Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
2Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
3Онколог предупреди на 5 производи кои го зголемуваат ризикот од рак, некои често се користат (ВИДЕО)
МакедонијаКовачевски: Историското зголемување на пензиите обезбедува квалитетен животен стандардСпоред Ковачевски, Владата во отворен дијалог го прифати моделот, кој Сојузот на здруженија на пензионери го предложи како нова методологија за континуиран раст на пензиите.Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денеска имаше средба со членството на Сојузот на здруженијата на пензионерите, на која се разговараше подетално за вредностите на новата методологија за раст на пензиите, која се реализира за континуирано обезбедување квалитетен животен стандард на сите категории граѓани. Според Ковачевски, Владата во отворен дијалог го прифати моделот, кој Сојузот на здруженија на пензионери го предложи како нова методологија за континуиран раст на пензиите. Методологијата е работена според швајцарскиот модел со кој усогласувањето на пензиите ќе се врзе за порастот на трошоците за живот со 50%, и за просечна плата, исто така во висина од 50% и ќе започне да се применува без дополнителни одлагања, со септемвриската пензија годинава. „Дополнително, обезбедивме и директна финансиска помош, и речиси 330 илјади пензионери ќе добијат по 1.000 денари плус со мартовската, априлската и пензијата во мај. Тоа се дополнителни 3.000 денари за овие три месеци, кои се исклучително добредојдени во овој период на продлабочена криза", изјави премиерот Ковачевски по средбата оценувајќи ја соработката со Сојузот на здруженијата на пензионерите и останатите релевантни општествени чинители од голема важност за Владата, заради заедништвото во носењето на значајните одлуки. Тој посочи дека, во 2022 година за 12 месеци, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат вкупно годишно околу 12.000 денари плус, односно просечно скоро 200 евра повеќе во домашниот буџет за истата година. „Ова е историско и рекордно зголемување - пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, по завршувањето на финансискиот пакет од по 1.000 денари за 3 месеци, а со воведувањето на новата методологија од септември па натаму, секој месец ќе имаат просечно по 900 денари плус на својата сметка", рече Ковачевски, додавајќи дека согласно проекциите на крајот на 2022 година се очекува зголемување на просечната месечна пензија на околу 17.300 денари, споредено со крајот на 2021 година, кога во просек пензијата беше 15.876 денари. Ова се случува во година кога имавме и едно од најголемите зголемувања на пензиите досега. Со последното усогласување од 2,9%, во јануари годинава пензионерите имаа зголемување од најмалку 460 денари, што значи дека оваа Влада докажа дека постојано и во континуитет се грижи за сите пензионери, кои во својот работен век придонесувале и вложувале во градењето на заедничката држава, да имаат услови за достоинствени пензионерски денови и пристоен и мирен живот. „Граѓаните да бидат спокојни, пензискиот фонд е стабилен и тоа е резултат на добрите економски политики на Владата, успешното менаџирање на Фондот и креираните резерви. Исто така, ова се должи на зголемената наплата и приходи од придонеси во 2021 година, од страна на УЈП како и на очекуваниот пораст на вработеноста и дополнителни приходи од придонеси", порача Ковачевски додавајќи дека за речиси 330.000 пензионери е создаден квалитетен пензионерски систем и трајна и одржлива методологија којашто нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. „Сето ова, додаде Ковачевски, Владата го остварува без да ги зголеми стапките за пензиски придонеси, што значи дека нема да има дополнително оптоварување на бизнисот". Претседателката на Сојузот, на здруженијата на пензионери, Станка Трајкова во изјавата за медиумите изрази големо задоволство од остварениот дијалог и ја поздрави отворената и плодна соработка со Владата. Таа додаде дека денешната средба ја искористиле и за разговори за други конструктивни предлози и прашања од интерес за пензионерите и истите со ресорните министри ќе бидат разгледани. Премиерот Ковачевски ја искористи денешната средба, на ден пред 8 Март, на сите членки на Сојузот на здруженијата на пензионери, да им го честита Меѓународниот празник, истакнувајќи дека жените рамноправно и еднакво учествуваат во градењето на нашата држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС ја саботира институционалната постапка за Алта банкаСДС ја саботира институционалната постапка за Алта банка, граѓаните не сакаат лекции за финансиска одговорност од нив.СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот. Наместо да ги спинуваат изјавите, треба да покажат одговорност и да престанат со свесен обид за создавање паника. А за финансиски текови и одговорност, нека се потсетат и на 110 милиони евра насочени до струмичките фирми врзани со Заеви. Надлежните информираа дека се работи на изнаоѓање решение за да не бидат граѓаните оштетени, a Венко со својот тим на хипокрити на ова реагираат со обиди за делегитмирање на институцијата и исполнуваат туѓи агенди, и додека беа на власт и сега како опозицијa. Со ова, се обидуваат да префрлат одговорност за исходот од случајот со Алта банка, иако одлуките и надлежностите се разгледуваат според законска институционална поставеност. Оттука, го повикуваме ЈО да ги испита наводите и евентуалното постоење елементи на кривично дело саботажа од член 315 од Кривичниот законик, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиНевиден хаос во рингот- масовна тепачка по завршувањето на мечот во Турција (ВИДЕО)Боксерски натпревар во Турција помеѓу Умут Чамкиран и Мурад Алиев се претвори во тотален хаос откако заврши, бидејќи во рингот избувна масовна тепачка, и тоа додека телевизиските камери беа вклучени.Во рингот се појавија огромен број луѓе, и многу брзо сè стана хаотично, а беа упатени и првите удари, по што ситуацијата целосно ескалираше во масовна тепачка. Снимките ги прикажуваат и боксерите како учествуваат во хаосот. Тензиите се зголемија масовно, додека во рингот имаше над 50 луѓе. Тие се фрлаа од јаже на јаже, и не е познато дали има повредени. Обезбедувањето на крајот се стрча во рингот за да ги раздели сите присутни, иако им требаше долго време да воспостават контрола, со оглед на бројот на луѓето. View this post on Instagram A post shared by Tanju Karadağ Kick Boks (@tanjukaradag.official) Тагови: масовна тепачка рингот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФон дер Лајен по нападот во Краков: Посилни сме од омразата и екстремизмот, Европа е со Полска Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска го изрази своето тагување и неверување по нападот во Краков.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска го изрази своето тагување и неверување по нападот во Краков, велејќи дека знамињата на ЕУ се спуштени на половина копје во спомен на жртвите и во знак на почит кон службите за итни случаи кои реагираа на нападот. „Тие го претставуваат европското единство и солидарност. Посилни од омразата. Посилни од екстремизмот“, рече фон дер Лајен на платформата X. Таа во друга објава рече дека нејзините мисли и срца се со жртвите, нивните семејства и сите жители на Краков. „Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите. Им се заблагодарувам на херојските полицајци кои ги ризикуваа своите животи за да реагираат. Европа е со Полска во тага и солидарност“, рече претседателката на Европската комисија. Полска денес започна дводневна национална жалост за убиството на шест лица во масовното пукање во Краков вчера, за кое полската влада рече дека веројатно било инспирирано од крајно десничарската идеологија, додека полицијата ги засили безбедносните мерки. Според полициските наоди, сторителот на нападот во Краков во саботата бил полски државјанин и жител на Островјец Свјетокржиски, кој имал дозвола за огнено оружје и немал криминално досие. This morning, Europe woke up in grief and disbelief after yesterday’s horrific attack in Krakow. Our flags fly at half-mast in honour of the victims and the brave first responders. They stand for European unity and solidarity. Stronger than hatred. Stronger than extremism. https://t.co/DCdyg6CqLj — Ursula von der Leyen (@vonderleyen) November 8, 2026 Според полската новинска агенција ПАП, полицијата пронашла голем број огнено оружје и муниција во неговиот автомобил. Во пукотница на Главниот плоштад во Краков во саботата попладне, маж (24) застрелал шест лица од возило во движење, а во неговата куќа биле пронајдени уште три тела, за кои се сомнева дека се родителите и сестрата на напаѓачот. Меѓу жртвите на пукотницата на Главниот плоштад во Краков се четворица полски државјани, еден британски државјанин и една жена која не е од полска, изјави денес Кшиштоф Кленцар, војводата на Мала Полска. Според него, меѓу повредените, кои се 16 и се лекуваат во шест болници, има 11 Полјаци и пет странци, од кои 14 се во стабилна состојба, еден во сериозна состојба, додека сторителот е во критична состојба. Тој бил подложен на неколку операции во текот на ноќта во болница во Краков и неговата состојба во моментов е опишана како критична.Тагови: краков Фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44