Костова: Итна исплата на платите на сите вработени во јавниот сектор - Канал 5

Костова: Итна исплата на платите на сите вработени во јавниот сектор

Неспособноста на Владата предводена од ДПМНЕ е на виделина.

Костова: Итна исплата на платите на сите вработени во јавниот сектор

Илјадници вработени во јавниот сектор, во Култура, во Министерството за економија, Центрите за социјална работа, Пазарниот инспекторат, Трудовиот инспекторат, власта ги остави без плати, со недели после законскиот рок за исплата на плати.

Ова не е административен пропуст, ова е неспособност. Но ова е и директно кршење на законските права на работниците и понижување на нивното достоинство за што треба да има одговорност.

Ја повикуваме трудовата инспекција сега да направи надзор во Министерството за економија и труд, како што поднесуват кривични пријави за други работодавци за неисплатени плати да поднесат и за министерот.

Ете до каде не доведе власта на ДПМНЕ денес. Во Македонија веќе не се зборува за економски развој, не се зборува за поголеми плати туку за тоа дали Владата воопшто ќе успее да исплати плати.

Додека функционерите на ДПМНЕ уживаат во луксузи со папаја и манго, работниците се оставени без плати, без основна егзистенција.

Тотална незаинтересираност на власта за граѓаните, за вработенте, за македонскиот работник.

Дополнително, власта го одложува и процесот на усогласување на платите и не ги почитува колективните договори во голем дел од институциите.

Околу 60.000 вработени во јавниот сектор требаше да добијат зголемена мартовска плата за 12.6%, согласно Општиот коелктивен договор.

Додека цените и сметките секојдневно растат, власта одбива одбива да ги покачи платите во различни сектори, одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра.

Десет месеци што беа доволни да излезе на површина неспособноста, неодговорноста и целосната незаинтересираност на оваа Влада за животниот стандард на граѓаните.

Последните податоци покажувата дека за да се покрие синдикалната минимална кошничка, потребни се речиси три минимални плати.

Семејство со минимална плата не може да си дозволи ни храна, ни лекови, ни сметки. Тоа не е живот – тоа е борба за преживување.

СДСМ бара:

Итна исплата на платите на сите вработени во јавниот сектор.

Одговорност за доцнењето и непочитувањето на законските обврски.

Да се обезбеди раст на минималната и просечната плата, во чекор со растот на трошоците за живот.

Работниците не се статистика – тие се столб на општеството и мора да бидат почитувани.

Прес конференија на СДСМ, Кристина Костова - потпретседателка СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседaтелката Сиљановска Давкова утре ќе учествува на надзорната расправа за „Алта банка“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе присуствува на надзорната расправа посветена на „Алта Банка“. 

Претседaтелката Сиљановска Давкова утре ќе учествува на надзорната расправа за „Алта банка“

Како што потврдија од нејзиниот кабинет за Канал 5, нејзината агенда била прилагодена да може да биде присутна на расправата, која почнува во 11 часот во Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се посвети на активностите за состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони в петок, а чиј домаќин е таа. Денеска од СДСМ ја прозваа Сиљановска дека по втор пат не одговорила на поканата за присуство на надзорната расправа.

На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте со предупредување: Подгответе се за војна

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повикува земјите-членки да ги подготват не само своите вооружени сили, туку и нивното цивилно население за евентуална војна!

Руте со предупредување: Подгответе се за војна

Според него, подготвеноста бара соработка меѓу компаниите, државните институции, локалните заедници и граѓаните, објави Илталехти.

Руте зборуваше за ова прашање на состанокот на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин. Покрај Финска, тој ги наведе Норвешка, Шведска и Данска како примери, кои, според него, се пред другите земји во однос на подготвеноста.

„Можеме да учиме од најдобрите примери во НАТО, а мислам дека тоа се сè уште Норвешка, Шведска, Данска и Финска.“

Руте повика граѓаните да бидат јасно информирани за тоа како да дејствуваат во случај на војна, како и да се подобри соработката меѓу полицијата, службите за итна медицинска помош и службите за спасување со вооружените сили.

Руската закана сè уште постои

Руте, исто така, предупреди дека заканата што ја претставува Русија нема да исчезне дури и ако заврши војната во Украина. Според него, руската воена индустрија работи со полн капацитет, а воената економија на земјата продолжува да расте.

Руте, исто така, се осврна на непријателските активности насочени против земјите од НАТО. Тој, меѓу другото, спомена палење фабрики, саботажи на железници и аеродроми, напади врз бродови и сајбер напади.

Тој, исто така, особено го истакна падот на руските ракети на полска територија и упадите во поморските простори на Романија и Бугарија.

Генералниот секретар, исто така, повика на зголемување на производството на оружје. Според него, земјите од НАТО би можеле да произведат околу четири милиони артилериски гранати следната година, што е речиси двојно повеќе во споредба со 2025 година.

Производството треба да се зголеми и кога станува збор за системи за воздушна одбрана, беспилотни летала и средства за нивно неутрализирање, како и прецизно оружје со долг дострел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кошаркар во инвалидска количка е обвинет за 11 случаи на силување- се соочува со доживотен затвор

Ли Фрајер (26), член на британскиот тим кој освои сребро на Параолимписките игри во 2024 година, се појави на суд за серија напади врз истата жена во период од пет години.

Кошаркар во инвалидска количка е обвинет за 11 случаи на силување- се соочува со доживотен затвор

Спортистот од Јоркшир, Англија, кој неодамна стана татко, е обвинет и за воајеризам, намерно давење, напад и контролирачко и принудно однесување во врска, објавува „Њујорк пост“.

Фрајер, кој ги загуби обете нозе, првпат беше уапсен во јули, по што беше суспендиран од британскиот кошаркарски тим во инвалидски колички. Подоцна беше обвинет и за поседување кокаин и попречување на правдата.

Обвиненијата за силување се однесуваат на наводни напади што се случиле во Шпанија, Јужна Африка и во неговиот дом во Англија. Првиот инцидент датира од мај 2021 година, додека најновиот наводен напад се случил оваа година.

Доколку биде осуден, Фрајер се соочува со доживотна казна затвор.

„Свесни сме за кривичните обвиненија против Ли Фрајер и ја признаваме сериозноста на обвинувањата. По неговото апсење, тој е суспендиран од тимот на Велика Британија и од сите активности на Британската кошарка во инвалидски колички, во исчекување на завршувањето на независна истрага. Со оглед на тоа што судските постапки се во тек, не би било соодветно да се даваат дополнителни коментари во овој момент“, се вели во соопштението на Британската кошаркарска федерација. Фрајер, кој стана татко во февруари, се изјасни за невин по сите обвиненија освен за воајеризам, за што не се изјасни, објавува Би-Би-Си.

Неговото судење е закажано за 22 март следната година, а тој ќе остане во притвор дотогаш. Тој се појави на суд само две години откако го имаше своето параолимписко деби како член на британскиот тим за кошарка во инвалидски колички. Тимот на Велика Британија го постигна својот најдобар резултат во последните 28 години во 2024 година. Во финалето за златниот медал, Британците загубија од Соединетите Американски Држави со 73:69.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер