Костадиновска-Стојчевска:Со претседателот Ван дер Белен се согласивме, изложба на МСУ во Виена

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, кој е во официјална посета на Македонија, ја посетија Старата скопска чаршија.

За време на кратката прошетка, австрискиот претседател имаше можност да се запознае со повеќе сегменти од историското минато и со културно-историските споменици градени низ вековите околу овој потег на градот.

Костадиновска-Стојчевска и Ван дер Белен ја посетија и Мурат-пашината џамија, како и Капан ан, а претседателот на Австрија се запозна и со родното место на Мајка Тереза и со придонесот на нашата држава во негувањето на универзалните хумани вредности за кои се залагаше оваа светица. Делегацијата беше информирана и за историјата на Камениот мост, а го посети и Даут-пашиниот амам, каде што се запозна со дел од македонската современа уметност.

Костадиновска-Стојчевска го информираше австрискиот претседател дека во престижниот простор Кунстхале во Виена (кој е дел од „Музеум Квартиер“), еден од најголемите европски културни центри, на 20 април ќе биде отворена изложба со дела од вредната колекција на Музејот на современата уметност од Скопје.

„Оваа изложба, која е работена во соработка со престижниот виенски музеј и со светски познати куратори, дава нова светлина во соработката во областа на културата помеѓу двете земји, кои традиционално одржуваат добри односи, и е патоказ кој нуди нови можности за натамошната соработка, користејќи ги современите движења“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа упати покана, претседателот на Австрија со своите соработници да присуствува на свеченото отворање на оваа изложба, која е резултат на соработката меѓу уметничките институции на Македонија и на Австрија, соопшти Министерството за култура.

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер