Ковачевски : Инвестиции во снабдувањето со струја и парно греење во Скопје

Интегрална изјава за инвестициите во подружница ,,Енергетика” во Гази Баба-Скопје.

“ Почитувани,

Денес сме во работна посета на подружницата на АД ЕСМ, ,,Енергетика”, каде од неодамна имаме назначено нов директор, Далибор Богдановски. Заедно со директорот и со неговиот тим ќе поразговараме за неколку значајни проекти кои се во тек и кои ни претстојат, а кои се од значење за подружницата ,,Енергетика” и особено за жителите во овој дел на градот Скопје. Тие проекти се:

• проширувањето на топловодниот систем,

• модернизацијата на самата подружница,

• изградба на гасна електрана и

• поставување кровни фотонапонски електрани.

Пред се , посветени сме на тековниот проект, а тоа е проширување на топловодниот систем кој ќе даде нови приклучоци за парно греење во населбите Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Хиподром.

Станува збори за нови приклучоци за 350 домаќинства во Автокоманда, зајакнување на мрежата, заштеди за домаќинствата и можности за нови приклучоци во Железара, како, како и приклучување на греење на три нови згради во Гази Баба. Вкупната проценета вредност на инвестицијата изнесува 260.162 евра.

Паралелно со ова, тече и проектот за модернизација на самата подружница, нејзината технологија и системи за работа.

Зафатот подразбира реконструкција на трафостаниците Север и Југ и реконструкција и модернизација на електродистрибутивниот систем и имплементација на smart grid управување, што ќе чини околу 23 милиони евра.

KfW банка одобри грант за изработка на фисибилити студија, после што ќе се пристапи кон следните фази на постапката согласно процедурите на KfW банката.

Понатаму, во рамките на Енергетика планирана е нова гасна електрана со моќност од 50 MW до 200 MW.

Вкупна проценета вредност на инвестицијата изнесува од 35.000.000 евра до 140.000.000 евра зависно од инсталираната моќност.

Новата електрана треба да го надополни недостатокот на електрична енергија во зимскиот период и да обезбеди производство на енергија и топлина од природен гас, со што ќе остварува заштеда на енергија преку енергетски ефикасна комбинирана когенеративна електрана и ќе се постигне намалување на вкупните емисии на CO2, SO2, NOx и тврди честички во вкупниот процес на производство на АД ЕСМ.

Во Енергетика ќе продолжиме со зголемување на производството на чиста енергија и со поставување кровни фотонапонски електрани на самите објекти и постројки во подружницата, конкретно на управната зграда и на трафостаницата Југ. Вкупната вредност на инвестицијата за кровна фотоволтаична електрана изнесува 75.000 евра.

Дел од овие проекти ни се веќе започнати во изминатите две години со кредитирање преку меѓународни финансиски институции, а дел се дел од Интервентниот план за инвестиции објавен од Владата и од премиерот Заев.

И во иднина интенцијата на Владата и на АД ЕСМ е силно да се посветиме на зеленото сценарио во енергетиката, затоа што здравјето на луѓето ни е најважно.”

АД ЕСМ

Ума Турман на црвениот тепих на „Time 100“ посебен фустан (ФОТО)

Ума Турман изгледа сензационално додека им се придружи на ѕвездите од А-листата на овогодинешниот TIME 100 Gala вчера вечер во Њујорк.

Ѕвездената актерка на црвениот тепих се појави во впечатлив сатенски фустан во неодредена боја. Во еден момент со сигурност би рекле дека е виолетова, а од друг агол изгледа целосно кралско сино.

Фустанот без ракави до подот, собран на половината, содржи и декоративен дел кој делува како голема лента за на рамото и паѓа по линијата на десната рака. Делот може да се отстрани, па фустанот останува целосно обичен од напред, додека одзади се гледа дека има уште една декорација.

За да ги види јасно сите детали, Ума ја врзала својата руса коса и се одлучила за златен накит и златна чанта.

За миг ѝ се видоа сандалите, исто така во златна боја.

Што се однесува до неа, дали нараквиците се вратија во стил или можеби никогаш не излегоа?

Турман обично претпочита сина боја, веројатно затоа што ѝ одговара на очите, па не е чудно што тоа беше нејзин избор во неколку наврати за големи фестивали како во Кан.

Италија активира воен авион за да спаси бебе во Британија

Италијанската влада испрати медицински тим со воен авион да го собере новороденчето од болницата во Бристол и да го донесе на лекување во Италија.

Необичниот потег дојде откако родителите на момчето изјавија дека лекарите во Британија не можат ништо да направат за нивното дете.

Бебето, кое има неполн месец, имало сериозно оштетување на срцето и итно е пренесено во Италија на понатамошно лекување. SkyNews наведува дека родителите се по потекло од Италија и Нигерија, но живеат во Британија.

Италијанската влада објави дека „детето има многу сериозни срцеви малформации“ и дека интервенирале затоа што Кралската детска болница во Бристол повеќе не можела да направи ништо за момчето.

Италијанскиот адвокат и поранешен сенатор Симоне Пилон рече дека болницата била на работ на правна постапка со родителите поради прекинот на лекувањето, но тоа било прекинато пред да започне сослушувањето во Високиот суд, во корист на соработката со италијанската влада.

Пилон, кој претходно интервенираше за да им помогне и на другите родители да ги однесат своите деца на лекување во Италија, го нарече ова значаен случај во педијатриската грижа.

Тој рече дека со тоа се отвора патот на децата да им се понуди лекување во странство, без родителите да бидат изведени на суд.

„Верувам дека ако најдеме начин да соработуваме во најдобар интерес на децата, сите ќе победиме - нема губитници“, рече тој.

Пилон им се заблагодари на болницата и на британските лекари и во негово име и во име на семејството на момчето.

Од болницата во Бристол соопштија дека соработувале со детската болница Бамбино Гесу за да се обезбеди безбедно префрлање на бебето во Рим.

Електричниот Lotus Evija X го направи третиот најбрз круг на Нирбургринг (ВИДЕО)

Lotus Evija X, мошне модифициран и уникатен електричен хиперавтомобил, го помина германскиот Нирбургринг за само 6 минути и 24.047 секунди, а Lotus верува дека тоа може да го направи уште побрзо.

Овој пат го прави третото најбрзо возило досега што ја покривало патеката, зад само наменските тркачки автомобили.

Lotus објави многу малку технички информации за Evia X, кој е наведен како прототип во официјалната табела за рекорди во Нирбургринг.

Измените вклучуваат екстремни аеродинамични надградби и соголена внатрешност, фокусирана на перформанси.

Автомобилот наводно ги има истите батерии и електрични мотори како и патничката верзија, што значи 1500 kW/2039 КС и 1704 Nm вртежен момент.

Единствените автомобили побрзи од Evia X се Volkswagen ID.R (6:05.336 минути) и Porsche 919 Hybrid Evo (5:19.546 минути), и двата произведени од основата како тркачки автомобили.

Лотус верува дека Evija X може да постигне подобро време на Нирбургринг. Производителот известува дека возењето било забележано на влажен ден, па очекувањата биле мали. Сепак, кругот беше доволно добар, што Лотус сакаше да го сподели.

Во моментов не е јасно што планира производителот да направи следно со Evia X. Довербата на Lotus сугерира дека може да се обиде да ги подобри времињата на круговите или да се обиде да постави рекорди на кругови на различни патеки. Исто така, може да претвори уникатен автомобил во специјално издание.

притисни ентер