Ковачевски: Со меѓународната поддршка Отворен Балкан е двигател на евроинтеграциите за регионот

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во рамките на агендата на самитот Отворен Балкан се обрати на тркалезната маса на која присуствуваа претставници на дипломатските претставништва и на меѓународните организации застапени во регионот.

Во своето обраќање, премиерот Ковачевски се заблагодари за поддршката за Отворен Балкан, која како регионална иницијатива е насочена кон олеснување на трговијата и поттикнување на економскиот развој во регионот.

„Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера за нашите луѓе веднаш да ги почувствуваат придобивките од она што го нудиме. Очекуваме тие придобивки да биде почувствувани и во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани", истакна премиерот Ковачевски и додаде дека иницијативата е отворена за сите земји од регионот.

Ковачевски потенцираше дека од политички аспект, Отворен Балкан е насочен кон забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и кон придонесување за секоја од земјите на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија во разумен временски период.

„Отворен Балкан е наш автентичен континуитет на Берлинскиот процес. Со меѓународната поддршка на иницијативата ја засилува европската интеграција на регионот и е во целосна усогласеност со европските политики и регулативи", посочи Ковачевски.

Ковачевски уште додаде дека Отворен Балкан продолжува понатаму со отворање нови можности за граѓаните од регионот како што се соработката во туризмот, поголема културна соработка во регионот и креирање на заеднички календар на културни настани што ќе донесе поголема мобилност на публиката и ќе го поттикне културниот туризам.

Во таа насока тој го нагласи и договорот за меѓусебно признавање на дипломите и научните звања како придонес за слободното движење на луѓето во регионот, како меморандумот за соработка меѓу даночните администрации на земјите од Отворен Балкан.

Другите лидери на иницијативата Отворен Балкан, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот на Република Албанија Еди Рама, како и гостите премиерот на Република Црна Горан Дритан Абазовиќ и претседавачот на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија, во своите обраќања на тркалезна маса истакнаа дека е забележлива поддршката на дипломатските претставници и меѓународните организации во регионот и нагласија дека секоја друга поддршка и препораки се добредојдени за зајакнување на иницијативата.

Со свој придонес за поддршка на Отворен Балкан во оваа дебата учествуваа и еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји, амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир, амбасадорот на САД во Србија Кристофер Хил, заменик амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија Џулија Смит, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (RCC) Мајлинда Брегу, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ, како и извршните директори и високи претставници на УСАИД, на Фондацијата Фридрих Еберт, на Фондацијата Вестминстер, на Републиканскиот демократски институт (IRI), на канцелариите на Атлантскиот Совет во регионот, на Националниот демократски институт ( NDI), како и генералниот секретар Регионалната организација на младинска соработка (RYCO) и директорот на дигиталниот регистер за поврзување на бизнис заедниците од Југоисточна Европа (BIFIDEX).

Во дебатата на тркалезната маса со претставниците на меѓународната заедница во регионот, заменик претседателот во Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ посочи дека регионалната соработка е мотор на евроинтеграцијата на регионот и дека земјите од Отворен Балкан имаат капацитет да ги искористиме бенефитите од регионалното поврзување.

„Многу е подобро регионот да биде отворен, отколку затворен. Кога веќе имаме основа и цврст темел за регионална соработка, треба да го искористиме максимално. Ова е идеална прилика истовремено да се подготвиме подобро за членство во Европската Унија и да создаваме можности за следните генерации да живеат подобро и поубаво на овие простори", потенцираше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на тркалезната маса со претставниците на дипломатските претставништва и на меѓународните организации застапени во регионот.

Преговорите за глобален договор за подготвеност за пандемија влегуваат во завршна фаза

 Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од денеска ги вложуваат последните напори да постигнат договор за склучување договор за глобална подготвеност за пандемии, јави ДПА.

Во пресрет на пандемијата на Ковид, 194-те земји-членки на СЗО повикаа на договор за да се осигура дека земјите се подобро подготвени да се справат со следната катастрофа и дека глобалниот одговор не е толку хаотичен.

Страните сакаат планираниот договор да вклучи мрежа за снабдување координирана од СЗО, така што сите земји ќе можат да пристапат до лековите што им се потребни во итен случај без трговски ограничувања.

Слично на тоа, дел од произведените лекови или вакцини ќе им бидат дадени на посиромашните земји бесплатно или по ниска цена. Одредбите ќе важат само за земјите што ќе го ратификуваат договорот. Тој ќе стапи во сила откако 60 земји ќе го ратификуваат документот.

Целта е договорот да биде усвоен на овогодинешното Светско здравствено собрание - тело за одлучување на СЗО. Средбата ќе започне на крајот на мај.

Последната рунда разговори на почетокот на оваа година не успеа, а разговорите кои започнуваат денеска се сметаат за последна шанса да се постигне договор пред крајниот рок во мај.

Во обид да се постигне консензус, преговарачите претставија многу покондензиран нацрт-договор од претходната верзија. Сегашниот се состои од 23 страници, изоставувајќи многу контроверзни одредби.

Едно од контроверзните прашања е дали и на кој начин фармацевтските компании треба да бидат обврзани да споделуваат експертиза и да обезбедат дел од своите производи на посиромашните земји.

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ тврди дека договорот треба да се однесува на прашањата поврзани со глобалното здравје, здравствената заштита и правдата, а не само да ги штити интересите на индустријата. /МИА

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

- Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци... Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. 3атоа, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.

- Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот, објаснува д-р Рестак.

Советот гласи: Откажете се од алкохолот по навршувањето 65 години.

- На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а можноста и за паѓање е поголема, појасни лекарот.

Наводите говорат: Стапката на смртност од пад е во раст - особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови. /МИА

Изборната кампања во полн ек - се заострува реториката меѓу партиите

Изборна кампања во полн ек во која секое ветување се става на вага. Вака комуникологот Бојан Кордалов гледа на кампањата за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои ќе се одржат на 8 мај.

Вели дека се што ќе им се вети на граѓаните ќе се следи колку ќе биде исполнето.

-Веќе во вториот круг можеме да видиме една динамика којашто за актуелната власт ќе ги одрази следните четири години на начин на функционирање, како ќе се преструктуираат и слично, додека за актуелната опозиција сериозен тест колкави какви ветувања ќе дадат во случај да навистина успеат како што ветуваат да ја формираат владата че мора многу бргу да ги спроведуваат. Сега секое ветување се става на вага и секое ветување се запишува и многу јасно ќе се следи. – Бојан Кордалов – Комуниколог

Иако вели дека политичките пораки и меѓусебните прозивки и провокации кои доминираат во овој период, пресудно влијание врз гласачите нема да имаат со оглед на тоа што најголемиот дел од граѓаните кои излегуваат на гласање уште претходно знаат за кого ќе гласаат.

-Значи 20 или 40 дена чуда не прават. Можеби некој незначителен дел да променат но генералната слика не. Тоа е истражување, тоа е факт, тоа е искуство досега тоа е пракса. Но партиите мора да разберат, и кандидатите дека тоа што го зборуваат денеска е тајмер којшто почнува да врти за следните година, две, три и ги отсликува нивните амбиции каде ќе бидат следните години. – Бојан Кордалов – Комуниколог

Од изборната капања остануваат уште помалку од десет дена. Загрижувачки, вели Кордалов е што и понатаму останува висок бројот на граѓани кои не гласаат, но ниту на овие избори помеѓу два круга, не очекува дека ќе има промени во бројките околу излезноста.

притисни ентер