Ковачевски: Судовите се независна власт, ако некој им се мешал во работата ќе треба да пријават

 Ниту јас како претседател на Влада, ниту кој било министер, не се меша во работата на Судскиот совет или на Советот на обвинители.

Правосудните органи треба да бидат на ниво на кое ќе си ја извршуваат својата работа и нема да имаат никакво политичко влијание. Ако некој им се мешал во работата, тоа ќе треба самите да го пријават низ соодветна процедура, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски прашан за разрешувањето на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, по увидот на градежните активности на патот Ранковце- Крива Паланка.

Ковачевски потсети на соопштението на министерот за правда во врска со овој случај и напомена оти го дели истиот став. Министерот во рамките на своите надлежности во Министерството за правда побара да се види записникот од самата седница.

-Јас од првиот ден кога станав претседател на Владата кажав дека ниту јас како претседател, ниту кој било министер, не се меша во работата на Судскиот Совет или на Советот на обвинители и тоа можеше да се потврди низ директен пренос, каде сите граѓани можеа да видат што се случуваше на Судскиот Совет. Она што останува е правосудните органи на ниво кое што е потребно да ја извршуваат својата работа и да немаат никакво политичко влијание, рече Ковачевски.

Тој напомена дека лично немал ниту еден состанок со претседател на суд, а како што рече, ако некој им се мешал во работата, тоа ќе треба самите да го пријават низ соодветна процедура.

-Јас лично не сум имал ниту еден состанок со ниту еден претседател на суд, ниту сум претседател на Судски совет, бидејќи судовите се независна власт, судската власт е независна власт, извршната и законодавната власт се исто така независни и секој мора да си ги извршува своите работи во рамките на своите надлежности, додаде премиерот.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева беше разрешена во средата на предлог на заменикот Селим Адеми. За нејзиното разрешување гласаа седум члена на Советот. Според невладините организации и експертите, разрешувањето на Дамева е незаконско и спрот6ивно на процедурите и Деловникот. Вчера беше закажана седница на која требаше да се избере нов претседател на Советот, но заменик претседателот Адеми ја одложи седеницата за 2 мај поради присуство на сите 13 члена.

Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан

Министерството за надворешни работи на Азербејџан вчера ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.

- Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја, истакна портпаролот на азербејџанското МНР, Ајхан Хаџиев.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на 15 мај го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

- Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Но, Дарманин не презентираше докази за вмешаноста на Азербејџан во немирите на Нова Каледонија.

Француската единица за откривање дезинформации преку интернет, „Вигинум“, формирана како одговор на руските активности во Африка, објави извештај во кој се идентификувани најмалку 86 азербејџански профили кои на платформата Икс шират антифранцуска пропаганда.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание. /МИА

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата

Саутемптон синоќа го победи Вест Бромвич во реванш полуфиналниот натпревар од плејофот на Чемпионшип со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон.

Во првото полувреме немаше постигнати голови. По паузата, Вилијам Смолбон го отвори резултатот, Адам Армстронг со два погодока зголеми на 3:0. Во последните минути гостите намалија преку Седрик Кипре.

Првиот меч заврши нерешено 0:0, па Саутемптон се пласираше во финалето каде ќе се сретне со Лидс. /МИА

Град Скопје: Без соодведни документи и дозволи се монтира панорамско тркало во Карпош

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

притисни ентер