Ковачевски: Со заокружување на бројот 1 граѓаните гласаат за европска иднина

Знаеме дека патот кон ЕУ воопшто не е лесен, знаеме и дека тие не беа секогаш фер кон нас.

Но, само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ можеме да ги одобриме состојбите во здравството, во судството, во образованието и заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата. Од ова, нема откажување!, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница.

Ковачевски нагласи дека само, заеднички и одлучно, можеме Македонија да ја направиме едно убаво и пристојно место за живеење на сите нас.

Изборот на 8ми мај е јасен – или враќање назад кон минатото со ВМРО-ДПМНЕ или напред со нас, со мене, со СДСМ, со Коалицијата за европска иднина, со нашиот претседател Стево Пендаровски, потенцираше Ковачевски.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски наглади дека со заокружување на бројот 1 граѓаните гласаат за европска иднина.

Излезете на 24 април и на 8ми мај и заокружете го бројот 1! Дајте го гласот за Европска Македонија и заеднички, да им обезбедиме сигурна иднина на нашите деца и идни генерации. Нема откажување од иднината!, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер