Ковачевски - Борел: Преговорите со Македонија треба да почнат без дополнително одлагање

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел, одржаа заедничка прес-конференција .

Премиерот Ковачевски во своето обраќање пред медиумите истакна дека во време на голема нестабилност, која е резултат на воената агресија на Русија врз Украина, како никогаш досега се јавува потребата Европа да биде обединета, силна и целосно подготвена да ги одбрани демократските вредности на чии темели е изградена.

„Северна Македонија, како членка на НАТО и земја-кандидат уште од првите денови на конфликтот ја постави својата позиција во линија на своите сојузници од ЕУ, САД и НАТО. Силно ја осудивме воената агресија на Русија врз Украина и ги активиравме санкциите кон Руската Федерација", истакна претседателот на Владата на Македонија Ковачевски.

Тој додаде дека денес сме сведоци на воена агресија во која веќе премногу недолжни луѓе, меѓу кои и деца ги изгубија своите животи и кога над 2.5 милиони Украинци се веќе бегалци и ги напуштиле своите домови.

„Во овој контекст, Европската Унија и сите земји членки треба да делуваат стратешки и храбро и да повикаат на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија", рече на прес-конференцијата премиерот Ковачевски и потенцираше дека единствено Европа која е целосно обединета може да е силна Европа.

„Од исклучителна важност е Европската Унија и земјите членки максимално да се вклучат бидејќи проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан сега веќе е и стратешко и безбедносно прашање. Интеграцијата значи заедничка посветеност за изградба на силна, стабилна и обединета Европа, како дом на демократски и цивилизациски вредности и сили. Оставањето геостратегиска празнина во нашиот дел од Европа не е опција. Брзата интеграција на Македонија и регионот ќе обезбеди стабилност, но и развој на Европа. Потребни ни се предвидливи, веродостојни, засилени и забрзани процеси на интеграција во ЕУ", нагласи премиерот Ковачевски.

Ковачевски уште додаде дека Владата останува посветена на реформите и реформските процеси, врзани пред сѐ со владеењето на правото, борбата против корупцијата и демократското владеење, како и на работата за поскоро закрепнување од економската криза за којашто се очекува зајакната финансиска поддршка од Европската Унија, со што дополнително ќе се овозможи забрзана енергетската и дигиталната трансформација.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел, на прес-конференцијата истакна дека Македонија се покажа како одговорен член на меѓународната заедница во придружувањето на осудата на воената агресија на Украина.

Тој дополни дека Македонија и Западен Балкан останува во врвот на стратешките приоритети на ЕУ и дека тој и Европската Комисијата ќе направат сѐ што е неопходно членството на земјата во ЕУ да биде реалност колку што може поскоро.

Борел информираше дека Европската Комисија подготвува мерки од Европскиот инвестициски план за Западен Балкан за поддршка на енергетската диверзификација и намалување на зависноста, како соодветен одговор на економските последици со кои сите ние се соочуваме, а се предизвикани од војната.


Баришиќ пред трансфер во Трабзон

 Хрватскиот фудбалер Борна Баришиќ на лето би можел да ги засили редовите на турски прволигаш Трабзонспор во чиј редови настапува македонскиот капитен Енис Барди.

Договорот на хрватскиот репрезентативец од редовите на Глазгов Ренџерс истекува на лето, а се погласни се шпекулациите дека ќе ја смени средината.

Според италијанскиот инсајдер Лоренцо Лепоре, во летниот преоден рок Баришиќ ќе се пресели во Турција, а со него во турскиот клуб би заминал и Џон Лундстрам.

Николоски: Прилеп секоја година од владата ќе добива околу 8 милиони евра

Прилеп секоја година од владата ќе добива околу 8 милиони евра со кои ќе се решат многу инфраструктурните проекти во општината.

Денеска сме тука заедно со прилепчани на еден исклучително убав хепенинг кој ретко се гледа во цела држава и навистина сакам да честитам на општината и на сите кои го организираат.

Се наоѓаме на Могилата на непобедените, многу симболично место, место кое актуелната власт на заминување на СДСМ и ДУИ би сакала да го заборави, да го избрише затоа што го потпишаа срамниот француски предлог со кој ја бришат македонската историја и македонската култура и засебност. Но, ова не може да се избрише и жртвите кои паднале за слобода во Втората светска војна секако не можат да се избришат.

Во следниот период очекуваме уште поголема мобилизација и уште поголема победа на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори на 8 мај.

Очекуваме најмногу гласови за ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 4 и најмногу пратеници кои ќе овозможат стабилна влада, влада во која нема да бидат дел ни еден од двата партнери во актуелната влада, ни СДСМ ни ДУИ со цел да можеме да ги реализираме проектите кои ги ветуваме, а за Прилеп се бројни.

Во делот на инфраструктурата ветуваме завршување во трите фази на експресниот пат Прилеп-Градско до крај на 2026 година, понатаму до крај на мандатот изградба на обиколница околу Прилеп, изградба на автопатско решение Прилеп-Битола граница со Грција. Планираме заживување на железничката пруга помеѓу Прилеп и Битола да се спојат практично двата града преку една брза линија, а понатаму да има редовна линија и помеѓу Прилеп, Битола и Солун со целосна реконструкција на железничката линија. Секако тука е и поддршката за решавање на инфраструктурните проекти во рамки на општината преку средствата кои ќе ги добива општина Прилеп секоја година и кои ќе бидат околу 8 милиони евра годишно. Тука се проектите за пензионерите, зголемување на пензијата за околу 5 илјади денари уште во првата година. Проектите за најмладите каде ќе има директен поврат на средства за родено прво дете некаде околу 30 до 40 илјади денари, за родено второ дете и до 100 илјади денари и за родено трето дете поврат на персонален данок додека детето не наполни 18 години што значи уште една плата да влегува во семејствата. Тука е и проектот купи или изгради куќа каде до половина од трошоците ќе ги покрива државата. И бројни други проекти за што ни е потребна стабилна влада, влада која ќе го штити македонскиот национален интерес, ќе ја враќа македонската национална гордост, ќе воведува функционална правна држава и ќе се бори силно со организираниот криминал и корупција.

Александар Николоски, носител на изборна единица 4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Али Ахмети од Струга: На 8 мај да ја запечатиме победата на Европскиот фронт

Денес пред стружани се обрати  претседателот на ДУИ, Али Ахмети со своите соработници, кој им се заблагодари на сите за поддршката, барајќи на 8 мај да биде запечатена големата победа за да се придвижи државата напред.

"Денеска дојдов со една цел, да ви се заблагодарам за големата поддршка овде во Струга, за тековната мисија. Механизмот што ги распостранува содржајните зраци на платформите се челниците на штабовите, мобилизирачката гарда за да се продре до целта. Платформата "Да за Европа, Не за Русија" беше наша, опозицијата сакаше само уништување на ДУИ, ги разбирам и двете затоа што им удри сонцето, но народот одлучува дали ДУИ ќе се уништи или не, 24 април го докажа тоа и потврди дека ДУИ не се распаѓа, но сега оваа ДУИ работи и делува, и со неа има уште 8 субјекти и овој Фронт на 24 април се соочи со опозицијата "ВРЕДИ", а на 8 мај се соочуваме и со ВМРО. Нашата мисија продолжува, сакаме земјата да биде полноправна членка на ЕУ, бидејќи немаме друга алтернатива, на земјата и треба повеќе мир, безбедност, стабилност бидејќи недалеку од нас има големи војни и Европа е загрижена и покрена мобилизација на воената технологија. На 8 мај мора да победи субјектот чија мисија е членството на земјата во ЕУ, бидејќи успешно го завршивме членството во НАТО, од кое корист имаат сите граѓани", рече Ахмети.

Ние не сме себични како политичка партија, ние сме за општиот интерес заедно со другите етникуми, бидејќи од нас се бара да бидеме заедно за да направиме некои промени кои државата ги бара за да оди напред, вака истакна кандидатот за пратеник, Муса Џафери кој додаде: Во 2014 година ветивме дека земјата ќе стане членка на НАТО, сега е членка, а денес ветуваме дека во следниот мандат земјата ќе стане полноправна членка на ЕУ.

Јетон Шаќири како координатор на зоната им се заблагодари на претседателите на штабовите и на сите активисти и соработници кои беа активни на денот на изборите и пред претседателот на ДУИ Али Ахмети гарантираше дека на 8 мај ќе бидат поуспешни отколку на 24 април.

Во меѓувреме, кандидатите за пратеници Арјета Ала, Атиџе Ајро и Мухамед Халили истакнаа дека Европскиот фронт пред се претставува предизвик, посветеност и обврска и дека изборната единица број 5 заслужува повеќе за достоинствено претставување, а 8 мај ќе ја запечати големата победа.

притисни ентер