикување општа опасност” 37-годишен скопјанец со иницијали И.Х. Против кого ОЈО Скопје денеска поднесе кривична пријава“, информира Тошковски.

Пријавеното лице веќе се наоѓа на издржување казна затвор во КПУ “Скопје” поради друго сторено кривично дело “тешка кражба”.

притисни ентер