МакедонијаКостадиновски: Уставниот суд да стави клуч на врата ако одлуките терба да се носиме со Бадентер Граѓаните да заборават на правната држава а Уставниот суд да стави клуч на врата ако одлуките треба да се носат со Бадентерово мнозинство. Вака претседателот на Уставен Дарко Костадиновски го искоментира еден од условите кои ги постави лидерот на ДУИ Али Ахмети за интегративците да влезат во било која идна македонска Влада. Според Костадиновски овој механизмот е корисен само политичките органи како Собранието. -Ако тоа се случи, во истиот момент граѓаните можат да заборават на правната држава, во истиот момент можат слободно да стават клуч и да ја затворат оваа институција. Бадентерот е корисен механизам за општества како нашето, но во политичките органи. Таков орган е Собранието. Но Уставен суд да се сведе етнички аргументи да бидат пресудни нема потреба од ваква институција. – Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд Костадиновски денеска одржа годишна прес конференција на која се осврна за сработеното на судот годинава. По како што рече чудниот сплет на околности кога беше на два пати одложена подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, најави дека најверојатно ќе се одржи во јануари. Судијата известител побарал уште еден месец продолжување на рокот за подготовка на рефератот и ќе го стави на седница. -Моите очекувања се дека во текот на јануари јас ќе го добијам како претседател, што го добијам на работен состанок ќе го предложам прашањето дали ќе продолжиме со подготвителна седница. Јас лично ќе се залагам. Но дека тој предмет ќе биде решен следната година, ќе биде решен. И повторно, никој да не гледа никаква опасност, нити даваме нити земаме, правиме усогласувања на одредби од законот со Уставот. – Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд Во услови на притисоци и влијанија, Уставен суд остана на висина на задачата, професионално, независно и пристрасно, рече Костадиновски. Годинава судот оформил 306 предмети, од кои 271 се иницијативи и барања поднесени од граѓани, 7 од политички партии, 8 од државни институции, 3 од општини, а 2 предмета се по сопствена иницијатива. Уставен суд веќе се соочува со проблеми при одлучувањето и затоа Костадиновски упати пораки до Судскиот совет и Собранието – во најбрзо време да изберат уставни судии за двете испразнети места годинава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook