ТехнологијаКостум од СФ филм е инспирација за новите скафандери- претвораат урина во вода за пиење (ФОТО)Инспирирани од заштитните одела од серијата на научно-фантастични филмови „Дина“, научниците дизајнирале вселенско одело што ја собира урината, ја прочистува и ја претвора во вода за пиење за само пет минути.Креаторите на вселенскиот костум се надеваат дека тој ќе биде во употреба до крајот на деценијата во програмата Артемис на американската вселенска агенција НАСА. - Дизајнот е таков што имаме надворешен вакуумски катетер кој води до комбинирана единица за осмоза, која овозможува континуирано снабдување со вода за пиење со користење на неколку заштитни механизми кои обезбедуваат благосостојба на астронаутите - рече Софија Етлин, истражувач во Универзитетот Корнел и ко-дизајнер на скафандерот, за Гардијан. HATURNING URINE INTO WATER IN SPACE: A SCI-FI COME TO REALITY! A spacesuit modelled like Dune that would let astronauts to recycle their pee into potable water is being developed by Cornell University researchers. Long spacewalks could become more acceptable with the new suit,… pic.twitter.com/in1BLGAd0x — DailyNoah.com (@DailyNoahNews) July 12, 2024 НАСА се подготвува за мисијата Артемида III во 2026 година и слетување луѓе на лунарниот јужен пол, а има амбиции да испрати астронаути на Марс во следната деценија. Урината и потта рутински се рециклираат на Меѓународната вселенска станица, но Етлин вели дека е потребен сличен систем кога астронаутите се на експедиции. - Астронаутите моментално имаат само литар вода во скафандерите. Ова не е доволно за подолги прошетки на површината на Месечината, кои би можеле да траат од 10, па дури и до 24 часа во случај на потреба - рече Етлин. Детали за тоа се објавени во студија во списанието Frontiers in Space Technologies. Дејството на филмот Дина, заснован на истоимениот култен роман на Френк Херберт, се одвива на планетата Аракис (која порано беше позната како Дина), каде што живеат Фремен или Фримен. Поради живеењето на песочна планета, тие развиле специјални одела кои речиси целосно го спречуваат губењето на течноста од телото, а урината и потта се собираат, прочистуваат и се претвораат во вода за пиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
СветЗеленски: Доцнењето на американските ракети „Патриот“ чини животиУкраинскиот претседател Зеленски изрази незадоволство од САД поради доцнењето на испораките на ракети „Патриот“, нагласувајќи дека тоа чини човечки животи.Во интервју за Би-Би-Си тој оцени дека Вашингтон не врши доволен притисок врз Русија за постигнување мир.Зеленски ја критикуваше и изјавата на Доналд Трамп, кој го нарекува Путин свој пријател.Тој нагласи дека рускиот претседател е агресор и дека не може да биде пријател. Според него последните мировни преговори во Абу Даби не донесоа напредок, а нови разговори се очекуваат во декември.Рече дека Украина се соочува со сериозен недостиг од ракети за пресретнување на руските балистички проектили.Зеленски изрази разочарување што САД поголемо внимание посветуваат на Блискиот Исток.Тој предупреди и на проблемите со системите „Стар-Линк“ и „Стар-Шилд“, кои влијаат врз украинските беспилотни летала.Во пресрет на тешката зима, руските напади врз енергетската инфраструктура предизвикуваат прекини на струјата.Зеленски порача дека Украина ќе го брани Киев по секоја цена, бидејќи како што рече без главен град нема држава.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
КошаркаИзненадување во Градскиот парк-Кипар подобар од МакедонијаМакедонската сениорска репрезентација го претрпе првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Европското првенство 2029 година.Во салата „Лазар Лечиќ“, Кипар одигра квалитетен натпревар, ја искористи послабата одбранбена реакција на нашиот национален тим во завршницата и забележа победа МАКЕДОНИЈА – КИПАР 75:85 Избраниците на Жозеп Марија Берокал не успеаја да ја наметнат посакуваната контрола врз играта. Иако Македонија имаше свои добри периоди, гостите покажаа поголема сигурност во клучните моменти и заслужено стигнаа до триумфот. Ненад Димитријевиќ беше најефикасен во македонскиот состав со 30 поени и шест асистенции, додека Стојан Ѓуроски постигна 11 поени. Кај гостите се истакна Филипос Тигкас со 25 поени. По победата над Австрија во првото коло, Македонија го запиша првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Евробаскетот 2029. Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, не го криеше разочарувањето по поразот од Кипар (75:85). Шпанскиот стратег посочи на големиот пад во играта во последната четвртина, зголемениот број грешки и непочитувањето на основните кошаркарски принципи како клучни причини за негативниот резултат. Сепак, повика на заедништво, извлекување поуки и подготовка за февруарскиот прозорец, во кој Македонија ќе има уште две можности да ја оствари целта. „Мечот го започнавме на неочекуван начин. Имавме израмнети четвртини, одбраната се подобри во третиот период, но во последните десет минути покажавме една друга игра. Се зголемија грешките, промашувавме, но мора да научиме од овој пораз, да бидеме заедно. Овој меч не беше како што го посакувавме, но во февруари имаме уште две шанси да си ја завршиме задачата“, истакна Берокал. Селекторот особено го потенцираше непочитувањето на основните кошаркарски правила, кои според него мора да бидат присутни без оглед на противникот и важноста на натпреварот. „Мора да ги почитуваме сите репрезентации и да ја почитуваме кошарката. Едноставните правила од кошарката. Денес не го правевме тоа, не почитувавме да вадиме топка надвор, играта еден на еден, да не губиме топки, протокот на топка... А Кипар одигра добар меч. Тажен сум, но ќе мислиме на следниот прозорец и мечевите кои ни следат“, објасни селекторот. Берокал направи разлика меѓу промашените шутеви, кои се составен дел од играта, и грешките што се резултат на недоволна концентрација и контрола врз сопствените постапки. „Да промашиш шутеви можам да разберам, но другите нешта кои се во твои раце и не ги контролираш, тоа не го разбирам. Шутот за три можеби е и клучен на крајот, но готово е сега. Мора да останеме оптимисти, да размислуваме за натпреварите и да се подготвиме за она што ни следи“, порача Берокал. Македонија го завршува овој ноемвриски прозорец со победа над Австрија и пораз од Кипар. Следниот предизвик е февруарскиот циклус, во кој националниот тим ќе мора да покаже поинакво лице и да ја продолжи борбата за пласман на Евробаскетот 2029.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче ПетровВработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата. Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од обвинителството очекува да отвори постапка. Градоначалникот оцени дека случајот е показател за, како што вели, долгогодишното системско уништување на градот. „Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, наведе тој. Ѓорѓиевски не соопшти колку вработени биле затекнати, за колкаво количество нафта станува збор, ниту дали некој е лишен од слобода. Детали за случајот се очекуваат од министерството за внатрешни работи.Тагови: ЈСП Скопје Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39