3Пентагон истражува хакерски напад на фрижидери- по супермаркетите во Франција, на удар се воени бази во САД
МакедонијаКовачевски до Хоџа: Колку од европскиот заем е реализиран во општините и кои се пеналите за доцнење?Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на собраниската седница упати три прашња до министерот за животна средина, Муамет Хоџа, укажувајќи на сериозни проблеми во областа на животната средина. Ковачевски обвини дека голем дел од проектите за подобрување на водната инфраструктура, финансирани преку заемите од Европската инвестициона банка, се уште не се реализирани, со ризик од казни и загуба на средства. Тој посочи и дека националната стратегија за управување со отпад за периодот 2024-2036 не е усвоена, регионалните системи не функционираат, а дивите и нестандардните депонии ги гушат градовите. Дополнително, загадувањето на воздухот останува сериозен проблем, а мерките за негово намалување и донесувањето на законот за климатска акција сè уште не се реализирани. Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Ковачевски: Унапредувањето на животната средина, вклучително квалитетот на воздухот, управувањето со водите и управувањето со отпадот, се едни од најважните теми во нашето општество, но и огромен предизвик за нашата држава, како на централно, така и на локално ниво. Овие теми со право постојано предизвикуваат револт кај граѓаните заради спорото темпо на имплементација на проектите за заштита на животната средина и заради нискиот квалитет на истата. Сите сме свесни дека Македонија, а особено големите градови, пред сè Скопје, но и Куманово, Тетово, Струмица и така натаму, се на врвот на најзагадените градови во светот. Оттука, моето прво прашање до министерот за животна средина и просторно планирање е поврзано со заемот од Европската инвестициона банка, наменет за подобрување на водната инфраструктура на општините, во висина од 50 милиони евра. Договорот за заем беше потпишан во ноември 2022 година, по што следуваше донесување на методологија за распределба на средствата во август 2023 година. На сите општини им се доделија рамномерно по 200.000 евра, или вкупно 16 милиони евра, а останатите средства до вкупниот износ се распределија пропорционално врз основа на бројот на населени места и бројот на население во истите. Ова беше направено првпат во Македонија за да ѝм се помага на руралните општини да добијат повеќе средства, земајќи ја во предвид нивната развиеност и потребите, и притоа не се гледаше на партиската припадност на општинските управи, со оглед на тоа дека средствата беа предвидени за сите, без исклучок. По донесувањето на методологијата и информативните состаноци со општините во сите региони, нареден чекор беше општините да достават проектна документација до министерството, по што следуваше процес на разгледување и одобрување на истите. Последниот чекор е министерството да пристапи кон подготовка на тендерска документација за објавување на јавни набавки за секој од проектите и нивна конечна реализација. Како и со многу други проекти, процесот на реализација на заемот се одвива со бавно темпо, при што голем дел од подготвените и одобрените проекти на општините не се објавуваат за реализација од страна на Министерството за животна средина. Овие средства се обезбедени за општините, наменети се за проекти за подобрување на водната инфраструктура, распределени согласно критериуми и методологија, не се распределени по партиски клуч и не се за хорти културно разубавување на општините, туку за исклучително значајното подобрување на водната инфраструктура во општините. Оттука, моето прво прашање е следново: три и пол години по одобрувањето на заемот од Европската инвестициона банка, колкав процент од заемот е реализиран? Зошто не се распишуваат јавни повици за веќе подготвените проекти и колку пенали за неискористените средства од заемот се плаќаат кон банката заради доцнењето? Денес, почитуван министре, нотирам уште една од слабостите на оваа Влада: Управувањето со отпад и спроведувањето на циркуларната економија. Во 2026 година, во време на поставени стандарди во оваа област, нашата држава сè уште нема донесено нова национална стратегија за управување со отпад. Тоа е недозволиво и е доказ за неажурноста да се обезбеди основна рамка за еколошка институционална одговорност. Регионалните системи за управување со отпад не функционираат. Општинските и комуналните претпријатија се непродуктивни, неефикасни и се во огромни долгови. И покрај значителната и континуирана финансиска помош од Европската унија, системот за регионално управување со отпад не е воспоставен и нема резултати. Тоа е јасен показател за хроничен недостаток на одговорност и посветеност од страна на локалните власти, но и за слабите меѓуинституционални односи и хаотичното донесување одлуки на централно ниво. Граѓаните во Скопје и Скопскиот регион се најдобрите сведоци за немањето идеја како ќе се решава сериозниот проблем со отпадот. Циркуларната економија, која требаше да биде двигател на модернизацијата, стагнира. Владата не ја ни спомнува како опција за решавање на проблемот со отпадот. Ограничената свест на засегнатите страни, недоволните финансиски средства и инфраструктурни пречки не се оправдуваат. Тие се последица на владиниот неуспех да инвестира, едуцира и мобилизира. Наместо да се гради систем за селекција, рециклирање и современ третман на отпад, земјата тоне во хаос од ѓубре и губи европски фондови. Но, ова не е само административна слабост. Ова е и закана за здравјето на граѓаните, бидејќи покрај економската, се соочуваме и со здравствена криза поради неспособноста за справување со загадувањето на животната средина. Сега сме април 2026 година и до крајот на годината не се завршени проектите, а знаеме дека не се ни почнати како што треба, Македонија ќе биде исправена пред можна обврска да враќа 20 милиони евра веќе потрошени средства до Европската унија. Ова е класичен пример за институционална негрижа. Во јануари 2023 година, Владата предводена од СДСМ обезбеди 55 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој, како и дополнителни грантови и поддршка: од Европската комисија дополнителни 22,5 милиони евра грант од механизмот за грант средства за Западен Балкан, 9 милиони евра грант од Швајцарски Секо и 1 милион евра грант , како и дополнителни континуирани средства од ИПА фондовите, со што започна проект со кој ќе се градат регионални центри за управување со отпад. Средствата беа и се предвидени за изградба и рехабилитација на регионални депонии, изградба на трансфер станици, набавка на опрема, затворање на нелегални депонии, еколошки безбедно и здраво отстранување на отпадот, како и селекција на отпадот. Овој инвестициски проект ги зголемува стапките на покривање на услугите за собирање отпад низ регионите и го минимизира дивото депонирање. Корисници се пет македонски региони: Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион. По скоро две години работа на оваа Влада, ситуацијата е следна: до денес не е усвоена националната стратегија за управување со отпад 2024-2036 година, иако е изготвена уште во јули 2024 година со одржани јавни расправи во септември истата година. Стратегијата ги дефинира чекорите што треба да се преземат како дел од постепеното воспоставување на системот за управување со отпад, вклучително и регионални центри, како и главните принципи за управување со отпадот и одржливо користење на природните ресурси. Не е распишана набавката за опрема за Полошкиот регион, не е завршена набавка на опрема за Источниот и Североисточниот регион и не е завршена изработка на нова физибилити студија за Југоисточниот и Вардарскиот регион, а во Пелагонискиот регион проектот се соочува со неусогласености кои предизвикуваат револт кај граѓаните. Наместо современи регионални депонии, имаме продолжување на агонијата со диви ѓубришта и нестандардни општински депонии. Градовите се гушат во отпад, а од Влада која ветуваше „година на промени“, граѓаните добија година на застој. Реализацијата доцни, изградбата ја нема, а обезбедените европски фондови се загрозени поради доцнењето и нефункционалноста. Моето второ прашање, министре, е следново: Зошто до денес не е усвоена националната стратегија за управување со отпад 2024-2036 година, иако е изготвена уште во јули 2024 година со одржани јавни расправи во септември 2024 година? Денес е април 2026 година, а крајниот рок за искористување на средствата за регионалните депонии е декември оваа година. Зошто доцни реализацијата на овие проекти во сите региони без исклучок и каков е вашиот план доколку Македонија биде принудена да врати 20 милиони евра на европските фондови поради нереализирани проекти? И последното прашање се однесува на квалитетот на воздухот и мерките за намалување на загадувањето. За ова не треба поширока елаборација, со оглед на тоа дека за осум месеци од денес, Скопје и другите наши поголеми градови повторно ќе бидат први на светските листи на најзагадени градови. Прашањето е кои мерки за намалување на загадувањето на воздухот се предвидени во буџетот на Владата за 2026 година? До каде е носењето на законот за климатска акција, кој беше ветување дека ќе биде донесен во 2025 година, и дали од заемот од Република Унгарија, наменет за општините, се реализираат проекти за намалување на загадувањето и кои се тие проекти, ако ги има?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЧовекојадец убил и изел 38 луѓе- го уапсиле во Уганда Наводен канибал обвинет за убиство и јадење на речиси 40 луѓе е уапсен во Уганда и може да се соочи со егзекуција!Во период од 15 години помеѓу 2010 и 2025 година, „злиот“ Муџуризи Мосес е осомничен за убиство и распарчување на 38 лица. Највисокиот полициски службеник на Уганда го опиша Мосес како најлошиот сериски убиец. Генералот Мухози Каинеругаба, началник на одбранбените сили на Уганда, изјави дека Мосес е најлошиот сериски убиец во историјата на земјата: „Со задоволство ги информирам нашите сограѓани дека безбедносните сили го уапсија злиот Муџуризи Мосес. Најлошиот сериски убиец и канибал во историјата на Уганда. Тој убил и изел 38 луѓе помеѓу 2010 и 2025 година во Масака, Ибанда и Каз. Ќе го судиме јавно и дефинитивно ќе го егзекутираме“, рече тој. 'Cannibal who killed and ate 38 people' is arrested in Uganda: Top cop vows 'we'll definitely execute him' https://t.co/1lmaYhEC5f — Daily Mail (@DailyMail) October 27, 2026 Според Метро, Мосес наводно нападнал цели семејства, провалувајќи во нивните домови и убивајќи ги. Весникот, повикувајќи се на локални истражители, објави дека Мојсеј дупчел дупки низ ѕидовите на домовите на своите жртви, а потоа ги сечел до смрт со мачета. Меѓу неговите жртви наводно бил и Стивен Мугамбе, пентекостален пастор. Тврдењата дека тој бил убиец и човекојадец првпат излегле на виделина кога жителите на Уганда контактирале со полицијата тврдејќи дека Мојсеј ги убил членовите на нивното семејство. Истражниот извештај што го доби Метро вели дека 35 лица биле убиени во слични напади во пошироката област Масака во јужна Уганда. Мојсеј наводно бил уапсен од властите неколку пати, но тој или избегал или бил ослободен под спорни околности. На 16 октомври, радио мрежа од Уганда објави дека осомничениот се соочува со обвиненија за убиство и трговија со луѓе откако една жена била убиена во Голема Масака на 28 септември. Жртвата била намамена во „ритуално убиство“ со ветување за врска, според истражителите. Уганданските власти сега истражуваат стари случаи на исчезнати лица, за да видат дали има некакви врски со Мојсеј. Неговото апсење привлече внимание кон неколку наводни убиства помеѓу 2010 и 2025 година.Тагови: човекојадец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
БизарноТригодишно дете ги надигра сите на теренот, а потоа интервенира полицијата (ВИДЕО) Тригодишно фудбалско чудо од дете и неговите родители од Винтер Парк, Флорида, станаа вирални .Тригодишно фудбалско чудо од дете и неговите родители од Винтер Парк, Флорида, станаа вирални откако беше објавено видео во кое семејството тврди дека им било кажано да „го напуштат теренот“ за време на натпреварот затоа што момчето „играло премногу добро“. Видеото, снимено во саботата, го прикажува младиот фудбалер од Невада како постигнува голови. Неговите родители, Мартасија и Дон, го бодрат, пред видеото да се префрли на нивниот разговор со службениците на полициската управа во Винтер Парк кои биле повикани на теренот. Полицијата објави видео „Ја повикаа полицијата за тригодишното дете затоа што беше премногу добро“, може да се слушне како Дон вели во видеото. „Ја повикаа полицијата за тригодишното дете затоа што ја држеше топката предолго“. Yahoo.com објави дека снимката од полициската камера покажува претставник од младинската фудбалска лига i9 Sports како им кажува на полицајците дека тој е „добар играч“, но дека „премногу ги турка противниците“. Тој тврдеше дека таткото и мајката на момчето „направиле сцена, расправајќи се со други родители“, откако тој се обидел да интервенира. Тој исто така рече дека родителите го нарекле „неук“ неколку недели претходно затоа што го извадил нивниот син од играта за, како што рече, другите деца да можат да играат. @nevadaney10 This is the full game no cut no edit where is the pushing ? ⚽️ ♬ original sound - Nevadaney10 Во повик на 911, снимен од полицијата во Винтер Парк, може да се слушне претставник на лигата како вели дека ситуацијата „не е навистина итна“, туку дека сака да пријави родител кој „се однесувал многу несоодветно и го нарушувал настанот“. Претставникот рече дека тој „го следел низ теренот и бил навредлив“. По инцидентот, i9 Sports ја исклучи Невада од лигата и ја врати таксата за есенска регистрација. „Ги молам спортските ѕвезди да…“ Виралното видео го привлече вниманието на Рејчел Грифин-Акурс, активистка и едукаторка за деца позната како г-ѓа Рејчел. Таа објави порака на Инстаграм во понеделник, повикувајќи ги „познатите фудбалери“ да ја поддржат Невада. Во објава, таа го осуди инцидентот. „Бесна сум! Ги молам спортските ѕвезди да му го дадат целото искуство и љубов што можат да ја добијат. @nevadaney10 Би сакале да го имаме во нашето шоу за да ги покаже неговите неверојатни вештини. Ми требаат луѓе од спортскиот свет да застанат покрај него“, напиша таа. View this post on Instagram A post shared by Ms Rachel (@msrachelforlittles) Во изјава за медиумите, i9 Sports изјави дека е „свесен за загриженоста покрената во врска со инцидентот во една од неговите локални програми на i9 Sports“ и дека ги сфаќа „многу сериозно“. „Почитта кон секое дете и семејство, како и нивната благосостојба, е од најголема важност за нас. Контактиравме со семејството и започнавме истрага за инцидентот, што вклучува разговор со сите вклучени. Додека се обидуваме да ги утврдиме околностите, нема да шпекулираме или да даваме непроверени информации. Благодарни сме на сите што ни ги посочија своите загрижености“, се вели во соопштението. „Семејството соработуваше со полицајците“ Полициската управа на Винтер Парк издаде посебна изјава во која го опишува начинот на кој се справил со спорот. Се вели дека бил контактиран од „претставник на лигата“ по „конфронтација меѓу службените лица на лигата и родителите на еден играч“. „Лигата го замоли семејството да си замине и понуди да ја врати членарината на лигата. Кратко откако пристигнаа полицајците, претставникот на лигата ги замоли да разговараат со семејството, бидејќи не сакаше дополнително да го поттикнува конфликтот. Семејството рече дека натпреварот завршил и дека тие си заминуваат“, се вели во соопштението. „Семејството соработуваше со полицајците. Не беа извршени апсења, на никој не му беше забрането во паркот и никој не беше принуден да го напушти паркот. Снимките од камерата што се носи на телото ја потврдуваат оваа информација“, се додава во соопштението. Мајката подоцна рече дека инцидентот „ја трауматизирал Невада“. Иако сака да продолжи да игра фудбал, „не сака да се врати на тоа место“, додаде таа. „Не мислам дека треба да размислува така, како да направил нешто погрешно кога имал само три години. Ми го крши срцето затоа што сега вели дека не сака да оди таму“, рече Мартазија.Тагови: дете полицајците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКрис Браун е осуден поради напад на продуцент- пејачот ја призна вината и ќе оди во затвор Американскиот Р&Б пејач Крис Браун беше осуден вчера, 26 октомври, во лондонски суд на осум месеци затвор за неговата улога во инцидент во ноќен клуб што се случил во февруари 2023 година. Во таа прилика, Крис Браун наводно повеќе пати го удрил музичкиот продуцент Абрахам Диау со тешко стаклено шише текила. Иако нема веднаш да оди во затвор, пресудата претставува нов правен удар за музичарот кој со години се соочува со контроверзии и судски постапки, објавува Ројтерс. Инцидентот се случил во клубот За потсетување, инцидентот се случил во февруари 2023 година, околу 3 часот наутро, на подиумот за танцување на приватниот клуб „Тејп“ во лондонската населба Мејфер. Снимките од безбедносните камери го покажуваат Крис Браун, заедно со неговиот пријател и вокален тренер Омолулу Акинлолу (40), како го напаѓаат продуцентот и го бркаат низ клубот. Браун беше осуден на осум месеци затвор, условно на една година, вчера во Крунскиот суд во Саутерк, откако се изјасни за виновен за насилниот инцидент во јули. На Акинлолу му беше изречена затворска казна од четири месеци, исто така условна од 12 месеци. И двајцата беа осудени да платат 1.500 фунти за судски трошоци. Обожавателите чекаа пред судницата Крис Браун беше пречекан со гласни извици пред судницата, а пејачот застана за да потпише автограм за обожавател и да му испрати бакнеж. Судијата Тони Баумгартнер му рече на Браун дека неговата успешна музичка кариера не му дава право на посебен третман. - Повторната употреба на стаклено шише на овој начин, особено кога е насочено кон главата, беше очигледно опасна. Постоеше ризик повредите да бидат многу посериозни од оние што на крајот се здобиле - рече судијата. Сепак, при одредувањето на казната, тој ги зеде предвид семејните обврски на Браун, како и доказите за неговата хуманитарна работа и финансиски придонеси. Пејачот претходно осуден за насилство За време на судењето, беше наведено дека Браун има претходни пресуди за две насилни кривични дела, од 2009 и 2013 година. Неговата одбрана ги опиша тие случаи како „кратки и изолирани“ инциденти извршени во младоста, за кои пејачот длабоко жали. Во 2009 година, Браун се изјасни за виновен за кривично дело напад откако физички ја нападнал својата тогашна девојка, пејачката Ријана, во Лос Анџелес, кратко пред доделувањето на Греми наградите. Беше осуден на пет години условна казна, 180 дена општествено корисна работа и една година советување за семејно насилство. Тој беше осуден и за полесно кривично дело напад по конфронтација пред хотелот V во Вашингтон, во октомври 2013 година. Според полицискиот извештај од тоа време, Браун изговорил хомофобична навреда, а потоа удрил маж кој се обидел да се придружи на фотосесијата со пејачката. Браун се здоби со слава како тинејџер во 2005 година, а неговите најпознати хитови се „Run It!“, „Loyal“ и „Under the Influence“. Тој има освоено две Греми награди за најдобар R&B албум. Првата ја освои во 2012 година за неговиот албум „F.A.M.E.“, а втората во 2025 година за издавањето „11:11 (Deluxe)“.Тагови: Крис Браун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12