Костофски од албанската ЦИК побара едукација на македонски јазик - Канал 5

Костофски од албанската ЦИК побара едукација на македонски јазик

Костофски од албанската ЦИК побара едукација на македонски јазик и во областите каде што живеат поголем број Македонци.

Костофски од албанската ЦИК побара едукација на македонски јазик

Претставничката на македонската заедница во Албанија, во Комитетот за национални малцинства, Марјана Костофски, побара од Централната изборна комисија (ЦИК) едукација за локалните избори да има на нивниот мајчин јазик за Македонците каде што нивната концентрација е поголема.

-На средбата што ја имавме, како претставници на Комитетот, со претседателот на Централната изборна комисија, Илиријан Целибаши, ја поздравив одлуката на комисијата да биде испечатен едукативен изборен материјал, на јазиците на малцинствата, вклучително и на македонското. При тоа побарав едукација да има и за Македонците во другите области, Голо Брдо, Гора, како и градовите каде концентрацијата е поголема, рече Колефски за МИА.

Исто така, ја поздравила и итната корекција од страна на комисијата во едукативен постер каде македонската заедница во Албанија беше именувана како „национално малцинство на Македонија“. По забелешките на нас Македонците, додава таа, веднаш беше извршена корекција и сега стои терминот „македонско национално малцинство“, како што официјално се признава во Албанија.

Како што ЦИК објави на официјалната страна, Целибаши со претставниците на малцинствата разговарал за „изнаоѓање најдобри средства и начини за информирање и едукација на малцинствата на нивниот мајчин јазик за изборните прашања“.

-ЦИК целосно го признава и почитува ова нивно основно право. Степенот на демократија во една земја и степенот на развој на едно општество во голема мера се детерминирани од тоа како таа земја и тоа општество се однесува кон малцинствата, рекол тој.

За средбата, која минала во пријатна и конструктивна атмосфера, според Костофски, од име на комитетот, се заблагодарил потпретседателот Сеад Казанџиу, кој е претставник на ромското национално малцинство.

ЦИК за локалните избори што ќе се одржат на 14 мај, за првпат во историјата на изборните процеси во Албанија, одобри посебна програма за информирање и подигање на свеста на гласачите-припадници на националните малцинство во Република Албанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер