Ковачевски на крајот на Самитот: Да се видиме наскоро со истата енергија и со нови идеи

Самитот на „Отворен Балкан", кој се одржа во Охрид и чиј домаќин беше премиерот Димитар Ковачевски, заврши успешно и резултираше со потпишани договори.

Самитот на „Отворен Балкан", кој се одржа во Охрид и чиј домаќин беше премиерот Димитар Ковачевски, заврши успешно и резултираше со потпишани договори, кои се со конкретни позитивни придобивки за граѓаните од регионот во сферата на туризмот, културата, во соработката на даночните администрации на земјите од иницијативата.

Премиерот Ковачевски на завршната церемонија, на ручекот приреден за лидерите, учесниците и гостите на самитот, им се заблагодари на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на албанскиот премиер Еди Рама, како оперативни тимови, за целосната посветеност и ангажираност во реализацијата на сите активности кои произлегоа во подготвителниот период пред организирањето на самитот „Отворен Балкан" во Охрид.

Ковачевски им се заблагодари на премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и на Зоран Тегелтија, претседавач на министерскиот совет на Босна и Херцеговина, кои како гости пристигнаа во Охрид, и изрази надеж дека иницијативата наскоро ќе се прошири и со останатите земји од регионот.

Премиерот Ковачевски го поздрави и присуството на комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија Оливер Вархеји, како видео обраќањето на Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави и специјален пратеник за Западен Балкан.

Исто така, Премиерот го подвлече и учеството на деловните, бизнис заедници од регионот, кои ги прифатија сите иницијативи и со безрезервна поддршка учествуваа во креирањето на политиките за олеснување на соработката и регионалното поврзување, за слободен проток на патници, стока, капитал и услуги, како основа за поголем развој на економиите.

„Вратите на Отворен Балкан остануваат отворени. Добредојдени сте во секој момент. Да си честитаме за успешно реализираниот самит во Охрид. Да се видиме наскоро со истата енергија и со нови идеи и проекти за унапредување на нашата соработка. Да продолжиме да го градиме новиот лик на Балканот. Балкан на 21 век. Балкан на соработка, разбирање и прогрес", истакна премиерот Ковачевски во завршната здравица, со која успешно беше завршен самитот на „Отворен Балкан" во Охрид.

Во оваа прилика, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на премиерот Ковачевски, на претседателот на Србија Александар Вучиќ, на претседателот на Владата на Албанија Еди Рама, и на поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев, им го врачи признанието „Голема плакета во чест на одбележување на 100 години од формирањето на Стопанската комора", која комората им ја доделува за посебен придонес за регионална бизнис интеграција.

На самитот „Отворен Балкан" во Охрид беа потпишани Договор за соработка на Западен Балкан во полето на взаемно признавање на дипломи и научни титули издадени во високообразовните институции и други овластени институции, Меморандумот за разбирање и соработка во областа на туризмот, Меморандум за соработка во културата и Меморандумот за разбирање и соработка на даночните администрации меѓу земјите од регионот.

На потпишувањето на документите од трите држави-иницијатори на „Отворен Балкан", во рамки на самитот во Охрид, претходеа неколку панел сесии, на кои се обратија лидерите, претставници на меѓународната заедница, на стопански комори и на разни други институции, на кои беше истакнато дека земјите од Западен Балкан се тесно поврзани и дека нивната соработка е поттик за унапредување на регионалната соработка и за напредок на секоја земја одделно.

На Самитот на иницијативата „Отворен Балкан" во Охрид беше договорена брза реализација на договореното и развивање нови проекти за олеснување на животот на народите од регионот, кои ќе бидат утврдени на идните работни средби во Белград и Тирана.

Најмалку 93 лица загинаа во поплавите во Кенија

Кенија го одложи отворањето на училиштата за една недела поради последиците од големите поплави предизвикани од обилните дождови кои ја погодија оваа источноафриканска земја од средината на март и досега однесоа речиси 100 животи.

Се проценува дека 93 лица загинаа во поплавите, а се очекува бројот да се зголеми откако синоќа се преврте брод во северниот округ Гариса.

Кенискиот Црвен крст соопшти дека 23 лица биле спасени од чамецот, но десетици се уште се водат како исчезнати.

Во соопштението на Министерството за образование се наведува дека во поплавите тешко се оштетени некои училишта. Локалните медиуми објавија дека повеќе од 100 училишта се поплавени, а на многу од нив им се урнати ѕидови и покриви.

Сите училишта кои денеска требаше да бидат отворени, го одложија тоа за 6 мај.

Обилни дождови ја погодија Кенија од средината на март, а Одделот за метеорологија на земјата предупредува на опасност од нови врнежи.

Најголем број жртви се евидентирани во главниот град на Кенија, Најроби, каде во вчера беше поплавен и аеродромот. Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека се поплавени пистата, терминалот и товарниот дел на аеродромот.

Повеќе од 200.000 луѓе низ земјата се погодени од поплавите, а куќите беа потопени во областите подложни на поплави додека луѓето бараа засолниште во училиштата.

Кенискиот претседател Вилијам Руто побара од Националната служба за млади да обезбеди земјиште за привремени кампови за погодените од поплавите.

Во источноафриканскиот регион се соочуваат со поплави поради обилните дождови, а во Танзанија се пријавени 155 загинати, додека повеќе од 200.000 се погодени во соседен Бурунди. /МИА

Гвардиола: Арсенал повеќе нема да губи бодови, ние ако ремизираме нема да ја освоиме титулата

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим треба да победи на сите преостанати натпревари доколку сака да ја освои шампионската титула во Англиското фудбалско првенство.

- Мислам дека Арсенал повеќе нема да губи бодови. Ова е слично на ситуацијата со Ливерпул во минатото. Нас ни остануваат уште четири натпревари, пат тежок како да се искачиме на висока планина. Ако негде ремизираме, нема да го освоиме шампионатот, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е втор на табелата во Премиер лигата со 79 бодови од 34 натпревари. Лидер е Арсенал со 80 бода по 35 кола.

До крајот на првенството, Арсенал ќе игра дома со Борнмут и со Евертон, а ќе му гостува на Манчестер јунајтед.

Сити ќе го пречека тимот на Вулвс и на Вест Хем, а ќе гостува кај Фулам и на Тотенхем. /МИА

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

притисни ентер